ФормулаФетел доби трибина на Алберт парк во МелбурнДо почетокот на новата сезона во Формула 1 и Големата награда на Австралија остана уште само десет дена. Организаторите на трката во Мелбурн во чест на светскиот шампионот Себастијан Фетел одлучија една од новите трибини на патеката Алберт парк да го носи името на повеќекратниот шампион Германецот Фетел. Навивачите кои ќе се сместат на трибината „Фетел“ ќе имаат спектакуларен поглед на атрактивните кривини, три, четири и пет од Алберт парк. Организаторите на Големата награда на Австралија очекуваат спектакуларен старт на новата сезона во Формула еден и одлична трка во Мелбурн , бидејќи продажбата на влезници оди многу подобро од минатата година. Главните трибини се веќе распродадени, па токму поради тоа организаторите одлучија да изградат уште една трибини за навивачите која ја нарекоа по актуелниот шампион Себастијан Фетел.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАна Марјановиќ во „Вести плус“Почитувани, вечерва во Вести Плус гостува Ана Марјановиќ.Ќе има ли лек за доцнењето на терапијата на клиниката за онкологија? Што значи потврда на канцер за пациент по која патека продолжува во здравствениот систем? Дали има стратегија за скрининг програми? Со Ана Марјановиќ од хема онко Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалВидео: Средба Џеко - Тадиќ: Опаа како си се набилдал„Ал си се набилд’о“: Средбата меѓу Џеко и Тадиќ во Најмеген стана хит.НЕК Најмеген направи големо изненадување и се пласираше во последното коло од квалификациите за Лигата на шампионите, откако го победи Олимпијакос со 2:1 по продолженијата. Сепак, покрај драмата на теренот, вниманието на јавноста го привлече средбата меѓу пријателите Един Џеко и Душан Тадиќ. Edin Dzeko, Fenerbahçe'den takım arkadaşı Dusan Tadic'i izlemek için tribünde.. pic.twitter.com/Kz9tCG0wYz — Tek Yol FENER (@TekYolFener) August 11, 2026 Капитенот на БиХ, Џеко отпатува во Холандија за од трибините да му даде поддршка на својот голем пријател и поранешен соиграч од Фенербахче екс капитенот на Србија, Тадиќ. Нивната средба била снимена и набрзо стана вирална на социјалните мрежи. Двајцата пријатели се поздравија за време на претставувањето на играчите, а уште поемотивна средба уследи по натпреварот, кога Џеко слезе пред соблекувалната за да му честита на Тадиќ. „Имаш многу пари“, се пошегува Џеко. Тадиќ одговори: „Ни донесе среќа“. Набргу потоа им се придружи Емре Мор, поранешен соиграч од Фенербахче и херој на натпреварот, кој го постигна победничкиот гол за НЕК. Џеко и Тадиќ играа заедно во Фенербахче од 2023 до 2025 година, а нивното пријателство очигледно остана цврсто и по разделбата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПовеќе од 200 загинати во Колумбија, спасувачите сè уште не стигнале до епицентарот! Повеќе од 200 загинати во Колумбија, спасувачите сè уште не стигнале до епицентарот!ЕУ доделува помош од 2 милиони евра поради земјотресот, Фон дер Лајен се обрати на шпански.Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера објави дека ЕУ ѝ пружа поддршка на Колумбија, откако земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала однесе повеќе од 200 животи и уништи илјадници згради и куќи. „Додека продолжуваат операциите за пребарување и спасување, ЕУ ѝ пружа поддршка на Колумбија секаде каде што е тоа можно“, напиша Фон дер Лајен на социјалната мрежа „Икс“ (X). Таа изјави дека ЕУ става на располагање помош од два милиони евра за заедниците во најтешко погодените подрачја. – Откако Колумбија го активираше Механизмот за цивилна заштита, работиме на тоа помошта да одговара на потребите на терен. Ова е европска солидарност – заклучи Фон дер Лајен во соопштение на шпански јазик. Колумбија во понеделникот беше погодена од земјотрес во кој, според Си-Ен-Ен (CNN) и податоците на локалните власти, загинаа најмалку 200 луѓе, а спасувачките екипи сè уште не успеале да стигнат до епицентарот на земјотресот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter