3Бела ноќ 2026 во Скопје: Игор Џамбазов и „Гуру Харе Бенд“, „Допамин“, електронска музика и уметност низ Скопје
КултураФестивал „Feelmotion“ на Филмската академија во ОхридИнститутот за филм - Филмската академија од Охрид наредниот викенд ќе го организира првиот филмски фестивал „Feelmotion“, во чии рамки ќе бидат организирани и средби на млади режисери, сценаристи, продуценти и студенти.На програмта на фестивалот што ќе се одржува од 8 до 10 овој месец ќе бидат прикажани 24 кратки филмови, како и 12 кратки анимирани филмови од млади автори од Академијата во Охрид, како и од регионот и пошироко. Дел од фестивалот ќе биде и панел-дискусија на независни продуценти на тема „Како да се обезбедат финансии за првиот проект“, како и дискусија посветена на филмското образование во регионот. На фестивалот ќе биде поставена и изложба на фотографии на автори од Фото-кино клубот од Битола. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
МакедонијаЕко – акција за чистење на Скопје – илјадници скопјани ги чистеа јавните површини во градот Со поддршка од сите скопски градоначалници, амбасадите, меѓународните организации, како и основните и средните училишта, денеска се спроведе големата еколошка акција за почисто Скопје. Покрај чистењето и уредувањето на јавните површини, акцијата има и едукативен карактер – токму затоа во неа се вклучени и ученици, со цел уште од најмала возраст да се гради одговорен однос кон животната средина. Но, еднодневното расчистување само по себе не е доволно доколку не се променат и секојдневните навики кон јавниот простор. На 50 локации денеска се чисти низ земјава, а во акцијата се вклучија јавни личности, средношколци и скопски градоначалници. Заеднички собираат отпад и испраќаат порака дека чистата околина е одговорност на сите. И граѓаните сметаат дека секој поединечно треба да биде пример за одговорното однесување кон животната средина... Отсега акциите за чистење на градот ќе се организираат двапати во месецот , по правило во среда, но терминот ќе зависи од временските услови. Паралелно со нив од следната недела Комунална хигиена ќе биде засилена со новите камиони за собирање на ѓубре и кабаст отпад, изјави градоначалникот. „Дополнително, завршена е постапката и потпишан е договорот., веќе во петок ја очекуваме првата тура од 1.100 контејнери за Град Скопје. Тоа е голема набавка од вкупно 3.300 контејнери, а во наредните две недели ќе стигне и испораката на останатите. Мислам дека сме на добар пат оние сцени од минатото да останат зад нас.“ – Орце Ѓорѓиевски. Инаку, во изминатиот период заради прекршоци поврзани со хигиената во градот, пред се заради оставање на кабаст отпад, биле изречени казни во вредност од над 80 илјади евра.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЌе донесе ли Фон Дер Лајен добри вести во Скопје?Има можност Македонија да издејствува патоказ како дел од групата најуспешни земји кандидатки по посетата на шефицата на Европската Комисија – Урсула фон дер Лајен, оценуваат европските експерти. Сепак, според дел од нив, уставните измени и за тоа би останале клучни, иако според досега објавените неофицијални детали од новата стратегија за проширување на Унијата, таа содржи елементи кои одат во корист на Македонија. Македонскиот предлог европски посредници да се вклучат во дијалогот со Бугарија може да се покаже како опасна авантура, предупредува Стојковски, додека пак според Кржаловски, таков формат може да биде пресликан и во Историската комисија. Новата стратегија за проширување се очекува да биде објавена следната недела, додека пак патоказите би биле усвоени до крајот на оваа година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНова средба на работната група за Изборниот законик, СДСМ не дојде на состанокот По недели застој нов обид да се одглави изборниот законик. Партиите денеска седнаа на консултативна средба кај министерот за правда Јетон Шасивари, но без претставник на СДСМ. Иако денешната средба не донесе договор Шасивари порача дека разликите не смеат да го блокираат унапредувањето на изборниот систем. И министерот и останатите претставници на партиите очекуваат на следната средба да се вклучи и најголемата опозициска партија, а Шасивари најави дека за ова ќе бара средба со претседателот на СДСМ Венко Филипче. -Идејата за денешната средба е да се даде втора шанса на работната група за измени во изборното законодавство. Целта на оваа средба е да ги сослушаме сите аспекти гронолошки на овој процес кој се одвиваше четири месеци и е дел на рефрмската агенда. Отсуството на СДСМ како релевантна политичка партија во нашиот партиски и политички систем е хендикеп за овој процес,- изјави – Јетон Шасивари – Министер за правда . ВМРО ДПМНЕ е подготвена да прифати една изборна единица, што е на иста линија со коалицискиот партнер ЗНАМ, но оставаат простор за договор по останатите прашања. -По однос на предизборното финансирање ние сме спремни она што ќе го договорат ДУИ, СДСМ и Левица да го поддржиме како модел за користење на средствата за политичко рекламирање. Во однос на гласањето на дијаспората сметаме дека е уставна обврска на државата да овозможи гласање на секој државјанин без разлика на место. Треба да се олесни со посовремена методологија, без разлика дали ќе е електронско или по пошта,- изјави – Антонијо Милошоски – ВМРО ДПМНЕ. -Бевме минатиот пат на чекор со консензус да ја донесеме таа една изборна единица. Наш предлог беше со праг од 2 до 3 проценти но за жал еден од субјектите, но за жал еден од субјектите инсистираше на поголем број на изборни единици и кога немате консензус не го ставивме во промените на законското решение,- изјави – Весна Бендевска – ЗНАМ. За опозициската ДУИ на повидок е широк консензус за Изборниот законик. Левица пак останува на забелешките за финансирањето на изборната кампања. -Сме отворени за дијалог. Мислем дека бевме и сме многу блиску до еден широк консензус би рекол што е можност да се исполнат и препораките на ЕУ. За нас како ДУИ е прифатливо една изборна единица но за жал има различни предложи но за жал остана претходното решение,- изјави – Блерим Беџети – ДУИ. -Двете главни работи за кои се залагаме се една изборна единица и фер распределба на средствата за кампањи. Ние бевме против онлајн гласање затоа што не е тоа пракса во Европа, го има во неколку држави во неколку дури е укинувано. Глањето по пошта е пракса некаде но е прашање колку кај нас е тоа возможно ако знаме Македонски пошти како функционираат,- изјави – Борислав Крмов - Левица. Од СДСМ иако не присуствуваа на средбата преку соопштение реагираат дека тие нема да седнат на маса со, како што велат, криминалци и нивни измислени сателити нив, и нема да дозволат изборен грабеж. -Нема да поддржиме закон во кој ќе има друг начин на заокружување на гласачкото ливче поради историјата на злоупотреба на изборите во 2016 година и да нема електронско гласање на дијаспората. Нема да дозволиме отворање врата за изборна кражба, велат од СДСМ. Иако партиите останаа на разликите по некои од прашањата поврзани со Изборниот законик разговорите ќе продолжат. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11