Фени Индустри подобар од Карпош Соколи - Канал 5

Фени Индустри подобар од Карпош Соколи

Кошаркарите на Фени Индустри го победија Карпош Соколи во првото дерби од 20.коло на Првата македонска лига.

Фени Индустри подобар од Карпош Соколи
На средбата одиграна вечерва во Кавадарци, домаќинот тим на Фени Индустри славеше победа над второ пласираната екипа на табелата Карпош Соколи со 88-76.

Во локалното дерби во Гевгелија, дуелот меѓу Бест и Кожув заврши со очекувана победа на Кожув од 76-65.

Во првиот меч од оваа рунда Работнички вчера ја победи Струмица со 80-65.

Колото ќе биде заокружено во вторник (20 часот) со средбата меѓу минатогодишните финалисти МЗТ Скопје Аеродром и Куманово.

Табела: МЗТ Скопје Аеродром 36 бодови (19), Карпош Соколи 35 (20 натпревари), Фени Индустри 33 (20), Куманово 32 (19), Работнички 30 (20), Кожув 30 (20), Струмица 24 (20) и Бест 20 (20)./МИА



Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новите царини на Трамп го брануваат светот, само за Србија нема царини од САД

Новите американски царини што од полноќ стапија на сила за повеќе од 80 држави и трговски партнери предизвикаа бран реакции низ светот. 

Новите царини на Трамп го брануваат светот, само за Србија нема царини од САД

Додека дел од земјите најавуваат интензивирање на преговорите со Вашингтон, американскиот претседател Доналд Трамп испрати нови остри пораки кон Европската Унија, обвинувајќи ја дека со години неправедно ги таргетира американските компании.

Трамп ја обвини Европската Унија дека со казни кои се бројат во милијарди против технолошките гиганти Ејпл, Мета, Амазон и Гугул спроведува, како што рече, нелегална и дискриминаторска политика. Најави дека Брисел ќе плател „значителна цена“ и повторно се закани со високи царини за европските производи, нагласувајќи дека Соединетите Американски Држави повеќе нема да бидат, како што рече, „касичка за Европа“.

-Во земјата влегуваат млијарди долари благодарение на царините. Мислам дека победата на изборите на 5 ноември имаше влијание, но, најповеќе мислам дека царините се главната причина поради која денес имаме 19,2 трилиони долари инвестиции во земјава. Без царините ќе бевме во сериозна неволја – изјави Трамп.

Во регионот, најголемо внимание предизвика одлуката Србија привремено да биде изземена од американските царини. Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека, додека траат разговорите со Вашингтон, царините за српските производи ќе бидат нула проценти

За разлика од повеќе од 80 земји погодени со новите мерки, Македонија не е опфатена со новиот пакет американски царини. Македонските производи ќе продолжат да се извезуваат според редовниот американски царински режим, а за голем број производи тоа значи царинска стапка од нула проценти.

Земјава не е засегната од новите царини, што според економските оценки им овозможува на домашните извозници да ја задржат својата конкурентска позиција на американскиот пазар, но доколку мерката не потрае долго.

-Индиректните ефекти би можеле да се почувствуваат и во македонската економија доколку трговската војна дополнително се продлабочи – изјави Миновски.

Новите американски царини отворија ново поглавје во глобалните трговски односи, со различни последици и реакции кај погодените земји особено оние во ЕУ. Додека дел од државите веќе бараат решение преку преговори со Вашингтон, исходот од трговските тензии меѓу најголемите светски економии по одлуката на Трамп ќе остане важен фактор и за домашната економија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Партиски препукувања за загадената вода во Гостивар

Продолжуваат партиските препукуавња за загадената вода во Гостивар. 

Партиски препукувања за загадената вода во Гостивар

Од опозициската СДСМ бараат политичка и кривична одговорност и од централната и од локалната власт, од ВМРО-ДПМНЕ возвраќаат дека локалната власт во Гостивар со години е во раце на опозициските партии. Обвинуваат дека на СДСМ и ДУИ не им се важни граѓаните и дека го штитат градоначалникот Валбон Лимани.

„Не може да се отруе цел град и да нема ниту една оставка од оние кои потфрлиле, не може да луѓето да пијат отровна вода а никој да не одговара од власта. 20 години ВМРО-ОКГ е коалиција со секоја локална власт во Гостивар. Дваесет години нивни луѓе потпишуваат, именуваат, одлучуваат, членуваат по Управни одбори на јавните претпријатија. Додека граѓаните на Гостивар пиеле со денови отровна вода, Центарот за јавно здравје а прогласил водата за исправна“

„Тие се локална власт во Гостивар. Власт се СДС, ДУИ и Арбен Таравари во Гостивар.Ако им се важни граѓаните, како што знаат да повторуваат секојдевно нека го повикаат градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани кој е нивни кадар, да одговара, да поднесе оставка и слично. А тие што прават, молчат, што значи го штитат за труењето на населението во Гостивар и покажуваат дека поважен им е партискиот другар откоку граѓаните“

Меѓусебните партиски препукувања и фактот што дискусијата во политичкиот дискурс во последниот период се повеќе се сведува на теми кои во државата одамна требало да бидат надминати, според аналитичарот Арсовски е загрижувачки. За случајот со загадената вода во Гостивар, според него потребна е институционална одговорност и да се извлече поука за во иднина.

„Тоа е недостаток на моќ за процесирање кај граѓаните и тоа се амалгамира во еден заеднички општ жабарник каде гласачите го складираат тоа незадоволство за понатаму. Ние видовме апсења во Комуналц но недоставува една институционална одговорснот. Да се идентификува каде затаил системот, што се случил и да се воведат механизми тоа да не се повтори. Таа лекција не ја научивме ниту ја напавивме со Кочани, некулкуте сообраќајни несреќи, не гледам дека сега ја правиме во Гостивар“

Арсовски додава дека партиската пинг понг коумикација, нема да им донесе поени на политичарите, туку напротив само ќе го зголеми незадоволството кај граѓаните и дека тоа ќе се прелее и избори.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Анализа на ИБНА: Дали ДУИ го редефинира наративот во обид да се приближи кон Мицкоски?

„Одлуката на лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, да го истакне националното знаме на Македонија во својата канцеларија за прв пат во последните 24 години, е многу повеќе од симболичен протоколарен гест.“

Анализа на ИБНА: Дали ДУИ го редефинира наративот во обид да се приближи кон Мицкоски?

„Одлуката на лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, да го истакне националното знаме на Македонија во својата канцеларија за прв пат во последните 24 години, е многу повеќе од симболичен протоколарен гест, наведува во својата анализа грчката независна новинска и аналитичка мрежа ИБНА во новата политичка реалност со подемот на ВРЕДИ и губењето на клучните локални упоришта ја еродираа политичката доминација што ДУИ ја одржуваше повеќе од две децении.

Во исто време, премиерот Христијан Мицкоски избра да формира владина коалиција со ВЛЕН, наместо со ДУИ, преобликувајќи го балансот на застапеноста на Албанците во рамките на управните институции на земјата.

Одлуката на Али Ахмети да го истакне националното знаме на Македонија го одразува напорот на ДУИ да се репозиционира како политичка сила центрирана на институционалното управување во време на интензивна политичка конкуренција.

Потегот илустрира пошироко поместување во политичката конкуренција од етнички симболизам кон потрага по институционален кредибилитет“ – пишува меѓу другото во анализата на ИБНА, објавена неколку дена откако Ахмети на средба со австрискиот амбасадор во партиското седиште, го истакна македонското државно знаме, за прв пат досега.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер