СДСМ: Просечната плата се намали за 1.163 денари, но да зборуваме за убави работи- доаѓа нов авион за Мицкоски
1СДСМ: Просечната плата се намали за 1.163 денари, но да зборуваме за убави работи- доаѓа нов авион за Мицкоски
ЗабаваФестивалот „Звукот на Скопје“ на неколку локацииОвогодишното издание на фестивалот „Звукот на Скопје“ почнува вечер во Кулпарк, пред Културно- информативниот центар (КИЦ), додека програмата со филмови и изложбите ќе се одржат во Салон 19:19 и галериите на КИЦ.-Носечката манифестација на Културно-информативниот центар – Скопје „Звукот на Скопје“ оваа година ќе се случи повторно во формат на еднодневен скопски летен фестивал на отворено, на кој ќе настапат актуелни и свежи локални музички имиња, иформираат од КИЦ. Во рамките на музичката програма ќе настапи овогодинешната победничка на „UpBeat – Best new talent award“ Зарина Првасевда и world music проектот Калевала (Dies Bona). Визуелниот дел од програмата се состои од три изложби низ галериите на КИЦ и проекција на филмови. Во галериите на КИЦ (Империјал I, Империјал II и Продажен салон) ќе бидат отворени изложбата на фотографии „Портрети од темната комора“ од Зденко Петровски, изложбата на графики и слики „Во разговор“ од Петра Јовановска и Вит Павлик (Чешка) и изложбата на фотографии „Урбан пејзаж“ од Рафаел Ристовски. -„Звукот на Скопје“ значи нов, летен, open air фестивал, кој прераснa во ново скопско музичко жариште. „Звукот на Скопје“ значи и свеж здив во жешкото и долго скопско лето и обид за заситување на културните потреби на скопската сцена, со современи музички збиднувања и разновидна културна понуда. „Звукот на Скопје“ е и простор каде на голема сцена ќе може да се видат и етаблирани, но и нови групи, а значи и промовирање на нови концертни локации во градот, оживувајќи ги во културен контекст, велат организаторите на фестивалот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Просечната плата се намали за 1.163 денари, но да зборуваме за убави работи- доаѓа нов авион за МицкоскиДодека Христијан Мицкоски секојдневно презентира весела математика дека платите се покачени за 72% а пензиите за 325% просечната нето плата се намали за 1.163 денари.Државниот завод за статистика објави дека за само еден месец просечната плата се намалила за 1.163 денари, односно за 2,3 проценти. За падот на животниот стандард на граѓаните и не им треба статистиката, тие ја гледаат дома, во празните фрижидери и во празните паричници. Просечната платата за еден месец паднала за 1.163 денари, минималната плата од 26.000 денари не е доволна ниту за третина од потрошувачката кошничка која порасна на 70.000 денари. Високите цени секојдневно ги празнат семејните буџети. Тоа е вистинската слика за „третата економија во Европа“ на Мицкоски. Веселата математика на Мицкоски не може да ја плати сметката на ниту едно семејство. Помала плата. Поскап живот. Празни џебови и празни фрижидери. Но ајде да зборуваме за убави работи – доаѓа нов авион за Мицкоски. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВетер ги носи пластичните лежалки низ плажата на Раб (ВИДЕО)Силна бура вчера го погоди Раб. Пожарникарите во Раб имаа бројни интервенции, од испумпување вода од згради и спасување чамци до поправка на покриви, а интервенираа и во градинката „Пахуљица“, каде што водата се закануваше да навлезе во внатрешноста.Првите повици за помош почнаа да пристигнуваат непосредно пред 13 часот, по што речиси сите расположиви сили излегоа на терен, пишува порталот Раб Данас. Командирот на Доброволното противпожарно друштво Раб, Миливој Личина, рече дека двете противпожарни служби од островот реагирале веднаш. „Интервенциите се однесуваа на испумпување вода од јавни згради и семејни домови, спасување чамци од тонење, поправка на урнат столб од телекомуникациската мрежа, миење на јавни површини од наслаги од кал и испитување на урнати ѕидови“, рече Личина, опишувајќи го обемот на бурата. Најголемата штета во Лопар Фиуман објави видео на кое се гледа како ветерот носи пластични лежалки низ песочна плажа. Погледнете го видеото: Во најинтензивниот дел од интервенциите, истовремено беа ангажирани пет екипи од Противпожарната служба на Раб и целата противпожарна служба на Лопар. Најголема материјална штета е забележана во Лопар. Локалната Противпожарна служба на Раб, со помош на возило за работа на висина од Противпожарната служба на Раб, ги поправи покривите на две семејни куќи. Работата на пожарникарите беше дополнително отежната од многу неповолните временски услови, според порталот Раб Данас. Поради големата количина на дожд, вода се насобра во атриумот на градинката „Пахуљица“ и во детското игралиште. Постоеше ризик водата да навлезе во внатрешноста на градинката и да предизвика голема материјална штета. По повикот од градинката, екипите на Противпожарната служба на Раб брзо пристигнаа на местото на настанот и ја испумпаа и отстранија насобраната вода. Раководството на градинката им се заблагодари на пожарникарите за нивната брза интервенција.Тагови: невреме Раб Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтрански државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
Автомобилизам„Tai 9“: Огромен хибриден теренец со два електрични моториКинеските производители продолжуваат да ги зголемуваат своите теренски модели, а брендот „Fangchengbao“ на „BYD“ добива нов луксузен модел, „Tai 9“.Станува збор за голем теренец со три реда седишта, кој комбинира робустен дизајн со напреден хибриден погон. „Tai 9“ користи 1,5-литарски турбо бензински мотор со 150 КС (110 kW), кој служи исклучиво како генератор на електрична енергија, додека два електрични мотори од по 272 КС (200 kW) обезбедуваат енергија. Енергијата се складира во голема батерија со капацитет од 66,5 kWh. Вкупната комбинирана моќност на електричниот погонски систем сè уште не е објавена, но се знае дека „Tai 9“ може да помине 310 километри на електрична енергија. Возилото ја поддржува и технологијата „Flash Charging“ на „BYD“ со моќност до 1.500 kW. Поголем од „BMW X7“ „Tai 9“ е долг 5,27 метри, широк речиси 2 метри и висок 1,85 метри, со меѓуоскино растојание од 3,13 метри. Ова го прави подолг од „BMW X7“ и „Mercedes GLS“, а неговите димензии се слични на огромниот, исто така кинески модел „Zeekr 9X“. Дизајнот комбинира луксуз и робусност. На предниот дел има „LED“ светлосна лента, квадратни браници, странични скали за полесно влегување на патниците, багажници на покривот и висок клиренс. На задниот дел се издвојуваат светлата во облик на Т. Кабината сè уште не е официјално прикажана, но потврдена е конфигурацијата 2+2+2, со шест седишта. Се очекува дигитална инструмент табла и голем екран што комбинира мултимедија и екран за патникот. Извор: Б92Тагови: теренец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter