3Видео: Аргентинците донесоа 500 кг. месо на Светското првенство, Лаутаро и Мартинез главни „скараџии“
ФормулаФетел на чело по првиот тренинг пред трката во „СПА"Себастијан Фетел се врати како најбрз во првиот тренинг по летниот одмор во Формула 1. Пилотот на Ферари запиша 1:44.358 со гуми „софт“ и заврши една десетина пред вториот Макс Верстапен со Ред Бул. Луис Хамилтон, Кими Раиконен и Валтери Ботас заостанаа за три десетини од Германецот. Даниел Рикардо ги затвори топ шест, завршувајќи над секунда побавно од лидерите, но тој успеа да направи само два најбрзи круга, бидејќи имаше проблем со моторот на Рено. И двајцата пилоти на новиот стар тим Рејсинг Поинт Форс Индија - Естебан Окон и Серхио Перез завршија во топ 10, додека Ландо Норис со Мекларен остана само 18-ти во дебито на официјалните тренинзи во Ф1. Кратко по почетокот на тренингот, излегоа информации дека Мерцедес користел нова спецификација на моторот во своите два автомобила. Хамилтон има нов мотор, турбо и МГУ-Х. Неговиот тимски колега, Валтери Ботас, доби сосема нов мотор, па така ќе биде казнет за трката во недела. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканЗемјотрес во БиХЗемјотрес со магнитуда од 3,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово, 30 јуни, во 6:18 часот во близина на Зеница, Босна и Херцеговина.Според податоците на EMSC, епицентарот бил на 11 км од Зеница, на длабочина од седум километри. Ова се класифицира како плиток земјотрес, кој, и покрај помалата магнитуда, може да се почувствува на пошироко подрачје. Сè уште нема информации за материјална штета.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПостои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски08:54Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00Регистриран земјотрес во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар08:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски08:54
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59
НБАЏа Морант трејдуван во ПортландЕдна од најголемите размени летово во НБА е официјализирана. Џа Морант повеќе не е член на Мемфис Гризлис, туку ќе ја продолжи својата кариера во Портланд Треил Блејзерс. Во спротивна насока, заминуваат Џерами Грант и Крис Мареј, со што завршува седумгодишната ера на Морант во Мемфис. Морант беше избран како втор избор на НБА драфтот во 2019 година и брзо се етаблираше како еден од најатрактивните бекови во лигата. Тој ја освои наградата за дебитант на годината во својата прва сезона, додека две години подоцна беше прогласен за играч со најголем напредок. Многумина го гледаа како идното лице на НБА, но следеа бројни проблеми. Сериозни повреди, вклучувајќи ја и најновата поради која играше само 20 натпревари минатата сезона, го забавија неговиот развој. Покрај тоа, неколку инциденти надвор од теренот резултираа со суспензии и му го нарушија односот со раководството на Мемфис.Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Други спортовиМакедонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светотМакедонската репрезентативка, членка на Велосипедскиот клуб Енерџи и актуелна државна шампионка во планински велосипедизам, Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам.Македонската репрезентативка, членка на Велосипедскиот клуб Енерџи и актуелна државна шампионка во планински велосипедизам, Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам откако утрово на најновата светска ранг-листа на УЦИ се искачи на 33. место во светот. До овој извонреден резултат Иванова стигна по успешните настапи на трите Светски купови од престижната HERO World Cup серија – Коста Бланка во Шпанија, Елба во Италија и Натурланд во Андора како и по трката во Кастро, Италија и одбраната на титулата државен првак во МТБ маратон. Настапот во Андора имаше особено значење, бидејќи токму таму Иванова обезбеди квалификација за претстојното Светско првенство во планински велосипедизам кое ќе се одржи во Италија. Овој резултат добива уште поголема тежина ако се земе предвид конкуренцијата од стотици рангирани натпреварувачки од сите континенти, како и фактот дека Иванова го носи досега највисокиот пласман за Македонија позиционирајќи се на првата страница на светската УЦИ ранг-листа. Следниот предизвик за Иванова е Европското првенство во Рамалес де ла Викторија, Шпанија, каде како македонска репрезентативка ќе се натпреварува со најдобрите европски велосипедистки на исклучително сериозна и техничка патека долга 75км со висинско искачување од 3000 метри.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter