Фетаи: Предлог-законот за соодветна и правична застапеност деновиве ќе биде испратен до Венецијанската комисија - Канал 5

Фетаи: Предлог-законот за соодветна и правична застапеност деновиве ќе биде испратен до Венецијанската комисија

 Вицепремиерот задолжен за политики за добро владеење Арбен Фетаи на денешната прес-конференција информира дека Предлог-законот за соодветна и правична застапеност уште не е пратен за мислење до Венецијанската комисија.

Фетаи: Предлог-законот за соодветна и правична застапеност деновиве ќе биде испратен до Венецијанската комисија

Се очекува, како што посочи, деновиве да биде испратен.

-Нацрт-законот до Венецијанската комисија деновиве ќе биде испратен и потоа чекаме нивен фидбек, што ќе даде меѓународен печат на овој Нацрт-закон, што е 100 проценти во склоп со Уставот, добрите европски практики. Во фаза на составување на Нацрт-законот ги консултиравме пријателските земји САД, некои европски држави кои имаат вакви практики кај нив на застапеност на разните етникуми во нивните држави. Уверени сме дека Венецијанската комисија ќе даде меѓународен печат на законот, рече Фетаи одговарајќи на новинарско прашање по претставување на сработеното во првата година од мандатот на новата Влада.

Уставниот суд вчера донесе Одлука со која укина делови од Методологијата за попис на населението од 2021 година, кои се однесуваат на категориите „резидентно“ и „нерезиденто“ население, кои беа воведени при последното пребројување на населението во државава.

Вицепремиерот Фетаи вели дека Предлог-законот за правична застапеност директно нема да биде засегнат од оваа Одлука на Уставен, бидејќи, како што рече, никаде во Уставот и законите не постои поделба на населението во резидентно и нерезидентно.

-Предлог-законот за соодветна застапеност директно не се засега од оваа одлука на Уставниот суд, бидејќи знаејќи дека поделбата на општото население во резидентни и нерезидентни не постои никаде во нашите закони, во Уставот. Се осигуравме оваа прашање да го оставиме отворено, да говориме само за резултатот на пописот бидејќи има предмет во Уставен суд и не може да се прејудицира резултатот на одлуката на Уставен суд. Прашањето на пресметка на соодветна и правична застапеност ќе се адресира со подзаконски акти, што е Методологијата за соодветна застапеност што ќе се усвои од Координативно тело што ќе се формира веднаш по усвојувањето на законот во Собрание, рече тој.

Фетаи нагласи дека вчерашната Одлука на Уставен суд била очекувана и посочи дека пописот од 2021 година бил неуставен и незаконски.

-Одлуката на Уставниот суд од вчера е очекувана одлука. Кога ДУИ во соработка со СДСМ одлучи Методологија за попис на население против духот на Уставот, категоријата нерезидентни оправдувајќи дека ЕВРОСТАТ барала такво нешто. Тие го прекршеа Уставот. ЕВРОСТАТ тогаш преку новинарско прашање демантираше такво нешто. Пописот како таков беше неуставен и незаконски. И вчерашната одлука го потврди тоа. Ова не беше изненадување за нас и сме кажале постојано дека ДУИ имаше за мисија да ги саботира пописите на населението – во 2011 година заедно со Груевски тие го саботираа тогаш пописот предизвикувајќи штета во буџетот од три милиони денари и за што уште не дале отчет. И на пописот во 2021 година беше направена услуга на нивните патрони кои сакаа да го намалат бројот на Албанците во пописот на населението создавајќи ја оваа категорија нерезидентни која е уставна и се потврди како такво. Доаѓаат неколку дилеми и прашања. Првата – под врзаниот потпис на претставникот на ДУИ тогаш во Заводот за статистика Илми Селами, кој на крај на претходната влада за оваа услуга беше награден со ветување дека ќе стане амбасадор но ние го спречивме. Тој предлог од ДУИ како нова Влада од почеток на владеењето и истиот треба да даде отчет за кршење на Уставот и законот. Очекуваме коментари од пеналистите за неговата кривична одговорност поради сврзаниот потпис таму, рече тој.

Вицепремиерот потенцира дека другите прашања кои излегуваат од оваа одлука на Уставниот суд се распределба на државата, дотациите, кои се пресметуваат со формулата и населението во која општина спаѓа.

-Сега е јасно дека населението на општините не може да се дели на резидентно и нерезидентно и дека општината и државата има само општ народ, треба да гледаме модалитети на распределба на државните пари во секое ниво. Второто прашање - Ја следевте дебатата околу бројот на советници за следните локални избори што доаѓа како последица на резидентното население во одредени општини, особено во Гостивар но и во Источна Македонија има такви случаи. Ова треба да се разгледа за да се земе како основа општото или гласачкото тело во таа одредена општина, бидејќи не можеш во една општина да бираш некого а во друга страна да немаш право да бидеш претставен во општинскиот совет, рече тој.

Фетаи нагласи дека со сите пропусти во пописот на населението, во однос на донесувањето политички одлуки, за распределбата на фондови, ќе се земаат во предвид резултатите од пописот.

-Не. Не велам така, бидејќи бројките се тие што се. Со сите пропусти во пописот на населението, одложувањето по критичниот момент, задоцнувањето, но го имаме овој број што го имаме и треба да се работи според оваа бројка, што е уставна бројка, за донесување на политички одлуки и за распределба на фондови, општински совети ..., рече тој.

Прашан дали со овој ребаланс на буџетот или со следниот буџет ќе преземе Владата активности за да се вратат правата на блок дотации на одредени општини кои се менуваа според одлуката на Уставниот суд, вицепремиерот изјави дека наредните денови ќе се консултира владината коалиција околу оваа прашање.

-Околу ребалансот на буџетот, одлуката на Уставниот суд беше вчера објавена, а денеска сме прв ден после таа одлука и треба да видиме во текот на денот или во наредните денови да се консултираме владината коалиција и да се одрзаиме околу последиците на оваа одлука. Следните денови навремено ќе бидете информирани, рече тој.

Фетаи истакна дека соработката е одлична помеѓу коалициските партнери ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, но и во Вреди. - Соработката и во Владата и во коалицијата е одлична. Најдобра досега, рече вицепремиерот Фетаи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Флик: „Ламин Јамал добро го поднесе исходот во трката за „Златната топка““

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, вели дека најдобриот млад фудбалер на светот, нивната ѕвезда Ламин Јамал добро реагирал по разочарувачкиот исход во изборот за „Златната топка“.

Флик: „Ламин Јамал добро го поднесе исходот во трката за „Златната топка““

Многумина очекуваа, вклучително и самиот Јамал, дека престижниот трофеј ќе заврши во негови раце, но титулата за најдобар играч во Европа, изненадувачки, му припадна на Хари Кејн.

-Ова не беше добра вечер за Јамал ​​– какви што имало и други во неговата млада кариера. Како член на златната генерација светски шампиони, тој, разбирливо, имаше големи очекувања; сакаше да ја круниса неверојатната година со најпрестижниот индивидуален трофеј, а само тој знае како се чувствувал кога сфатил дека останал со празни раце.

Познато е дека ваквите моменти можат да го вознемират еден млад фудбалер, па иако ова можеби претставувало удар за Јамал, тоа траело кратко, бидејќи, според Флик, неговиот најдобар играч на крајот реагирал „многу добро“.

„Горд сум на Јамал ​​бидејќи реагираше навистина добро и гледам дека е фокусиран на тренинзите. Тоа е реакција на шампион“, изјави Флик. „Мило ми е што тој чекори во вистинската насока со својот менталитет, што е важно и за целиот тим“, додаде германскиот стручњак. На крајот, да потсетиме, Јамал ​​заврши дури на третото место, зад Кејн и Мбапе, според бројот на гласови. „На крајот на краиштата, и Хари заслужи награда“, рече Флик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шокантен пресврт во Шпанија: Пет исчезнати лица по железничката несреќа пронајдени живи

Пет исчезнати лица пронајдени живи, бројот на загинати би можел да надмине 70.

Шокантен пресврт во Шпанија: Пет исчезнати лица  по железничката несреќа пронајдени живи

Од 72 лица пријавени за исчезнати по железничката несреќа во Шпанија, петмина се пронајдени живи.

Тројца се пронајдени неодамна, двајца се наоѓаат во болница, а едно лице воопшто не се качило во возот, изјави Емилијано Гарсија-Пахе, претседател на регионалната влада на Кастиља-Ла Манча.

Според него, меѓу преостанатите 67 исчезнати лица има 14 странски државјани од Аргентина, Австралија, Канада, САД, Франција, Јапонија, Мексико, Чешка, Тунис и Венецуела, пренесува „Ел Мундо“.

Бројот на потврдени жртви во несреќата останува 69, но оваа бројка би можела да се зголеми откако ќе заврши ДНК-идентификацијата на пронајдените човечки останки, изјави Гарсија-Пахе на прес-конференција – на која присуствуваше и шпанскиот премиер Педро Санчез – одржана по состанокот на Координативниот центар за цивилна заштита (CECOPI).

Претседателот на Кастиља-Ла Манча појасни дека бројот на загинати изнесува 69, „врз основа на веродостојни податоци потврдени од правосудните органи и Граѓанската гарда“.

Сепак, тој додаде дека има 70 пријави за исчезнати лица, па постои можност конечниот број на жртви да надмине 70.

Пахе изјави дека има 31 вреќа што содржи човечки останки, како и дека нивното собирање и идентификација се „исклучително сложени“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Астон Вила и Карагер на суд: „Нè навреди“

Англискиот премиерлигаш Астон Вила најави поведување судска постапка против  легендарниот фудбалер Џејми Карагер поради, како што наведоа од клубот од Бирмингем, неприфатливи навреди што поранешниот фудбалер на Ливерпул ги упатил кон нив.

Астон Вила и Карагер на суд: „Нè навреди“

По тој повод, „Вила“ се огласи на социјалните мрежи и информираше за правните чекори што ќе ги преземе.

Во соопштението, потпишано од претседателот на клубот Насеф Савирис, премиерлигашот го обвини Карагер дека ги навредил и клубот и навивачите.

Во објавата се наведува дека клубот нема да дозволи никој да го запре подемот на „Астон Вила“ во англискиот и европскиот фудбал. Гостувајќи во подкастот „Stick to Football“ претходно оваа недела, Карагер изнесе претпоставка дека менаџерот на „Астон Вила“, Унаи Емери, би бил заинтересиран да ја преземе тренерската функција во „Манчестер Јунајтед“, во услови на шпекулации дека Мајкл Керик таму ќе добие отказ.

„Тој сигурно би сакал можност да води некој голем клуб. Во фудбалот, сакале ние или не, постои одредена хиерархија. Така, Реал Мадрид ќе го земе најдобриот играч на Манчестер Јунајтед – како што направија со Роналдо. Исто така, постојат клубови кои се на повисоко ниво од Астон Вила и кои би можеле да ги земат нивните играчи или тренер. Затоа, навивачи на Астон Вила, молчете повеќе! Астон Вила никогаш нема да биде Манчестер Јунајтед“ – гласи „контроверзната“ изјава на Карагер, поради која сега ќе заврши на суд.

Откако се најде на удар на навивачите на Вила, Карагер изјави дека делот со „молчете“ бил шега. Тој потоа ги потсети навивачите на клубот од Бирмингем дека со години зборува за Емери само во суперлативи.

„Мислам дека Емери е најдобриот тренер во лигата, а ако сте Манчестер Јунајтед, се прашувате: ’Што е најдоброто што можеме да го добиеме?‘. Не велам дека тој ќе си замине – само велам дека, да бев на нивно место, ќе си го поставев тоа прашање. Мислам дека, ако некој ви каже ’тоа е вашето ниво‘, вашето его би се побунило и би рекло: ’Не, не е така‘. Тоа е она што го мислев. А приказната доби многу пошироки размери“, изјави Карагер за „Overlap Daily“. Карагер повтори дека неговата порака до навивачите на Вила била упатена „како шега“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер