Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ со околу 300 учесници - Канал 5

Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ со околу 300 учесници

Околу 300 изведувачи на изворниот мелос од земјава и гости од Србија и Бугарија ќе учествуваат на 49. Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ што ќе се одржува утре во Прилеп и в сабота на Рудина, Долнени.

Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ со околу 300 учесници

Фестивалот речиси пет децении го негува, одржува и го чува богатото фолклорно наследство.

- Изведувачите од сите краишта со голема љубов и очекување се нестрпливи да се појават на сцената, да го прикажат она што го имаат како свое, како своја традиција и музика. Нашата цел, како Фестивал е јасна, да не отстапиме од традиционалното, изворното. Нашата задача е токму тоа. И преку сите теоретски предавања, на Семинарот и практичната работа со новите генерации, вели Родна Величковска од Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ и уметнички директор на Фестивалот.

Во рамки на Фестивалот, веќе 13-та година се одржува Семинарот за изучување на народните инструменти и песни. Досега, фолклорот го изучувале над 150 учесници од земјава и од Грција, Русија, Србија и Бугарија. Годинава, има 12 семинаристи од средното музичко училиште „Илија Николовски-Луј“ од Скопје кои на Семинарот работат од 27 јуни и со програма ќе настапат на првата фестивалска вечер.

- Семинарот веќе традиционално се одржува и го продолжува оној сон на Пеце Атанасовски за младите генерации да ги изучуваат инструментите, вели Горан Василески, претседател на Фестивалот.

Младите изучувачи на фолклорот се вистинските македонски амбасадори во светот.

- Се надевам дека по овој Семинар, овие идни уметници и репрезенти на нашата музичко-играорна па и фолклорна традиција, ќе заминат со поголемо знаење кое понатаму ќе го презентираат не само во нашава држава, туку и низ цел свет, вели Горанчо Ангелов од Музичката академија при Универзитетот во Штип, предавач на Семинарот и член на Собранието на Фестивалот.

Во фоајето од Центарот за култура „Марко Цепенков“ утре од 11 часот ќе се одржи симпозиумот „Фолклорот во минатото и денес“ и ќе се промовира Зборникот со трудови од 12 стручњаци кои обработуваат теми од фолклористиката, а од 19 часот е свеченото отворање на Фестивалот и првата фестивалска вечер на камената бина на плоштадот „Александрија“ во Прилеп. Ќе настапат дел од изведувачите, а на крајот ревијален концерт ќе одржи „Танец“ од Скопје.

В сабота од 19 часот на Рудина, Долнени ќе се одржи втората фестивалска вечер. По настапот на изведувачите, жири-комисијата ќе ги избере најдобрите и ќе бидат доделени Гран-при наградата за најдобри изведувачи и „Гајдата на Пеце“ на најдобриот гајдаџија што ја обезбедува општина Долнени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Што промени светската музичка ѕвезда,  Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа  вака супер на 57 години.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело.

Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање.

Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога.

Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена.

Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Најпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. 

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот.

На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално.

https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed

„Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото.

Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

Еврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви.

Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција.

Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер