Фестивал на џез, ворлд и современа музика - Канал 5

Фестивал на џез, ворлд и современа музика

Во Велес денеска почнува фестивалот на Фестивал на џез, ворлд и современа музика во органзиација на „АРТ ГЕНЕРАТОР”.

Фестивал на џез, ворлд и современа музика

Фестивалот е основан и финансиран од Општината и трае 5 дена.

Ќе настапуваат групи од Хрватска, Грција, со гости од Германија, Австралија и од државава.

За денеска е предвиден настап на „Reel Problems” од Хрватска со почеток во 20 часот. По завршувањето на концертот, на паркингот на велешкиот театар ќе настапи Бојан Чакра со DJ Vinyl set кој ќе биде пропратен со видео мапинг на Борче Конзулов.

Втората вечер е посветена на современата музика, настапуваат „КЕМ” и „Пијан славеј” . По завршувањето на концертите, на паркингот на театар Ј.Х.К Џинот – Велес ќе настапи Андреја Салпе со DJ set, кој ќе биде пропратен со видео мапинг на Борче Конзулов.

Третата вечер е посветена на 80 годишнината од смртта на великанот на Велес, Коста Солев Рацин. Ќе има концерт на Dine Doneff: „Dine Doneff Nered music Trilogie” од Грција во три етапи. Првиот дел ќе се одржи во Спомен костурницата во Велес, со почеток 18 часот. Следните две етапи се на големата сцена во театар Ј.Х.К Џинот - Велес, со почеток во 20 часот. По завршувањето на концертот, на паркингот на театарот ќе настапат „Aspirin Moon” музичко дуо со слем поетри, кои ќе бидат пропратени со визуелен перформанс на театар „Сенки и облаци”.

Четвртата вечер е резервирана за изложба на Фотини Потамиа и концерт на Бојан Петков - Шамба во Europe House Велес.

За целокупниот графички дизајн на фестивалот и оваа година се погрижи уметникот Филип Коруновски.

Целта е децентрализација и деметрополизација на културата и уметноста и пласман на квалитетни соджини. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Акциски контроли на возачи на велосипеди, мопеди, мотоцикли и електрични тротинети

Констатирани 161 прекршок.

Акциски контроли на возачи на велосипеди, мопеди, мотоцикли и електрични тротинети

На 08.10.2026 година, во периодот од 11:00 до 17:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли насочени кон возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мотоцикли, трицикли, четирицикли и лесни електрични возила (тротинети).

При контролите констатирани се вкупно 161 прекршок, за кои се преземени соодветни мерки согласно законските прописи.

Најголем број прекршоци се констатирани на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Битола – 44, потоа од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата – 28, како и на подрачјата на Секторот за внатрешни работи Велес и Секторот за внатрешни работи Струмица, со по 22 прекршоци.

Во рамки на контролите поднесени се и осум кривични пријави согласно член 297-а од Кривичниот законик.

Констатирани се и 493 прекршоци од друг вид.

Министерството за внатрешни работи продолжува со спроведување на зајакнати сообраќајни контроли на целата територија на државата, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и доследно почитување на сообраќајните правила и прописи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пилотот загина, патнички авион е тешко оштетен во напад на аеродромот во Ријад (ВИДЕО)

Пилот на „Сауди ерлајнс“ (SV) загина, а еден од авионите на авиокомпанијата беше сериозно оштетен во вчерашниот напад врз Меѓународниот аеродром „Крал Халид“ (RUH) во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија.

Пилотот загина, патнички авион е тешко оштетен во напад на аеродромот во Ријад (ВИДЕО)

Саудиската национална авиокомпанија ја потврди смртта на пилотот и штетата на авионот, велејќи дека во времето на инцидентот немало патници во авионот.

Авиокомпанијата го идентификуваше пилотот како капетан Хамуд Али ал-Калтами. Не откри кој авион е оштетен, ниту даде дополнителни детали за околностите на неговата смрт.

Саудиската изјава следеше по извештаите на новинските агенции дека авионот на авиокомпанијата претрпел сериозна штета и се запалил додека бил паркиран на терминалот на аеродромот. Извори цитирани од агенцијата велат дека штетата можела да биде предизвикана од остатоци од пресретната ракета или директен удар од ракета.

Снимките објавени на социјалните медиуми покажаа патнички авион „Ербас А320“ паркиран на аеродромот со уништен поголем дел од трупот. Достапните снимки, исто така, сугерираат дека траката за слетување се олабавила или е уништена. Нема официјална потврда дека авионот е оној што го спомена Саудиска Арабија во своето соопштение, ниту пак е објавен точниот обем на штетата.

Нападите на Хутите го нарушија сообраќајот на аеродромот во Ријад

Движењето Хути во Јемен ја презеде одговорноста за нападот со балистички ракети врз Меѓународниот аеродром „Крал Халид“ на 8 октомври 2026 година. Коалицијата предводена од Саудиска Арабија соопшти дека пресретнала две балистички ракети над Ријад.

Саудиските власти изјавија дека остатоците од пресретнатата ракета паднале врз градинка и медицински комплекс во Ријад.

Нападот следеше по претходните напади врз аеродромите во Ријад и Абјан на 6 и 7 октомври, во кои, според саудиските воздухопловни власти, загинаа три лица, а 36 беа повредени.

Воздушниот сообраќај на аеродромот во Ријад беше сериозно нарушен на 8 октомври.

Хутите нападнаа два аеродрома во Саудиска Арабија: Тројца загинаа, 36 беа повредени, употребена е балистичка ракета

Според податоците од компанијата за анализа на воздушниот сообраќај „Цириум“, 169 од 378 закажани појдовни летови тој ден беа откажани или не беа реализирани.

Неколку меѓународни авиокомпании ги прекинаа летовите до саудискиот главен град, вклучувајќи ги „Луфтханза“ и „Ер Индија“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски од Подгорица: Модернизација на транспортната инфраструктура како услов за економски развој и посилна регионална соработка

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска во Подгорица, оствари средба и со министерот за транспорт на Црна Гора, Радош Зечевиќ.

Николоски од Подгорица: Модернизација на транспортната инфраструктура како услов за економски развој и посилна регионална соработка

На средбата се разговараше за можноста за унапредување на транспортното поврзување меѓу Македонија и Црна Гора, подобар пристап на пристаништата и нови развојни политики за меѓусебна соработка.

Николоски и Зечевиќ разговараа и за зголемување на економската и трговската соработка меѓу двете земји, а беше потенцирана и потребата од подобро регионално поврзување и модернизацијата на транспортната инфраструктура.

Вицепремиерот истакна дека Македонија работи на доизградба и модернизација на европските транспортни коридори, со цел подобро поврзување на регионот, олеснување на транспортот и обезбедување подобар пристап до регионалните пристаништа.

На средбата беа разменети и искуства и практики во областа на поморскиот сообраќај.

Соговорниците се согласија за потребата од унапредување на соработката во областите од заемен интерес, со цел создавање подобри услови за транспорт, трговија, инвестиции и економски развој во регионот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер