Фетаи: Нема да дозволиме ДУИ да се врати како ништо да не се случило - Канал 5

Фетаи: Нема да дозволиме ДУИ да се врати како ништо да не се случило

„Јас сум тука, покрај секој од вас што не го прифаќа понижувањето на нашата надеж“, вели Арбен Фетаи.

Фетаи: Нема да дозволиме ДУИ да се врати како ништо да не се случило

Драги пријатели, симпатизери и вие, непокорливи членови на Алијансата за Албанците.

Овие денови примив стотици смс, повици и пораки од вас – од нашата база, од нашето членство и од нашите гласачи.

Затоа, денес чувствувам обврска да ви се обратам со оваа порака.

Ние не сме само поддржувачи на една партија.

Ние сме чувари на една кауза.

На еден идеал што никогаш не бил продаден и никогаш не се има наведнат.

Вие, што ја изградивте оваа Алијанса со труд, со посветеност, дури и кога сè беше против нас.

Вие, што бевте прогонувани и дискриминирани поради вашите политички убедувања и не се предадовте повеќе од 20 години.

Вие, што никогаш не дозволивте Алијансата да стане алатка за лични интереси.

И што го заштитивте патот на Арбр како аманет.

Денес, заедно, се наоѓаме на историска раскрсница.

Пред една година, донесовме храбра одлука – да го предводиме долгоочекуваната, но никако задоцнет променa.

Денес, речиси една година подоцна, имаме истата храброст. Иста визија.

Но денес, не можеме да живееме во минатото.

Мора да ја изградиме иднината – со истрајност, со достоинство.

Членството зборува. Гласачите зборуваат. Гласно, јасно, со барање за правда и за чист пат.

И денес ви велам, со целосна увереност: Јас сум тука, покрај секој од вас што не го прифаќа понижувањето на нашата надеж.

Нема да дозволиме ДУИ да се врати како ништо да не се случило.

Тие мора да се соочат со вистините што ги избегнуваа две децении по ред.

Тука не станува збор за поединец. Тука станува збор за нашето заедничко достоинство.

Мојот глас е вашиот глас. Гласот на Алијансата што не се предава. Што не се продава. Што не се плаши.

Ние сме гласот на патот на Арбр.

А тој пат никогаш не минува преку Али Ахмети, ниту преку некој што не им го посакува доброто на Албанците.

Ви благодарам на сите. И останете горди.

Кабинет на Заменик-претседателот на Владата на Македонија, задолжен за политики на добро владеење

Арбен Фетаи

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Флик: „Ламин Јамал добро го поднесе исходот во трката за „Златната топка““

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, вели дека најдобриот млад фудбалер на светот, нивната ѕвезда Ламин Јамал добро реагирал по разочарувачкиот исход во изборот за „Златната топка“.

Флик: „Ламин Јамал добро го поднесе исходот во трката за „Златната топка““

Многумина очекуваа, вклучително и самиот Јамал, дека престижниот трофеј ќе заврши во негови раце, но титулата за најдобар играч во Европа, изненадувачки, му припадна на Хари Кејн.

-Ова не беше добра вечер за Јамал ​​– какви што имало и други во неговата млада кариера. Како член на златната генерација светски шампиони, тој, разбирливо, имаше големи очекувања; сакаше да ја круниса неверојатната година со најпрестижниот индивидуален трофеј, а само тој знае како се чувствувал кога сфатил дека останал со празни раце.

Познато е дека ваквите моменти можат да го вознемират еден млад фудбалер, па иако ова можеби претставувало удар за Јамал, тоа траело кратко, бидејќи, според Флик, неговиот најдобар играч на крајот реагирал „многу добро“.

„Горд сум на Јамал ​​бидејќи реагираше навистина добро и гледам дека е фокусиран на тренинзите. Тоа е реакција на шампион“, изјави Флик. „Мило ми е што тој чекори во вистинската насока со својот менталитет, што е важно и за целиот тим“, додаде германскиот стручњак. На крајот, да потсетиме, Јамал ​​заврши дури на третото место, зад Кејн и Мбапе, според бројот на гласови. „На крајот на краиштата, и Хари заслужи награда“, рече Флик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шокантен пресврт во Шпанија: Пет исчезнати лица по железничката несреќа пронајдени живи

Пет исчезнати лица пронајдени живи, бројот на загинати би можел да надмине 70.

Шокантен пресврт во Шпанија: Пет исчезнати лица  по железничката несреќа пронајдени живи

Од 72 лица пријавени за исчезнати по железничката несреќа во Шпанија, петмина се пронајдени живи.

Тројца се пронајдени неодамна, двајца се наоѓаат во болница, а едно лице воопшто не се качило во возот, изјави Емилијано Гарсија-Пахе, претседател на регионалната влада на Кастиља-Ла Манча.

Според него, меѓу преостанатите 67 исчезнати лица има 14 странски државјани од Аргентина, Австралија, Канада, САД, Франција, Јапонија, Мексико, Чешка, Тунис и Венецуела, пренесува „Ел Мундо“.

Бројот на потврдени жртви во несреќата останува 69, но оваа бројка би можела да се зголеми откако ќе заврши ДНК-идентификацијата на пронајдените човечки останки, изјави Гарсија-Пахе на прес-конференција – на која присуствуваше и шпанскиот премиер Педро Санчез – одржана по состанокот на Координативниот центар за цивилна заштита (CECOPI).

Претседателот на Кастиља-Ла Манча појасни дека бројот на загинати изнесува 69, „врз основа на веродостојни податоци потврдени од правосудните органи и Граѓанската гарда“.

Сепак, тој додаде дека има 70 пријави за исчезнати лица, па постои можност конечниот број на жртви да надмине 70.

Пахе изјави дека има 31 вреќа што содржи човечки останки, како и дека нивното собирање и идентификација се „исклучително сложени“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Астон Вила и Карагер на суд: „Нè навреди“

Англискиот премиерлигаш Астон Вила најави поведување судска постапка против  легендарниот фудбалер Џејми Карагер поради, како што наведоа од клубот од Бирмингем, неприфатливи навреди што поранешниот фудбалер на Ливерпул ги упатил кон нив.

Астон Вила и Карагер на суд: „Нè навреди“

По тој повод, „Вила“ се огласи на социјалните мрежи и информираше за правните чекори што ќе ги преземе.

Во соопштението, потпишано од претседателот на клубот Насеф Савирис, премиерлигашот го обвини Карагер дека ги навредил и клубот и навивачите.

Во објавата се наведува дека клубот нема да дозволи никој да го запре подемот на „Астон Вила“ во англискиот и европскиот фудбал. Гостувајќи во подкастот „Stick to Football“ претходно оваа недела, Карагер изнесе претпоставка дека менаџерот на „Астон Вила“, Унаи Емери, би бил заинтересиран да ја преземе тренерската функција во „Манчестер Јунајтед“, во услови на шпекулации дека Мајкл Керик таму ќе добие отказ.

„Тој сигурно би сакал можност да води некој голем клуб. Во фудбалот, сакале ние или не, постои одредена хиерархија. Така, Реал Мадрид ќе го земе најдобриот играч на Манчестер Јунајтед – како што направија со Роналдо. Исто така, постојат клубови кои се на повисоко ниво од Астон Вила и кои би можеле да ги земат нивните играчи или тренер. Затоа, навивачи на Астон Вила, молчете повеќе! Астон Вила никогаш нема да биде Манчестер Јунајтед“ – гласи „контроверзната“ изјава на Карагер, поради која сега ќе заврши на суд.

Откако се најде на удар на навивачите на Вила, Карагер изјави дека делот со „молчете“ бил шега. Тој потоа ги потсети навивачите на клубот од Бирмингем дека со години зборува за Емери само во суперлативи.

„Мислам дека Емери е најдобриот тренер во лигата, а ако сте Манчестер Јунајтед, се прашувате: ’Што е најдоброто што можеме да го добиеме?‘. Не велам дека тој ќе си замине – само велам дека, да бев на нивно место, ќе си го поставев тоа прашање. Мислам дека, ако некој ви каже ’тоа е вашето ниво‘, вашето его би се побунило и би рекло: ’Не, не е така‘. Тоа е она што го мислев. А приказната доби многу пошироки размери“, изјави Карагер за „Overlap Daily“. Карагер повтори дека неговата порака до навивачите на Вила била упатена „како шега“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер