Фестивал на медот во Прилеп: Поголема поддршка од државата и навики за конзумирање мед - Канал 5

Фестивал на медот во Прилеп: Поголема поддршка од државата и навики за конзумирање мед

По 16-ти пат, традиционално, во чест на празникот 11 Октомври во центарот на Прилеп се одржува Фестивалот на медот. 

Фестивал на медот во Прилеп: Поголема поддршка од државата и навики за конзумирање мед

Од денеска па до 11 октомври медарите од Прилепскиот регион ги презентираат пред граѓаните медот и повеќето пчелини производи како најздрав вид на храна за што треба да се зголемат навиките за конзумирање.

-Целта е даги доближиме до конзументите медот и пчелните производи, да им укажеме на граѓаните, потрошувачите за хранливите вредности на медот, како,во кои дози да се конзумира за да се искористат сите предности на овој вреден производ, вели Дејан Бошкоски, претседател на пчеларското здружение „Братство“ од Прилеп.

Во Прилепскиот регион се околу 150 пчелари, а во здружението се 70-тина членови. Годинава се оценува како просечна за производство на медот. Влијаат многу климатските промени како и намалувањето на сточарството. Државата за да го поттикне производството треба да го зголеми субвенционирањето.

-Годината е просечна за приносите на мед. Имавме есенски, односно зимски загуби. Ако треба да оценуваме, оценката е 3 или 4. Бројот на пчелари се намалува, дури се преполовува. На тоа влијаат иселувањето, елементарните непогоди, намалувањето на сточарството, а и пожарите го земаат својот данок. Помошта од државата е мала, само 600 денари субвенции. Бараме да се зголемат субвенциите, зашто и тоа е еден од главните фактори за намалувањето на пчеларството како гранка, објаснува Бошкоски.

Пчеларот Тони Јовески живее само од пчеларството, но мора да се има голема грижа за пчелите и одговорност за да биде исплатливо.

-Професионално се занимавам со пчеларство. Со семејството чуваме околу 240 пчелни семејства.Произведувам производи од восок, мед, полен, прополис,од матичен млег. Претежно пласирам на македонскиот пазар. Од пчеларството може да се живее, но треба поголема одговорност, сите постапки треба да бидат навремеи дасе внимава со пчелите, зашто последните 15-тина години може често да се случи пчелите да ги снема во сандаците, едноставно да угинат. Треба да се зголеми маркетингот за продажбата на медот и на пчелините производи, вели Јовески.

Македонија сѐ уште не е голем конзумент на медот. Годишно се трошат еден до два килограми мед по жител, а во европските земји по 8 до 10 килограми.

Пчеларите предупредуваат на нелојална конкуренција и продажба на лажен мед во маркети.

На отворањето на манифестацијата на плоштадот „методија Андонов Ченто“ најмладите од Прилеп изведоа пригодна програма и се запознаа со предностите и корисноста од конзумирањето на медот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Голема Речица, лишено од слобода едно лице, пронајдено оружје и дрога

На ден 16.10.2026 во времето од 15:00 до 16:30 часот, врз основа на судска наредба, извршен е претрес во дом и други помошни простории во село Голема Речици кај А.А.(57) поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.

Претрес во Голема Речица, лишено од слобода едно лице, пронајдено оружје и дрога

При претресот, во една од собите во подрумската просторија под кревет пронајден е еден пиштол марка „екол дуал“ со една празна рамка, додека во помошна просторија во склоп на куќата во навлаката од перница пронајдени се 22 мали најлонски кесички со кокаин и една поголема најлонска кеса со кокаин.

За време на претресот лицето упатило закани кон полициските службеници и е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка, По документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Масовни протести ја тресат Франција, речиси 300 приведени во неколку градови

Во Франција изби нов бран масовни протести, придружени со насилство и судири со полицијата. најмалку 270 луѓе се уапсени во судирите во кои полицијата употреби солзавец во повеќе градови.

Масовни протести ја тресат Франција, речиси 300 приведени во неколку градови

Демонстрантите протестираат поради високите цени и бараат повисоки плати и пензии, како и подобри јавни услуги. Немири ги зафатија Париз, Марсеј, Лион и Стразбур, Гренобл, Тулуз, каде многу објекти се демолирани или запалени, а во Лион во оган пламнал туристичкиот информативен центар на плоштадот Белкур.

Според „Гардијан“, протестите се насочени и против слабеењето на францускиот систем на социјална заштита. Незадоволството се прошири од училиштата кон работниците, пензионерите и земјоделците, на кои им се придружија и припадници на движењето „жолти елеци“. Премиерот Лекорну изјави дека протестите се меѓу најнасилните во последните неколку децении.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДИК: Гласањeто во Брвеница, денес започна во 7 часот утринава и се одвива во најдобар ред

Од информациите пристигнати досега до Државната изборна комисија, од вкупно 88 болни или немоќни лица, своето право на глас го оствариле 85.

ДИК: Гласањeто во Брвеница, денес започна во 7 часот утринава и  се одвива во најдобар ред

Од вкупно 9 лица кои се запишани во Избирачкиот список а се на издржување на казна затвор или притвор, досега гласале 7 гласачи. Гласањето на овие лица се спроведува во 3 казнено поправни установи на територија на Северна Македонија, и тоа во градовите Скопје, Штип и Тетово.

Гласањeто во Брвеница, денес започна во 7 часот утринава и се одвива во најдобар ред, без евентуални проблеми или потешкотии во остварување на избирачкото право или одвивање на изборниот процес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер