3Видео: Аргентинците донесоа 500 кг. месо на Светското првенство, Лаутаро и Мартинез главни „скараџии“
ФормулаФернандо Алонсо става крај на кариерата во Формула 1Двократниот светски шампион Фернандо Алонсо се повлекува од Формула 1. Шпанецот објави емотивно видео за збогум на својот Твитер профил, а истовремено со тоа Мекларен официјално ја потврдија веста. „Мекларен Рејсинг ги потврдува денес информациите дека двократниот светски шампион Фернандо Алонсо нема да се натпреварува во Формула 1 во 2019. Фернандо, кој наполни 37 во јули, се натпреварува во својата 17-та сезона, петта со Мекларен, и освоил 32 победи, 22 пол-позиции и 97 подиуми до денес. Покрај неговите две светски титули, во 2005 тој стана најмладиот светски шампион во историјата на Ф1, а три пати заврши како вице-шампион“, велат од неговиот тим. Шефот на Мекларен, Зак Браун, изјави дека Фернандо не е само амбасадор на Мекларен, но и на Ф1. - Неговите 17 години во спортот, како еден од најистакнатите од неговата генерација и без сомнение еден од најголемите во Ф1, додадоа нов слој во богата историја на Формула 1. За секој настапува време да направи промена и Фернандо одлучи неговата да настапи по крајот на сезоната. Ние ја почитуваме неговата одлука, иако тој се наоѓа во најдобрата форма за целата кариера. Отворениот дијалог со Фернандо ни овозможи да се подготвиме за таква опција, вели Браун. Тој додаде дека Алонсо ќе продолжи да се натпреварува на максимално високо ниво и во преостанатите девет старта до крајот на сезоната.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПостои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски08:54Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00Регистриран земјотрес во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар08:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски08:54
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59
БалканЗемјотрес во БиХЗемјотрес со магнитуда од 3,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово, 30 јуни, во 6:18 часот во близина на Зеница, Босна и Херцеговина.Според податоците на EMSC, епицентарот бил на 11 км од Зеница, на длабочина од седум километри. Ова се класифицира како плиток земјотрес, кој, и покрај помалата магнитуда, може да се почувствува на пошироко подрачје. Сè уште нема информации за материјална штета.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НБАЏа Морант трејдуван во ПортландЕдна од најголемите размени летово во НБА е официјализирана. Џа Морант повеќе не е член на Мемфис Гризлис, туку ќе ја продолжи својата кариера во Портланд Треил Блејзерс. Во спротивна насока, заминуваат Џерами Грант и Крис Мареј, со што завршува седумгодишната ера на Морант во Мемфис. Морант беше избран како втор избор на НБА драфтот во 2019 година и брзо се етаблираше како еден од најатрактивните бекови во лигата. Тој ја освои наградата за дебитант на годината во својата прва сезона, додека две години подоцна беше прогласен за играч со најголем напредок. Многумина го гледаа како идното лице на НБА, но следеа бројни проблеми. Сериозни повреди, вклучувајќи ја и најновата поради која играше само 20 натпревари минатата сезона, го забавија неговиот развој. Покрај тоа, неколку инциденти надвор од теренот резултираа со суспензии и му го нарушија односот со раководството на Мемфис.Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Други спортовиМакедонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светотМакедонската репрезентативка, членка на Велосипедскиот клуб Енерџи и актуелна државна шампионка во планински велосипедизам, Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам.Македонската репрезентативка, членка на Велосипедскиот клуб Енерџи и актуелна државна шампионка во планински велосипедизам, Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам откако утрово на најновата светска ранг-листа на УЦИ се искачи на 33. место во светот. До овој извонреден резултат Иванова стигна по успешните настапи на трите Светски купови од престижната HERO World Cup серија – Коста Бланка во Шпанија, Елба во Италија и Натурланд во Андора како и по трката во Кастро, Италија и одбраната на титулата државен првак во МТБ маратон. Настапот во Андора имаше особено значење, бидејќи токму таму Иванова обезбеди квалификација за претстојното Светско првенство во планински велосипедизам кое ќе се одржи во Италија. Овој резултат добива уште поголема тежина ако се земе предвид конкуренцијата од стотици рангирани натпреварувачки од сите континенти, како и фактот дека Иванова го носи досега највисокиот пласман за Македонија позиционирајќи се на првата страница на светската УЦИ ранг-листа. Следниот предизвик за Иванова е Европското првенство во Рамалес де ла Викторија, Шпанија, каде како македонска репрезентативка ќе се натпреварува со најдобрите европски велосипедистки на исклучително сериозна и техничка патека долга 75км со висинско искачување од 3000 метри.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПостои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски08:54Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00Регистриран земјотрес во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар08:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски08:54
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59