Фестивал „Малата школа на краткиот филм“ во Битола - Канал 5

Фестивал „Малата школа на краткиот филм“ во Битола

 Во Битола почнува третото издание на фестивалот „Малата школа на краткиот филм“, наменет за ученици од основните училишта во Битола, Новаци и Бач.

Фестивал „Малата школа на краткиот филм“ во Битола

Целта на фестивалот е едукација, филмска писменост, поттикнување на учениците да зборуваат, да ги изразат своите чувства, емоции, да го развиваат своето критичко размислување и да се зголеми свеста за кинематографската уметност, информираа организаторите на фестивалот.

Програмирани се кратки филмови, прилагодени на возраста на учениците, разновидни по нивните форми, анимирани филмови, фикција, документарци, експериментални, обработените теми и нивното географско потекло и секогаш во оригинална верзија, титлувани на македонски јазик.

За време на фестивалот во Битола ќе се реализираат три програми за ученици на возраст од 9 д 11 години и за ученици на возраст од 11 до 14 години. За првпат годинава, на средношколската публика ќе и бидат претставени и кратките филмови, избрани и наградени од нивните врсници од францускиот град Нанси за време на 29-то издание на Меѓународниот филмски фестивал во Нанси, со кој претседава македонскиот новинар Тони Гламчевски. Фестивалот од Нанси со својата делокализација во Битола промовира ширење на кинематографската уметност и пристап до културата за сите. Мисија која е блиску до срцето на целиот наставен тим на La Petite École du Film Court, кој во текот на годината организира работилници со цел обука за подигање на свеста за слики и звук, работилници за програмирање, училишен фестивал, сесии на млада публика на Меѓународниот филмски фестивал во Нанси.

Фестивалот ќе заврши на 3 ноември, и е во рамки на програмата за одбележувањето на 4-ти Ноември – денот на ослободувањето на Битола. Сите проекции се бесплатни и се одржуваат во НУ Центар за култура Битола, партнер на фестивалот се Француската алијанса од Битола и Француското конзуларно претставништво во Битола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вакцините против сезонски грип до крајот на месецов - доцнат поради глобален проблем во производството

Вакцините против сезонски грип се очекува да бидат обезбедени во текот на овој месец, информираат од министерството за здравство.

Вакцините против сезонски грип до крајот на месецов - доцнат поради глобален проблем во производството

Оттаму уверуваат дека се преземаат сите потребни активности вакцинацијата на ранливите категории граѓани да започне што е можно поскоро.. Од министерството појаснуваат дека доцнењето не е поврзано со домашната постапка за набавка, туку со глобален проблем во производството на вакцините.

Причината, според министерството, е промената на сите три вирусни соеви кои годинава се користат во составот на вакцината – два соја на вирусот на грип а и еден сој на грип Б.

Светската здравствена организација и американската агенција за храна и лекови ги ажурирале трите соеви, што довело до одложување на почетокот на производството кај производителите ширум светот., појаснуваат од министерството..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Бујната Софија во „тесно“

Најплатената телевизиска актерка на светот, атрактивната Софија Вергара се појави на еден настан во Париз и ги остави сите без зборови. 

Фото: Бујната Софија во „тесно“

Како и многупати претходно, главниот „виновник“ за ваквата реакција на светот беше нейното бујно деколте.

Во Париз е во тек Модната недела, која собира бројни ѕвезди од различни сфери на уметноста.

Софија Вергара не ја пропушти можноста да се појави на ваков настан, а веќе имавме прилика да го видиме нејзиното гламурозно издание за вечерната забава на брендот „Булгари“ (BVLGARI).

Актерката не застана на една атрактивна комбинација, туку уште следниот ден покажа уште посекси креација. Таа присуствуваше на уште една гала-вечера, а за таа пригода облече кожен фустан што ја следи линијата на телото и ја истакнува нејзината фигура.

Станува збор за фустан со корсет, украсен во минималистички стил, кој ги истакнува бујните гради.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Андоновски: Државата, граѓаните и компаниите мора заедно да го чекорат патот на дигиталната трансформација

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, учествуваше на денешната панел-дискусија во рамки на настанот на Светска банка за претставување на новиот Извештај за раст и работни места во Македонија, кој се одржа во Скопје.

Андоновски: Државата, граѓаните и компаниите мора заедно да го чекорат патот на дигиталната трансформација

Настанот го отвори претседателот на Владата, Проф. д-р Христијан Мицкоски, а во фокусот на обраќањето на Андоновски беа дигитализацијата на услугите, поддршката за дигитална трансформација на компаниите и потребата од поактивно користење на достапните дигитални решенија.

Андоновски истакна дека напредокот во дигитализацијата треба да се мери и преку реалната примена на услугите и придобивките што тие ги носат за граѓаните и стопанството.

„На Националниот портал за електронски услуги го зголемивме бројот од 120 на 360 електронски услуги, а на Платформата за интероперабилност, која овозможува меѓусебна комуникација и размена на податоци, од околу 60 стигнавме до 95 поврзани институции. За компаниите дигитализиравме десетина од најкористените услуги, кои самите ги посочија како потребни, меѓу кои потврдите за неосудуваност на правни лица и различни изводи“, посочи Андоновски.

Министерот нагласи дека паралелно со зголемувањето на понудата на електронски услуги, потребно е да се работи и на нивното пошироко прифаќање. Како пример ги наведе услугите поврзани со извозот на вино и тутун од Државниот инспекторат за земјоделство, кај кои, и покрај значителното скратување на времето преку дигиталната постапка, дел од компаниите сè уште избираат да ги користат шалтерите.

„И кога ќе дигитализираме услуга која од 10 до 20 пати го скратува времето потребно за одредена компанија, таа повторно одбира да користи шалтер. Главната поента е да креираме екосистем кој ги користи услугите“, истакна Андоновски.

Дополнително, Андоновски ја нагласи поддршката за бизнис-секторот преку двата дигитални иновациски хаба, ИНО-ФЕИТ ЕДИХ и ДИГИТ-МАК, предводени од ФЕИТ и ФИНКИ. Преку кофинансирање од државата и Европската Унија, овие конзорциуми им овозможуваат на компаниите бесплатна поддршка за изработка на патокази за дигитализација, анализа на нивните потреби и тестирање на можни решенија.

„Целта е фирмите да знаат што им е потребно за да се дигитализираат. Овие услуги се достапни бесплатно и имаат простор за поголема искористеност. Мораме заедно да го чекориме овој пат, државата, граѓаните и компаниите“, порача министерот.

Андоновски информираше и дека се работи на софтверот САМИС за распределување на државната помош, кој треба да овозможи поголема транспарентност и следливост на поддршката.

„Веќе работиме на софтвер за распределување на државната помош, САМИС, за транспарентно да знаеме каде оди државната помош, како се добива, за што служи и како се известува за неа“, истакна Андоновски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер