КултураФестивал на монодрама во Битола Од 24 до 28 април, ќе се одржи 17-тиот по ред интернационален Фестивал на монодрама, во организација на Центарот за култура од Битола.На фестивалот, учество ќе земат 13 претстави, од кои 10 во официјална конкуренција и 3 вон конкуренција. Претставите доаѓаат од 7 држави меѓу кои Романиа, Израел, Русија, Србија, Хрватска, Бугарија, Украина. На фестивалот учество ќе земат и три македонски претстави од кои една фестивалска премиера. Станува збор за претставата „Делириум Тременс“на Народниот театар „Војдан Чернодрински“ од Прилеп во изведба на Игор Трпчески. „Ова е единствениот фестивал во нашата држава кој ја промовира монодрамата како форма и еден од најстарите на Балканот. Досега на фестивалот се претставиле над 50 држави од целиот свет со навистина квалитетни остварувања кои го надминуваат бројот од 200 претстави“ вели Борче Димитровски, директор на Центар за култура Битола. Учесниците ќе се борат за престижната награда Гран При која ќе ја додели меѓународно жири на чело со претседателот Јуриј Назаров од Русија. Селектор на фестивалот е познатиот битолски актер Петар Мирчевски. Фестивалот ќе го отвори претставата „Животот на Молиер“ во режија на Александар Поповски а во изведба на МНТ Скопје. Фестивалот на монодрама Битола е поддржан од Министерството за култура и Општина Битола.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУнијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ избра нови 59 претседателки на општинските комитетиУнијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ избра нови 59 претседателки на општинските комитети, за првпат формирани и во Студеничани, Центар Жупа и Шуто Оризари.Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа редовна седница на која се дискутираше за актуелната политичка и економска состојба, кадрови решенија, како и за понатамошното организациско и програмско јакнење на Унијата. На седницата едногласно беше усвоена Декларација за унапредување на активното учество на жените и јакнење на демократската култура во партијата и општеството, промовирана на 14 септември во рамки на настанот посветен на Меѓународниот ден на демократијата. Со истата се потврди определбата за поголема вклученост на жените во политичките процеси. Во однос на кадровските решенија и спроведените интервјуа за избор на нови претседателки на Општинските комитети на Унија на жени, Извршниот комитет ги избра следните претседателски: 1.Рената Томеска-Македонски Брод 2.Вера Велинова – Аеродром 3.Ленче Николовска – Кисела Вода 4.Виолета Блажевска – Сопиште 5.Диана Ристовска Додевски – Центар 6.Катерина Јакимовска – Карпош 7.Габриела Тодорчева-Сарај 8.Доце Павлова – Чаир 9.Каролина Насковска – Бутел 10.Маја Мисердовска – Чучер Сандево 11.Бранкица Дуковски – Ѓорче Петров 12.Марија Живачки – Куманово 13.Сузана Димковиќ – Старо Нагоричани 14.Марија Сотиров Пулковска – Пехчево 15.Андријана Илиевска Велковски – Делчево 16.Антигона Постоловска – Македонска Каменица 17.Елена Павлова – Виница 18.Снежана Хаџи Паунова – Кочани 19.Јадранка Симионова-Зрновце 20.Весна Митевска-Петровец 21.Светлана Слезенковска – Илинден 22.Тамара Јованова – Чешиново Облешево 23.Добрила Черќезова – Штип 24.Елизабета Стојанова-Карбинци 25.Фросина Ѓорѓиева – Свети Николе 26.Александра Наунова – Пробиштип 27.Емилија Јакимовска Ристовска-Крива Паланка 28.Биљана Николовска – Ранковце 29.Снежана Бошевска – Велес 30.Маријана Трајковска – Чашка 31.Јулија Тарабунова – Радовиш 32.Ивана Дујовска Атанасов – Конче 33.Пале Галева – Струмица 34.Анита Божинова – Босилово 35.Елена Шопчева – Богданци 36.Лилјана Арсова Митрова – Неготино 37.Марија Катарова – Демир Капија 38.Ѓурѓица Алексова – Кавадарци 39.Трајанка Ризова – Росоман 40.Андријана Челибитова – Прилеп 41.Светлана Аџиоска-Кривогаштани 42.Маргарита Груевска – Могила 43.Наташа Марковска – Битола 44.Менче Андрева Маркоска – Долнени 45.Маја Павловска-Ресен 46.Катерина Стојаноска – Охрид 47.Билјана Стефаноска – Дебарца 48.Радмила Мојсова Кикоска – Струга 49.Александра Велкоска – Вевчани 50.Елена Макаријоска Милеска – Демир Хисар 51.Цветанка Попоска – Маврово Ростуше 52.Санида Муслиоска – Дебар 53.Ружица Димитриеска – Гостивар 54.Александра Спироска – Тетово 55.Маја Зафироска – Брвеница 56.Валентина Марчевска – Јегуновце. 57.Емина Демеска – Студеничани 58.Џансу Рахман – Центар Жупа 59.Жаклина Богдановска – Шуто Оризари. Воедно, ја информираме јавноста дека за прв пат во рамки на општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ се формира Унија на жени во Студеничани, Центар Жупа и Шуто Оризари. Ова е силен показател на огромниот потенцијал кој Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ континуирано го надградува. Во следниот период Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ продолжува со активна мобилизација и нови кадровски решенија и во преостанатите Општински комитети со цел спроведување на политики во интерес на граѓаните. За една повеќе!, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Шоу бизСинот на Хали Бери ќе сведочи против неа Синот на Хали Бери и Оливие Мартинез, 13-годишниот Масео, ќе сведочи на суд како дел од нивната битка за старателство. Според најновите судски документи, сведочењето на тинејџерот ќе биде строго ограничено на една тема: заштитната наредба за семејно насилство поднесена од неговиот татко. Обвиненија за напад Оливие Мартинез (60) ја обвинува својата поранешна сопруга дека го нападнал момчето за време на расправија додека тој играл видео игра со виртуелна реалност. Според неговите тврдења, 60-годишната актерка се обидела да го задуши својот син држејќи ги рацете околу неговиот врат. Добитничката на Оскар силно ги отфрла сите обвинувања и тврди дека таа никогаш не го повредила детето. Рочиштето ќе се одржи во затворена судница, без присуство на јавноста. Мартинез бара старателство Целта на Мартинез на суд е јасна: Тој бара целосно старателство над Масео и забрана за пристап против неговата поранешна сопруга. Судот наложи дека за време на сведочењето на 13-годишникот, само родителите, нивните адвокати и судскиот персонал можат да бидат присутни во просторијата. Хали Бери се сомнева во веродостојноста на сведочењето на нејзиниот син. Во документите се наведува дека момчето има „личен интерес да го минимизира сопственото лошо однесување и да ја префрли одговорноста на другите“. Сепак, судот не ги прифати тие приговори, па Масео ќе има можност да го објасни наводниот инцидент. Страв од манипулација Актерката претходно се обиде да го спречи својот син да се појави на суд. Тој го обвинува Мартинез дека намерно го подготвувал Мејс да сведочи со недели и дека постојано разговарал со него за конфликтите меѓу родителите. Таа тврди дека нејзиниот поранешен сопруг со години го вклучува тинејџерот во проблеми со возрасни. Поради ова, вели таа, е принудена да воведе ред и правила, додека Мартинез игра „кул“ родител кој му дозволува на момчето голема слобода. Бери се плаши дека поради ова, нејзиниот син би можел да ја перцепира како „лош човек“, а неговиот татко како „добар човек“, и верува дека неговото сведочење би можело да биде одраз на перцепцијата што е создадена со текот на годините, а не точно сеќавање на одреден настан.Тагови: Хали Бери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
СветХутите со пет балистички ракети ја погодија претседателската палата во Јемен (ВИДЕО)Во ракетен напад на Хутите врз претседателската палата во јужниот јеменски пристанишен град Аден, седиште на меѓународно признатата јеменска влада, загинаа двајца припадници на безбедносните сили.Министерот за информации Моамар ал-Ерјани изјави за Би-Би-Си дека премиерот и другите министри биле неповредени кога пет балистички ракети ја погодиле палатата ал-Маашик, но многу други биле ранети. 💢BREAKING: At least six explosions were reported near Al-Ma’ashiq Palace in Aden, the seat of Yemen’s Saudi-backed Presidential Leadership Council, according to AP. A security official said blasts struck the hill beside the palace and near its security gate. Saudi broadcaster Al Arabiya earlier reported that Ansarallah fired four ballistic missiles at the palace. Three witnesses told Reuters they also heard four explosions nearby. Ansarallah-affiliated media said the attack targeted an operations room and a weapons depot inside the palace. The attack follows a series of targeted strikes in Aden that began on October 2 with attacks on coalition facilities in Al Buraiqah district, followed by strikes near Aden International Airport. — Drop Site (@DropSiteNews) October 15, 2026 Медиумите контролирани од Хутите објавија дека групата го нападнала „штабот на воените операции, командуван од саудиски офицери“, како и складиштата за оружје. Хутите напаѓаат и цели во Саудиска Арабија Коалицијата предводена од Саудиска Арабија ја поддржува јеменската влада и обезбедува воздушна поддршка на офанзивата на провладините сили против Хутите поддржани од Иран. Како одмазда за нападите врз областите под нивна контрола во западен Јемен, вклучувајќи го и главниот град Сана, Хутите, исто така, лансираа ракети и беспилотни летала врз аеродроми, нафтени и гасни постројки и воени бази во Саудиска Арабија. Во саботата, во ракетен напад на Хутите врз меѓународниот аеродром во Ријад загинаа 13 лица. Тоа беше најсмртоносниот напад во Саудиска Арабија во последната деценија.Тагови: Јемен Хутите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00