3Петрушевски: Филипче ако сака во ЕУ, не треба да лаже и да води селективна борба против корупција и криминал
3Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари
ФормулаФерстапен: Освоив пол-позиција, но Астон Мартин ќе ни биде најблиску на тркатаПилотот на Ред Бул Макс Ферстапен зборуваше за неговиот настап во квалификациите за Големата награда на Бахреин, на кои ја освои пол позицијата.Според Макс, болидот „RB19“ сè уште не е целосно во согласност со неговите желби. - Поминавме подобро од очекуваното по сите проблеми што ги имав викендов. Во квалификациите сè помина прилично добро, но има некои работи на кои треба да се работи пред следниот тркачки викенд. Има делови на двата автомобили кои не содејствуваат многу добро еден со друг, иако би требало. Не мислам дека одеднаш успеавме во квалификациите. Ги вложуваме сите наши напори да го развиеме болидот. Истата рамнотежа беше малку подобра од претходните сесии - но сепак не е она што го сакам. Во услови на трка, генерално изгледаме подобро отколку во квалификациите, истакна Ферстапен. Бранителот на шампионскиот трофеј, очекува голема конкуренција од возачите на Астон Мартин. - Тие ќе ни биде најблиску, но, за среќа, почнуваат од подолен стартен ред. Треба само да се фокусираме на себе и да дадеме сè од себе, додаде Ферстапен. Главната трка за Големата награда на Бахреин со која ќе биде отворена новата сезона во Формула 1 шампионатот ќе почне денес во 16 часот. Верстапен ја има стартната позиција, додека Фернандо Алонсо од Астон Мартин ќе тргне од шестата позиција. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураОктомври во МНТ – театар, гостувања и музикаОктомври во Македонскиот народен театар носи разновидна програма исполнета со театарски наслови, гостувања и нови сценски и музички содржини.Покрај претставите од редовната репертоарска програма, публиката ќе има можност да ја погледне и најновата продукција на МНТ – „Три сестри“ како и да проследи претстава од странство. Посебно место во октомвриската програма има и „Од другата страна“ на Поетроника – едночасовно звучно и визуелно патување низ најновиот музички материјал на дуото. На 7 октомври од 19.00 часот, на реновираната тераса на МНТ, ве покануваме да ја доживеете Поетроника во нов амбиент. Влезот е бесплатен. РЕПЕРТОАР – ОКТОМВРИ 5.10 | „ТРИ СЕСТРИ“ 7.10 | ПОЕТРОНИКА – „ОД ДРУГАТА СТРАНА“ - 19:00 ч. 8.10 | „КЕЦ НА ДЕСЕТКА“ 9.10 | „СТРАВ И НАДЕЖ“ 13.10 | „ДОМА“ - ФДУ 19.10 | „КАО КАКАО“ 21.10 | „ТРИ СЕСТРИ“ 28.10 | „ДОСИЕ ПЕПЕРУТКА“ - гостување од Анкара 29.10 | „ТОРОНТО ЕКСПРЕС“ Сите театарски претстави започнуваат во 20.00 часот, освен настанот на Поетроника, кој започнува во 19.00 часот. Билетите се достапни преку веб-страницата www.mnt.mk и на билетарницата на МНТ. Ве очекуваме во МНТ!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалБилиќ и по дебаклот против Англија останува на клупата на Хрватска рватската фудбалска репрезентација претрпе еден од најтешките удари во својата историја! Во мечо до Лигата на нации, Англија славеше со неверојатни 7:0 на „Рујевица“ и им го нанесе најтешкиот пораз во историјата на популарните „Ватрените“, а веднаш по тој историски дебакл се наметна прашањето – што ќе се случи со селекторот Славен Билиќ? Дел од хрватската јавност веќе почна да бара негово заминување, но претседателот на Хрватскиот фудбалски сојуз, Маријан Кустиќ, по натпреварот повлече потег со кој ја отстрани најголемата дилема. Билиќ, барем засега, останува на хрватската клупа. Како што пренесоа хрватските медиуми, по натпреварот Кустиќ се симнал во соблекувалната и им се обратил на репрезентативците и на целиот стручен штаб. Пораката била јасна и воопшто не беше пријатна. Кустиќ им дал до знаење на фудбалерите дека начинот на кој одиграа против Англија, како и нивниот однос кон хрватскиот дрес, се неприфатливи. Сепак, по критиките следувала и поддршка. Претседателот на ХНС им порачал на фудбалерите дека поради едно катастрофално издание не станале лоши играчи преку ноќ и дека очекува реакција уште на следниот натпревар. Тој особено го истакнал престојниот дуел со Шпанија утре на „Пољуд“, каде што Хрватска ќе има можност да покаже карактер и да се обиде да го поправи впечатокот по дебаклот против Англија. Потоа претседателот Кустиќ ја решил и најголемата дилема. Маријан Кустиќ му даде безусловна поддршка на Славен Билиќ! Тоа значи дека, и покрај најтешкиот пораз во историјата на хрватската репрезентација, ХНС (HNS) во моментов не планира да го смени селекторот. Билиќ останува на клупата и ќе има можност да покаже реакција со тимот веќе на натпреварот против Шпанија. Самиот Билиќ ја презеде одговорноста ден по дебаклот и изјави дека Хрватска мора да покаже карактер. „Ја преземам одговорноста за ова разочарување што ѝ го приредивме на Хрватска“, рече Билиќ, порачувајќи дека дуелот со Шпанија е можност тимот да го поправи впечатокот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФилипче: Фон дер Лајен му ја одзеде лагата на Мицкоски за македонскиот идентитетПретседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција рече дека посетата на Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Христијан Мицкоски за наводната загрозеност на македонскиот идентитет.„Нема Христијан повеќе што да лаже. Не може повеќе да глуми патриот кој ги штити националните интереси, поради тоа што вистината е дека тие се заштитени и никој, никогаш, на ниту еден начин, нема да може да ни ги одземе. Христијан не е задоволен од посетата, нормално, затоа што претседателката Фон дер Лајен му ја одзеде лагата“, рече Филипче. Тој потсети на изјавите и ветувањата на Мицкоски за Преспанскиот договор и на потврдата дека договорот го штити националниот идентитет. „Велеше, идентитетот е загрозен, ќе го поништиме Преспанскиот договор. И што направи човекот? Ништо. Кажа дека Преспанскиот договор е ремек-дело на дипломатијата. Претседателката Гордана Сиљановска потврди дека Преспанскиот договор го штити нашиот национален идентитет“, потенцираше претседателот на СДСМ. Филипче нагласи дека се потврдени ставовите што СДСМ ги застапува за заштитата на македонскиот идентитет и јазик а лагите на Мицкоски се целосно потопени. „Јасно е дека овие луѓе со лага дојдоа на власт, глумејќи патриоти, и сега со лаги сакаат на власт да останат. Се потврди сè што зборувавме досега. Идентитетот зачуван, потврден со Преспанскиот договор. Јазикот потврден со договорот Фронтекс, потпишан на чист македонски јазик“, истакна Филипче. Претседателот на СДСМ посочи дека задржувањето на државата во изолација ги загрозува нејзината иднина и интересите на граѓаните. „Не напредуваме, стоиме во место. Поминуваат шансите покрај нас, а младите луѓе се селат. Ние тонеме во сиромаштија. Нека не го губи времето повеќе на државата Христијан Мицкоски, затоа што ниту е патриот, ниту ги штити националните интереси. Еве, го потврди тоа и претседателката Фон дер Лајен. Тоа е само еден обичен лажго којшто сака да остане на власт“, рече претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче. Скопје, 05.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter