Ферари и Алфа Таури имаат проблеми со коронавирусот , се одложува ли стартот на Формула ? - Канал 5

Ферари и Алфа Таури имаат проблеми со коронавирусот , се одложува ли стартот на Формула ?

Новата сезона во Формула 1 е закажано да започне на 15 март, но ширењето на епидемијата на коронавирус од ден на ден создава дополнителни проблеми.

Ферари и Алфа Таури имаат проблеми со коронавирусот , се одложува ли стартот на Формула ?

Додека чекаат потврда за тоа дали првата трка од сезоната ќе се одржи во Австралија на 15 март, лошата вест пристигнува од Бахреин, каде седум дена подоцна се очекува да се одржи втората трка од сезоната Ф1.

Имено, поради ширењето на коронавирусот, властите во Бахреин им забранија влез на сите странски државјани кои престојувале во Италија, Ирак, Кина, Хонг Конг, Иран, Тајланд, Сингапур, Малезија и Јужна Кореја во претходните 14 дена. Ова е голем проблем за екипите на Формула 1 од Италија - Ферари и Алфа Таури, но и екипите кои ги снабдуваат моторите на Ферари - Алфа Ромео и Хаас.

Ова значи дека ќе биде практично невозможно да учествуваат во втората трка од сезоната во Бахреин.

Големата награда на Бахреин започнува на 20 март, а со оглед на фактот дека возачите и членовите на тимовите мора да бидат таму два дена порано, тоа значи дека сите овие луѓе ќе треба да ја напуштат Италија до утре, како и да мора да се подготват за две трки во исто време - Австралија и Бахреин затоа што во меѓувреме не можат да се вратат во својата база - во Италија.

Овој проблем може да доведе до одредено одложување на почетокот на сезоната, за кое се зборува подолго време, бидејќи неможноста на некои тимови да учествуваат би ја довела во прашање регуларноста на самото натпреварување.

Познато е дека трката за Големата награда на Кина, која беше закажана за 19 април, беше откажана заради коронавирусот, додека организаторите на трката во Виетнам пред неколку дена најавија дека ќе се вози на 5 април, како што е планирано.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР и ROADPOL со засилени контроли на патиштата - брзината одзема животи

Засилените сообраќајни контроли за почитување на ограничувањата на брзината продолжуваат и во текот на овој викенд, во рамки на координираната европска акција на Европската мрежа на сообраќајни полиции – ROADPOL.

МВР и ROADPOL со засилени контроли на патиштата - брзината одзема животи

Во периодот од 03 до 09 август 2026 година, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведува интензивни контроли насочени кон откривање и санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената.

Прекумерната брзина не е само прекршок – таа е една од најчестите причини за тешки сообраќајни незгоди со трагични последици. Секое пречекорување на ограничувањето го зголемува ризикот од незгода и ја намалува можноста за навремена реакција.

Затоа апелираме до сите возачи да ја намалат брзината, да ја приспособат на условите на патот и да возат одговорно. Почитувањето на ограничувањата значи поголема безбедност за вас, за вашето семејство и за секој друг учесник во сообраќајот.

Нашата цел е една – секој човек безбедно да стигне до својата дестинација.

Намали брзина. Спаси живот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС потврди дека Филипче испратил осудени насилници

Прво им благодариме на колегите од СДС што ја потврдија веродостојноста на документите кои ги изнесовме, а потврдуваат дека Венко Филипче пратил осудени насилници да предизвикаат инцидент.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС потврди дека Филипче испратил осудени насилници

Во однос на документите, ја погрешија адресата. Тие до ВМРО-ДПМНЕ не се доставени од МВР туку од чесни структури на СДС кои и самите сакаат да се спротистават на талогот криминалци и трговци на дрога во СДС кои ја имаат киднапирано оваа партија.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивна активност на МВР и РСБСП: Апел до возачите да возат одморени

Активноста беше насочена кон подигнување на сообраќајната култура и безбедноста на патиштата.

Превентивна активност на МВР и РСБСП: Апел до возачите да возат одморени

Вчера (07.08.2026) во рамки на летната кампања „Безбедно лето 2026 – Вози одморен“, на автопатот А1, на наплатната станица Романовце, во периодот од 17:00 до 18:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи, во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), спроведе превентивно-едукативна активност наменета за возачите.

Активноста беше насочена кон подигнување на сообраќајната култура и безбедноста на патиштата, со посебен акцент на ризиците од управување со возило во состојба на замор, особено во услови на високи температури и зголемена фреквенција на сообраќај во летниот период.

На возачите им беа поделени едукативни флаери, а преку непосредна комуникација им беше укажано да не управуваат возило доколку се чувствуваат заморни, да прават почести паузи при подолги патувања и да внесуваат доволно течности, особено вода, за време на патувањето.

Министерството за внатрешни работи и РСБСП и понатаму ќе продолжат со превентивни активности насочени кон заштита на сите учесници во сообраќајот.

Сообраќајната безбедност зависи од секој од нас – секој живот е важен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер