Фергусон и Раул во друштво на првиот македонски селектор Дончевски - Канал 5

Фергусон и Раул во друштво на првиот македонски селектор Дончевски

Меѓу легендите кои ќе го следат вечерашниот Супер куп меч во Скопје меѓу Реал и Манчестер, покрај гостите од Англија и Шпанија се и легенди на македонскиот фудбал.

Фергусон и Раул во друштво на првиот македонски селектор Дончевски
Првиот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, Андон Дончевски кој долги години живее во Австралија, секако не ја пропушти можноста да биде дел од спектакуларниот настан. На покана на Фудбалската федерација на Македонија, Дончевски беше дел од присутните кои присуствуваа на гала вечерта.

Она што за Македонија е популарниот „чичко Дончо“, за Англија е Сер Алекс Фергусон легендарниот тренер на Манчестер Јунајтед. Искусните „лисци“ сигурно имаа што да разменат од своето богато тренерско минато, но и да ги искажат очекувањата за претстојниот меч. Во нивно друштво беше и легендарниот голгетер на „Кралскиот клуб“ Раул Гонзалез кој со својот поранешен соиграч Роберто Карлос се во улога на специјални известувачи за клупската телевизија на Реал Мадрид.

Сите тие вечерва од 20:45 часот ќе бидат присутни меѓу 30-те илјади „среќници“ на арената „Филип Втори“ кои во живо ќе може да го следат мечот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед во борба за трофејот на УЕФА Супер купот. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предметот „Корабоски“ да се пресели во друго обвинителство и суд, аплеира адвокатот Туфегчиќ

 Според него, реакциите во јавноста се оправдани.

Предметот „Корабоски“ да се пресели во друго обвинителство и суд, аплеира адвокатот Туфегчиќ

Необичниот пресврт, од мерки на претпазливост за насилникот Кристијан Корабоски и пуштање дома па се до притвор неколку часа подоцна, е драстична промена која е показател на различни правни стандарди, кои со право отвораат сомнежи дека имало влијание во првичната одлука на јавниот обвинител, смета адвокатот Владимир Туфегчиќ. Според него, реакциите во јавноста се оправдани, а предметот во кој Корабоски е обвинет за претепување на неговата девојка Сара Ѓорѓиоска, од Охрид треба да се делегира на друго обвинителство и друг суд, поради непристрасноста во постапувањето.

-Мала локална средина создава голема локална моќ на одредени луѓе кои можат да имаат и имаат влијание врз институциите, вклучително и судиите и јавните обвинители. И ова што сега се случило, не е добро, затоа што не можете вие на еден човек денеска сабајле да му определите мерки за претпазливост, а по ручек, за истата работа, да му определите мерка притвор и тоа е прилично дискутабилно. Се примениле во конкретниот случај различни правни стандарди, отвора сомнеж дека имало влијание за првичната одлука на јавниот обвинител.- Владимир Туфегчиќ – Адвокат

Според правната квалификација на делото, која исто така доживеа промена во неколку часа, од „тешки телесни повреди“ до обвинение поднесено по три кривични дела „телесна повреда“, „против правно лишување од слобода“ и „загрозување на сигурноста“, според Туфегџиќ исто така е невообичаено. Вели, обвинителот, наместо десетина часа, законски можел да го држи во притвор осомничениот 24 – часа, што е доволно време да види со какви докази располага во моментот и да донесе соодветна одлука.

-По однос на правната квалификација на кривичното дело и самиот настан, ќе кажам дека ниту јас, ниту вие, ниту било кој е повикан да се стави во улога на јавен обвинител, таа работа треба да ја одработи јавниот обвинител кој денеска бара 40% поголема плата, треба да си го одработи судот и институциите, каде што е место за таква работа. Јавниот обвинител, не знам од кои причини, не го искористил законското овластување за задржување од 24 часа, тие во законот за кривичната постапка не се предвидени случајно, тоа е време кое е сосема доволно, се проценило дека е доволно, да јавниот обвинител види за што се работи, да види со какви докази располага и да, на некој начин, му биде овозможено да донесе соодветна јавно обвинителска одлука, а не вака со брзање, да се носат две различни одлуки од претпладне до попладне. - Владимир Туфегџиќ - Адвокат

Според адвокатот, реакциите во јавноста се оправдани и мора навремено да се елиминира некакво претпоставено влијание, па смета дека ваквите проблеми би се решиле доколку конечно Републичкото јавно обвинителство го примени законското овластување за хоризонтално преместување на судии и обвинители од едно во друго апелационо подрачје, особено во малите средини каде луѓето повеќето меѓусебно се познаваат.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљаносвка Давкова: Случаите на насилство врз жени стануваат епидемија

Сиљановска Давкова најави иницијатива со која на иста маса ќе седнат сите надлежни институции и ќе бараат решенија.

Сиљаносвка Давкова: Случаите на насилство врз жени стануваат епидемија

По низата напади врз жени во изминатиот период претседателката Сиљановска Давкова смета дека случаите прераснуваат во епидемија и најави иницијатива со која на иста маса ќе седнат сите надлежни институции и ќе бараат решенија за ваквите насилства.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На 27 ноември закажано судење за насилството врз Сара - Корабоски ќе седне на обвинителна клупа

За 10 дена односно на 27 месецов ќе му се суди на Кристијан Корабоски за насилството врз 26-годишната Сара Ѓорѓиеска од Охрид.

На 27 ноември закажано судење за насилството врз Сара - Корабоски ќе седне на обвинителна клупа

Од Основниот суд во Охрид за Канал 5 потврдија дека рочиштето веќе е закажано а предметот е распределен кај судијката Александра Поп Стефанија.

31 годишниот Кристијан веќе е спроведен во притворското одделение на затворот во Охрид откако судот му определи 30-дневен притвор поради опасност од бегство и можност за повторување на делото. Со обвинението кое вчера експресно беше поднесено се товари за три кривични дела – телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста.

Директорот на БЈБ Александар Јанев потврди дека во моментот на нападот Корабоски бил под дејство на алкохол. Уверува дека полицијата во случајот постапила професионално, во рамки на свите надлежности.

-Ние работевме на документирање на целокупниот случај, бевме во потреба по нови околности, елементи и материјални докази, каде што дополнително доставените обезбедени докази и доставеното известување до надлежниот обвинител, одлуката се промени. - Александар Јанев - Директор на Бирото за јавна безбедност

Од СДСМ пак бараат одговорност од МВР, обвинителството и судот за постапувањето во случајот, но и проширување на истрагата за сите што се обиделе да влијаат на постапката.

„Мицкоски, Тошковски, Савески - бараме проширување на истрагата. Насилникот од Охрид не е сам. Има родители кои сугерирале да се ослободи од делото и да го заташкаат. Има обвинител кој не постапил. Бараме најстроги казни за насилникот и за сите соучесници кои му помагале да го прикрие делото, доказите, извештаите или ја попречувале правдата“, рече Тренчевска.

На повик на СДСМ во 18 часот е закажан и протест пред СВР Охрид. Од семејството на Сара за Канал 5 велат дека се надеваат дека тој нема да биде партиски обоен или искористен за партиски цели туку ќе биде протест на граѓаните со цел да се подигне свеста за насилството.

-Ние како семејство во моментов не сме ниту психички ниту физички подготвени да присуствуваме на протест, иако сум свесен дека тоа дополнително би ја вознемирило сестра ми.- Димитар Ѓорѓиоски – брат на Сара

Сара Ѓорѓиеска е пуштена од болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, каде беше хоспитализирана по нападот а лекувањето ќе го продолжи на скопските клиники.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер