Фестивал на комедии во Аеродром од утре до 30 јуни

Театарската манифестација „Аеродром се смее“ која беше организиранa првпат минатата година во општината Аеродром, оваа година прераснува во меѓународна и натпреварувачка. Фестивалот ќе се вика „Гола месечина“, го организираат Театар Комедија и Општина Аеродром со поддршка на Министерството за култура и ќе трае од утре до крајот на месецов.

Изведбите се од 21 часот на отворено, на игралиштето кај Паркот на езерата, а влезот е слободен. Во трка за четири награди (за режија, машка улога, женска улога и гран-при за претстава) се седум претстави-комедии.

Пет се домашни: „Хамлет во пикантен сос“ во режија на Александра Карделевска, во продукција на Театар Комедија, „Сомнително лице“ на режисерот Синиша Евтимов и МНТ, „Без паника“ во режија на Благој Мицевски и Битолски театар, „Подземна комедија“ во режија на Деан Дамјановски и театарот „Антон Панов“-Струмица, и „Солунски патрдии“ во режија на Коле Ангеловски во продукција на Драмскиот театар. Гостуваат две претстави од соседството - „Хамлет во Долна Мрдуша“ режирана од познатиот босански актер Мустафа Надаревиќ, во продукција на Народно позориште од Тузла, и „Пукна срам“ од белградска приватна продукција - дуо-драма во која учествува македонската пејачка Тијана Дапчевиќ.

Во чест на наградените, на 30 јуни ќе биде изведена премиера на „Многу врева за ништо“ од Шекспир во режија на Дејан Пројковски, во продукција на Театар Комедија.

За наградите ќе одлучува тричлено жири: актерот Петре Темелковски (претседател), режисерката Александра Карделевска и композиторот Оливер Јосифовски (членови). Наградите се парични, а од трката за нив е изземена претставата на организаторот - Театар Комедија, соопшти денеска на прес-конференција директорката Јелена Жугиќ. Таа очекува посетеност како и лани и дека намерата на жителите на Аеродром и на сите други заинтересирани граѓани нема да биде попречена од временските услови или од преносите од тековното светско првенство во фудбал.

- На комедијата многу малку и се посветува внимание на фестивалите, секогаш била тргана настрана како понесериозен жанр или жанр за пошироките народни маси. Но од нашето постоење, од 2012 година, сериозно котираме и во македонскиот театарски етер и освојуваме награди на нашите фестивали, како „Војдан Чернодрински“ и „Охридско лето“. Овој потег на Општина Аеродром и Министерството за култура има големо значење - поставување на комедијата на исто ниво во однос на останатите театарски жанрови , рече Жугиќ.

Градоначалникот на Аеродром Ивица Коневски истакна дека целта на фестивалот е да се збогати културниот живот во општината. - Сигурен сум дека претставите ќе ги посетат голем број граѓани и ќе има многу смеење, со оглед на тоа дека се од жанрот комедија, рече Коневски.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска истакна дека меѓу приоритетите на Министерството е локалниот културен развој и затоа се вклучува во поддршка на манифестации во општините низ државата. Меѓу нив е и „Топол културен бран“ чија цел е достапност на културата до сите македонски граѓани, како и посебните културни програми во градовите со туристички потенцијал.

- Посебно ме радува што општина Аеродром ќе има меѓународен фестивал - еден од новите манифестации кои сум уверена ќе прераснат во традиционални и ќе ги збогатат културните содржини за сите граѓани во летниот период. Овој фестивал е доказ за успешната соработка меѓу локалната и централната власт во областа на културата, рече Канческа-Милевска.

Министерството за култура поддржува над 150 меѓународни фестивали. „Гола месечина“ е еден од 20-те фестивали од драмската дејност поддржани во годишната програма, а еден од трите нови манифестации од театарската дејност кои годинава имаат прво издание. /МИА

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Полицијата денеска упадна во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растера пропалестинските активисти кои протестираа против израелската офанзива во Газа.

Претходно денеска група од околу 70 студенти ја окупираа зградата на Институтот за политички науки во центарот на Париз, по неуспешните преговори меѓу студентите и администрацијата за врските на Универзитетот со Израел, јави France24.

Од кабинетот на францускиот премиер по тој повод соопштија дека одговорот на владата е силен и ќе биде во целост таков.

„Наредивме систематска реакција и интервенција на органите на прогонот за слободен пристап до универзитетите штом ќе се воспостават блокади или собири“, изјавија од кабинетот на премиерот за ТВ БФМ.

Француските медиуми објавија дека на вработените во Универзитетот денеска им било кажано да работат од дома, бидејќи универзитетските згради биле затворени.

Директорот на Институтот за политички науки вчера ги отфрли барањата на студентите за преиспитување на врските на Универзитетот со Тел Авив.

Студентите на неколку француски универзитети ги блокираа или окупираа нивните факултети по митинзите организирани на кампусите низ САД против конфликтот во Газа.

Околу 100.000 имигранти во САД ќе можат да добијат здравствено осигурување до 2025 година

Околу 100.000 имигранти кои биле донесени во САД како деца идната година ќе станат корисници на здравствено осигурување според Законот за пристапна здравствена нега.

Околу 100.000 имигранти кои биле донесени во САД како деца идната година ќе станат корисници на здравствено осигурување според Законот за пристапна здравствена нега, врз основа на директивата објавена денеска од администрацијата на претседателот Џо Бајден.

Финализацијата на одлуката траеше подолго отколку што се очекуваше и не го вклучува предлогот на Бајден да им се дозволи на тие имигранти да аплицираат за Медикејд (Medicaid), програма за здравствено осигурување која обезбедува речиси бесплатно покритие за најсиромашните луѓе во нацијата.

Од друга страна, одлуката ќе им овозможи на илјадници мигранти да пристапат до даночни олеснувања откако уписот според Законот ќе започне на 1 ноември, само неколку дена пред претседателските избори, пренесува американските медиуми, според кои, овој потег може да му донесе на Бајден клучни гласови од Латинска Америка, но се очекува да биде критикуван од републиканците.

Крмов: Шестчасовното работно време е попродуктивно за работниците

Пратеникот Борислав Крмов, Носител во ИЕ3, за програмата на Левица, во однос на работниците и земјоделците истакна:

,,ИЕ 3 е во најголем дел работнички и земјоделски регион. Ние предлагаме шестчасовно работно време. Тоа не е никаква илузија, тоа на Запад го има - многу е поголема продуктивноста со шестчасовно работно време.

За земјоделците, најклучно е да имаме државни откупни центри, за да може земјоделците да добијат фер цена. Сега имате флаширана вода 20 денари, а тие сакаат млекото да им го откупат за 18 денари", се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер