Фестивалот „Охридско лето“ добитник на престижната меѓународна награда „Да за уметноста“ - Канал 5

Фестивалот „Охридско лето“ добитник на престижната меѓународна награда „Да за уметноста“

 Националната установа „Охридско лето“ е добитник на престижната меѓународна награда „Да за уметноста“, доделена на 11. издание на Интернационалниот театарски фестивал во Истанбул.

Фестивалот „Охридско лето“ добитник на престижната меѓународна награда „Да за уметноста“

Со ова високо признание за високо-квалитетната програма на 65. издание на нашата најзначајна музичко-сценска манифестација уште еднаш се оправдува фестивалската репутација како центар на врвната уметност, со програма што ја обедини класичната музика, театарот и современите уметнички форми.

-Голема чест и особена гордост е што токму во периодот додека сум на чело на НУ „Охридско лето“, фестивалот првпат е добитник на оваа престижна меѓународна награда. Ова признание не го доживувам како личен успех, туку како резултат на заедничката посветена работа на целиот тим, уметниците и институциите кои стојат зад фестивалот. Наградата е потврда дека „Охридско лето“ чекори во вистинска насока со јасна визија, висок уметнички квалитет и силна меѓународна афирмација. Ќе продолжиме уште поодлучно да го развиваме фестивалот и да го зацврстуваме неговото место на светската културна мапа“- вели директорот на „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски.

Цуцковски уште додава дека ваквите награди се мотив во иднина уште повеќе да се инвестира во содржини со високи уметнички стандарди, со светски реномирани имиња, но и да се даде простор за најдобрите домашни уметници.

-Нашата цел е секое издание на „Охридско лето“ да понуди внимателно концепирана, балансирана и квалитетна програма која ќе ги оправда високите признанија кои ги добиваме од меѓународните институции со цел да ја оправдаме довербата на публиката и меѓународната културна јавност“- вели директорот на НУ „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Барен Минхен се откажа од четири странци

Германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен повлеќе неочекуван потез кој предизвика огромна реакција од јавноста.

Барен Минхен се откажа од четири странци

Според „Билд“, Жоао Палиња, Саша Боеј, Брајан Сарагоса и Арминдо Зиб се отстранети од списокот на играчи од првиот тим на официјалната веб-страница на клубот.

Овој потег се толкува како јасна порака дека Баерн повеќе не смета на нив и дека тие би можеле да го напуштат клубот ова лето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ин мемориам: Почина Благоја Станоевски, поранешен претседател на Сојузот на младината на Македонија

Почина Благоја Станоевски, поранешен македонски општествено-политички функционер и претседател на тогашниот Сојуз на младината на Македонија, во поранешна Југославија.

Ин мемориам: Почина Благоја Станоевски, поранешен претседател на Сојузот на младината на Македонија

Во првата половина на седумдесеттите години беше претседател на Претседателството на Републичката конференција на Сојузот на социјалистичката младина на Македонија.

По ангажманот во младинската организација, Станоевски продолжува да извршува одговорни функции во тогашните општествено-политички структури. Беше и член на Претседателството на Републичката конференција на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Македонија.

Во осумдесеттите години беше ангажиран во Сојузот на синдикатите на Македонија.

Благоја Станоевски останува запаметен како дел од генерацијата македонски општествени дејци кои во втората половина на 20 век учествувале во работата на младинските, политичките и синдикалните организации во земјата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Тошковски глуми експерт за вода, граѓаните на Гостивар се трујат а ВМРО-ОКГ тера бизнис

Водата во Гостивар се уште е опасна, официјално се потврди присуство на бактеријата Pseudomonas aeruginosa.

СДСМ: Тошковски глуми експерт за вода, граѓаните на Гостивар се трујат а ВМРО-ОКГ тера бизнис

Над 50 населени места во земјава имаат загадена вода, тендер патриотите Мицкоски и Клековски ја отруја цела Македонија.

И наместо одговорност за овој тотален колапс на здравството, владата на Мицкоски продолжува со импровизации кои го загрозуваат здравјето на луѓето и бизнис зделки на грбот на народот.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најавува „почести анализи“ на водата во Гостивар.

Од кога министер за полиција е надлежен за анализа на водата?

Нема место во светот каде министер за полиција, кој до вчера се занимаваше со хиперхлорирање, денес да глуми експерт за анализи на вода.

Каде е министерот за здравство Сашо Клековски? Дали и тој е на екскурзија како Мицкоски?

Најважното прашање е: што правеле досега?

Зошто анализи најавуваат дури сега, откако илјадници граѓани завршија по амбуланти и болници?

Со денови јавноста беше убедувана дека водата е „технички исправна“, но единствениот „доказ“ беше зборот на Мицкоски.

Нема официјален документ. Нема потпишан извештај. Нема институција што презема одговорност и потврдила дека може да се користи техничка вода.

Во меѓувреме, директор на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов јавно потврди дека во водата има бактерија.

И сега повторно се врши хиперхлорирање.

А кога се врши хиперхлорирање, тоа значи дека водата не е безбедна за употреба, ниту за капење.

Тотален хаос, тотален распад. Сето ова се прави само за да се спаси една лажна изјава на Мицкоски.

СДСМ бара Јавното обвинителство веднаш да отвори постапка и да утврди кривична одговорност за свесното загрозување на здравјето на граѓаните.

Одговорност мора да има за Христијан Мицкоски, Сашо Клековски и Панче Тошковски.

И додека народот се труеше, Мицкоски и ВМРО-ОКГ имале други приоритети.

Бизнис зделка од 100.000 евра за вода во Гостивар без тендер, без јавен оглас.

Додека народот се труе, тендер-патриотите тераат бизнис.

Никој нема право да си игра со здравјето на граѓаните, а уште помалку да профитира додека народот се труе.

Прес конференција на СДСМ, Симона Цветановски – членка на Извршниот одбор

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер