Фетел го продолжи договорот со „Ред Бул“ - Канал 5

Фетел го продолжи договорот со „Ред Бул“

Трикратниот светски првак во Формула 1, германскиот возач Себастијан Фетел го продолжи договорот со тимот на „Ред Бул“ до крајот на 2015 година.

Фетел го продолжи договорот со „Ред Бул“
Со овој потег, како што објави МИА, демантирани се шпекулациите дека од 2014 година Германецот ќе премине во „Ферари“.

За време на својата три и пол годишна кариера возејќи за тимот на „Ред Бул“, Фетел има остварено 29 победи, 51 подиум и 39 пол-позиции.

Во седумте трки од тековната сезона Фетел има три победи и со 132 освоени бодови е лидер во Генералниот пласман пред Фернандо Алонсо кој има 96 и Кими Раиконен кој се наоѓа на третата позиција со 88 бода.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хамилтон не престанува да зборува за Ким: Не и е грижа за лошите коментари

Легендата на Формула 1, Луис Хамилтон повторно јавно проговори за својот однос со ријалити-ѕвездата Ким Кардашијан.

Хамилтон не престанува да зборува за Ким: Не и е грижа за лошите коментари

Ѕвездата на Формула 1, Луис Хамилтон, ја спомена својата девојка Ким Кардашијан додека им се обраќаше на фановите во Силверстоун пред Големата награда на Велика Британија во четврток, 2 јули.

Ова не е прв пат Хамилтон некако да ја искаже својата љубов кон Ким пред сите, истото го направи и во Монако.

Откако публиката аплаудираше, еден од возачите се пошегува и праша: „Дали е поради брзиот автомобил или поради новата девојка?“ Хамилтон се насмеа на тоа и одговори: „Да, добро прашање“. Потоа Хамилтон му се заблагодари на својот тим од Формула 1, а потоа ја спомена и својата девојка, со која медиумите го поврзуваат од февруари.

„Кога ќе поминете една година со овој тим, сфаќате дека Ферари сè уште е најлегендарниот тим на сите времиња, иако минуваше низ тежок период. Тоа е неверојатен тим и сите одлично ме прифатија. Првата година, се разбира, беше многу тешка, но сега конечно гледаме дека целиот вложен труд нè враќа таму каде што сакаме да бидеме.“

На крајот, со насмевка додаде: „И секако, секако, тука е Ким“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Венко Заев и Апасиев со синхронизирана блокада на Изборниот законик

Венко Заев и Апасиев со синхронизирана блокада на Изборниот законик, работат против правото на дијаспората да гласа поради страв од уште поголем пораз .

Манасиевски: Венко Заев и Апасиев со синхронизирана блокада на Изборниот законик

СДС и Левица, предводени од Венко Заев и Апасиев, настапуваат синхронизирано во обидот да го блокираат донесувањето на новиот Изборен законик. Со поднесување на десетици илјади амандмани тие го кочат законското решение кое со месеци беше усогласувано со учество на сите политички партии.

Стравот од уште поголем пораз на Венко Заев и СДС, ги притисна да се противат на електронско гласање на дијаспората, затоа што токму тие луѓе заминаа од државата поради нивното катастрофално раководење со Македонија. Свесни за исходот, одат против носење на нов Изборен законик.

Од друга страна пак, го имаме Апасиев и Левица на кои никогаш не им е доста од повеќе пари, па од кога ја исцедија сопствената партија, побараа повеќе пари за финансирање на кампњата, нешто што едногласно беше прифатено за новиот Изборен законик. Меѓутоа, глумецот Апасиев сака да се претстави како тврдокорен и тој договор што го прифатија позади завесата за нов Изборен законик, не му одговара пред завесата и не сака да го потпише договорот, за да се покаже пред своето мало гласачко тело како Робеспјер.

Очигледно е дека ниската доверба како и падот на рејтингот на СДС и Левица ги наведуваат на политички блокади наместо на конструктивна работа. Наместо да помогнат државата да ги исполни реформските цели и да го задржи темпото во користењето на средствата од Планот за раст, тие избираат конфронтација и опструкција.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи одговорно, транспарентно и во интерес на граѓаните. Наш приоритет останува спроведување на реформите, носење на квалитетни законски решенија и обезбедување на еднакво избирачко право за сите македонски граѓани, вклучително и за дијаспората.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожар во близина на Пробиштип, густ чад на патот Штип- Пробиштип го отежнува сообраќајот

Претпладнево во атарот на Општина Пробиштип на отворен простор избувна голем пожар кој веќе предизикува проблеми и во сообраќајот 

Пожар во близина на Пробиштип, густ чад на патот Штип- Пробиштип го отежнува сообраќајот

Густ чад се шири во околината и создава сериозни потешкотии во сообраќајот.

Големиот чад создал димна завеса над регионалниот пат Штип–Пробиштип, поради што видливоста е значително намалена, а возилата се движат со намалена брзина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер