АвтомобилизамФерари од 1.000 КС „ја прелета“ патеката Фјорано (ВИДЕО)Ferrari SF90 XX Stradale, ограничен модел во специјално издание, постави нов рекорд во круг на тест патеката Фиорано на Ферари во категоријата друмски автомобили.Со тест-возачот Рафаеле де Симон зад воланот, автомобилот ја помина патеката долга 2.997 метри за само 1'17,309", што е за 1,4 секунди побрзо од претходниот рекорд. Инаку, го држеше основната верзија на моделот SF90 со пакетот Assetto Fiorano. Автомобилот ги имаше сите стандардни делови, вклучувајќи ги и гумите Michelin Cup2R, како што беа на претходниот рекордер. Новиот рекордер е едно од најмоќните Ферари што ги нуди легендарниот италијански бренд. Се придвижува од хибриден склоп, каде V8 бензинскиот мотор има зафатнина од четири литри, со два турбо-полначи, кои развиваат 797 КС, додека му помага електромотор со 232 КС. Силата се пренесува преку осумстепен менувач моделиран по оној на Формула 1. Автомобилот тежи помалку од тон и половина, забрзува до 100 km/h за 2,3, а до 200 km/h за само 6,3 секунди. Неговата цена започнува од 770 илјади евра. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС се ставија на страната на талогот предводена од Заев и ФилипчеСДС се ставија на страната на талогот предводена од Заев и Филипче, нивниот страв е стравот од одговорноста кој ќе се случи неминовно.Една корекција на колегите од СДС, граѓаните не се талог на општеството, но со оглед на тоа што СДС се почувствуваа засегнати, сами се ставија на страната на талогот. Истиот тој талог составен од банда криминалци, на чело со Зоран Заев и Венко Филипче, кои шират дефитизам и нихилизам додека одмараат на грчките плажи со украдените пари од граѓаните. Ете тој талог ќе биде поразен и нивниот страв е стравот од одговорноста кој ќе се случи неминовно. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
ЕвропаТешка несреќа во Италија: Шестмина загинати, 30 повредени Шест лица загинаа, а 30 се повредени во сообраќајна несреќа што се случи денеска на автопатот во италијанската провинција Риети, во близина на езерото Вентина, соопштија полициски извори.Според полициски извори, загинале двајца возачи на автобус и двајца патници, додека другите две жртви биле во камперот, пренесува „Кориере дела сера“. Од 30-те лица повредени во судирот, тројца се во тешка состојба. Во челниот судир меѓу кампер што се движеше кон Терни и автобус што се движеше по спротивната лента, кон Риети, учествуваа и три автомобили. Камперот вклучен во судирот беше целосно уништен, додека еден автомобил се преврте. Причината и деталите за несреќата сè уште се предмет на истрага.Тагови: сообраќаен хаос Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
БалканВИДЕО: Хеликоптери се судрија при гаснење пожар во Грција – извлечени телата на пилотитеГрчката противпожарна служба потврди дека се извлечени телата на пилотите чиј хеликоптер експлодираше и се урна по судирот со друг хеликоптер за време на мисија за гаснење пожар во Грција. Пилотот бил Данец, а копилотот Грк, објави државниот сервис ERT. Со нивната смрт, вкупниот број на жртви од шумските пожари во Грција се искачи на пет, по смртта на тројца пожарникари на Крит и на Пелопонез минатата недела. ERT емитуваше снимка на која се гледа како роторот на едниот хеликоптер удира во другото летало, по што тоа експлодира и во пламен паѓа на земјата. Двајца членови на екипажот од вториот хеликоптер го преживеале инцидентот откако пилотот успеал да изведе принудно слетување, објави медиумот. 🔴 Two Bell 214ST firefighting helicopters collided mid-air while battling a major forest fire in the Psatha area, west of Athens, Greece, triggering a search and rescue operation. ✈️ Aircraft involved: One helicopter was Bell 214ST N511EV (serial 28105, built in 1982), while… pic.twitter.com/Jwd3qpLAfj — FL360aero (@fl360aero) August 2, 2026 Хеликоптерите се судрија додека гаснеле пожар западно од Атина. Започната е голема операција за пребарување и спасување во областа близу селото Псата, соопшти противпожарната служба. Во меѓувреме, пламените јазици од огромен пожар, што беснее на околу 50 километри западно од Атина, се проширија до непосредна близина на градот Мегара, кој брои околу 36.000 жители. Според првичните проценки, од петокот досега се уништени повеќе од 10.000 хектари шума, како и куќи, штали и земјоделско земјиште, објави ЕРТ. Стотици припадници на службите за итни интервенции, вклучително и пожарникари од Романија и Франција, се борат со големиот пожар што беснее околу густо пошумениот планински венец Китерон.Тагови: пожари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35