Ферстапен најбрз на првиот тренинг во Силверстон - Канал 5

Ферстапен најбрз на првиот тренинг во Силверстон

 Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, беше најбрз на денешниот прв тренинг пред трката во Формула 1 за Големата награда на Велика Британија.

Ферстапен најбрз на првиот тренинг во Силверстон

Холанѓанецот Ферстапен, кој води во генералниот пласман, на првиот тренинг оствари време од 1:28, 600 минути и за 0.488 секунди беше побрз од клупскиот колега Серхио Перез.

Трето време оствари Алекс Албон во болидот на Вилијамс, а по него следуваа Фернандо Алонсо, Шарл Леклер, Естебан Окон, Карлос Саинц, Ландо Морис, Ленс Строл и Оскар Пјастри.

Главните квалификации се на програмата в сабота, а трката за Големата награда на Велика Британија ќе стартува в недела од 16 часот. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Две нови комори се приклучија кон семејството на Сојузот на стопански комори

Две нови комори се приклучија кон семејството на Сојузот на стопански комори

Две нови комори се приклучија кон семејството на Сојузот на стопански комори

Со новите членки ЕнергоКом - Стопанска комора на компании од енергетиката и Комората за превенција, заштита од пожари и кризен менаџмент, ССКМ го заокружи процесот на пререгистрација и организациска консолидација. ССКМ денес обединува вкупно десет комори и три групации, а последното окрупнување претставува значаен чекор во понатамошното јакнење на најголемата деловна мрежа во државата и проширување на секторите што добиваат организирано коморско застапување за поефикасно застапување на интересите на компаниите. Организациското прегрупирање и новиот начин на управување доаг а по редовното Годишно собрание, одржано кон крајот на јуни годинава во Скопје. „Сојузот на стопански комори на Македонија продолжува да расте и да ја зајакнува својата мрежа. Визијата за посилен, поконкурентен и подобро организиран коморски систем век е добива конкретна потврда преку проширувањето на семејството на Сојузот. Со приклучувањето на двете нови комори се заокружува процесот, а новата организација овозможува поефикасно секторско организирање, посилно застапување на интересите на компаниите и дополнително јакнење на коморскиот систем. Приклучувањето на новите комори е уште една потврда дека сè поголем број компании и професионални здруженија го препознаваат Сојузот на стопански комори на Македонија како кредибилен партнер и силен застапник на интересите на бизнис-заедницата. Во услови на динамични економски промени, обединувањето на компаниите во рамки на силен коморски систем е од особено значење за креирање заеднички иницијативи, унапредување на деловната клима и поефикасен институционален дијалог“, изјави претседателот на ССКМ, Горан Ѓорѓиевски.

Во овој момент, во состав на ССКМ функционираат следните комори: Агро бизнис комора; ИКТ комора; Комора на сметководители, финансии и даночни советници; Туристичко-угостителска комора; Услужна комора; ЕНЕРГОКОМ – Стопанска комора на компании од енергетиката; Комора на интегрирано приватно здравство; Комора за трговија и дистрибуција; Комора за индустрија и развој; и Комора за превенција, заштита од пожари и кризен менаџмент. Во рамки на Сојузот активно функционираат и трите групации: Групација за проекти; Групација за игри на срек а; и Групација за стартапи.

Преку својата работа, групациите придонесуваат за развој на нови иницијативи, поттикнување на иновациите и поефикасно застапување на специфичните интереси на компаниите.

Во ССКМ сметаат дека новата организациска поставеност к е овозможи уште посилно поврзување на компаниите од различни сектори, поголема мег усебна соработка, размена на знаење и искуства, како и поефикасно заедничко застапување на интересите на стопанството во земјата и на интернационалните пазари. ССКМ останува посветен на градење современ, силен и обединет коморски систем, кој к е биде двигател на конкурентноста, на дигиталната и на зелената транзиција, посветен кон развојот на претприемништвото и создавањето попредвидлива и поатрактивна деловна средина за македонските компании.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Украина погоди две големи руски рафинерии оддалечени стотици километри од границата

Украина нападна две големи руски рафинерии оддалечени стотици километри од границата, изјави претседателот Володимир Зеленски.

Украина погоди две големи руски рафинерии оддалечени стотици километри од границата

Погодени биле рафинерии во Јарослав и во Башкортостан. Претходно беше објавено дека црн чад се издигнува од правецот на рафинеријата во Јарослав, една од петте најголеми во земјата. Регионалниот гувернер михаил евраев изјави дека ова е најголемиот напад со кој се соочил регионот досега, при што биле соборени 92 дрона.

Руското министерство за одбрана соопшти дека противвоздушната одбрана пресретнала и уништила 605 украински дронови ноќеска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Топлотниот бран пристигнува и во Москва

Топлотниот бран пристигнува и во Москва, еве ги очекуваните температури во руската престолнина.

Топлотниот бран пристигнува и во Москва

Москва се подготвува за топлотен бран што ќе трае до почетокот на втората декада од август, при што температурите утре ќе достигнат 32 степени, а во петок 33 степени, соопшти Московскиот метеоролошки институт.

За градот веќе е издадено портокалово предупредување за опасни временски услови, што подразбира ризик од природни непогоди и штети. Ова предупредување важи до вечерните часови на 7 август.

Се очекува температурите во Русија да го надминат прагот за „голема жештина“, кој за Москва изнесува 30 степени Целзиусови, додека за другите региони тој праг е 35 степени. Рускиот хидрометеоролошки центар појаснува дека поимот „голема жештина“ се однесува на периодот меѓу мај и август, кога температурата ги достигнува или надминува овие вредности.

Во меѓувреме, температурата на главната метеоролошка станица во Москва, лоцирана во ВДНХ, во средата се спушти под 30 степени и изнесуваше 28,1 степен Целзиусов.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер