Фејсбук затвори „фарма на тролови" водена од Владата на Никарагва во пресрет на изборите - Канал 5

Фејсбук затвори „фарма на тролови" водена од Владата на Никарагва во пресрет на изборите

Врховниот суд и Институтот за социјално осигурување во Никарагва, исто така, воделе помали групи на лажни профили, соопшти компанијата.

Фејсбук затвори „фарма на тролови" водена од Владата на Никарагва во пресрет на изборите

Фејсбук соопшти дека минатиот месец отстранил „фарма на тролови" со повеќе од илјада профили на Фејсбук и Инстаграм, управувана од владата на Никарагва и нејзината владејачка партија, Сандинистички фронт за национално ослободување.

Трол-фармата, што претставува координирана манипулација на јавното мислење преку лажни профили, имала за цел да промовира провладини и антивладини содржини, посочи Фејсбук, додавајќи дека таа работела од 2018 година, а ја воделе првенствено вработени во TELCOR, никарагваската телеком агенција, работејќи од Манагва.

Врховниот суд и Институтот за социјално осигурување во Никарагва, исто така, воделе помали групи на лажни профили, соопшти компанијата.

Фејсбук посочува дека годинава отстранил уште некои мрежи поврзани со владите на Етиопија, Уганда, Тајланд и Азербејџан бидејќи ги прекршиле правилата за т.н. координиран неавтентичен третман, оценувајќи го како многу загрижувачки тренд.

Во Никарагва в недела се одржуваат претседателски избори, кои САД ги сметаат за фарса организирана од се поавторитарниот претседател Даниел Ортега.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ПОЦ: Санкционирани 123 непрописно паркирани возила минатата недела

​ЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 13.09 до 20.09.2026 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 123 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

ПОЦ: Санкционирани 123 непрописно паркирани возила минатата недела

За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Неверојатниот Меси повторно ја воодушеви Америка со нова мајсторија и постави нов рекорд

Иако натпреварот во МЛС-лигата меѓу Интер Мајами и Сан Дијего заврши нерешено (2–2), сите погледи повторно беа вперени кон еден од најдобрите светски фудбалери во историјата, волшевникот Лионел Меси. 

Видео: Неверојатниот Меси повторно ја воодушеви Америка со нова мајсторија и постави нов рекорд

Брилијантниот Аргентинец уште еднаш докажа зошто важи за еден од најдобрите специјалисти за прекини во историјата на фудбалот.

Во 23-тата минута, Меси мајсторски погоди од слободен удар и го израмни резултатот за својот тим, постигнувајќи го својот 75-ти гол во кариерата на овој начин.

Со овој погодок, Меси самостојно го зазеде второто место на вечната листа, надминувајќи го легендарниот Бразилец Жаир Роса Пинто.

Сега, единствениот играч пред аргентинскиот волшебник е поранешниот бразилски репрезентативец Марселињо Кариока, кој во текот на својата кариера постигнал 78 гола од слободни удари.

Што се однесува до самиот натпревар, гостите од Сан Диего поведоа преку Андерс Драјер во 12-тата минута, пред Меси да го израмни резултатот со потег на вистинска мајсторија.

Луис Суарез го комплетираше пресвртот за домаќините со гол во 75-тата минута, но одличниот Драјер се погрижи Интер да не стигне до победата; тој го постигна израмнувачкиот погодок во 82-рата минута, спречувајќи ги домашните навивачи целосно да го прослават најновиот историски успех на својот капитен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Максим Димитриевски до СДСМ: ВНИМАВАЈТЕ ДА НЕ ВИ СЕ ЈАВИ И ЗНАМ 3.0 !

Довербата кај граѓаните се гради со работа и резултати, а се потврдува со отчетност и преземање одговорност.

Максим Димитриевски до СДСМ: ВНИМАВАЈТЕ ДА НЕ ВИ СЕ ЈАВИ И ЗНАМ 3.0 !

Токму на тие принципи, Движењето ЗНАМ го темели своето дејствување, порача претседателот Максим Димитриевски на настанот посветен на отчетот на избраните и именуваните функционери од редовите на ЗНАМ во Скопје.

Димитриевски истакна дека ЗНАМ не е реприза на политичките модели што граѓаните веќе ги имаат видено и дека секој еден функционер мора да биде свесен дека функцијата е доверена од граѓаните и подлежи на нивна оценка.

„Секој еден функционер од ЗНАМ, почнувајќи од сите вас овде во салата, завршувајќи до мене – секој еден е менлив. Граѓаните даваат и граѓаните земаат власт. Но, притоа ЗНАМ не смее да биде една реприза од она што е веќе видено во Македонија.“ - истакна тој.

Осврнувајќи се на обвинувањата од страна на СДСМ, Димитриевски упатувајќи им директна порака, порача дека Движењето ЗНАМ нема да дозволи обидите за политички пресметки да го променат начинот на кој движењето ја гради довербата со граѓаните.

„Се јавил ЗНАМ 1, па сега и ЗНАМ 2.0, па обвинуваат за наводни афери.

Во ЗНАМ афери нема.

Нас не краси чесност, отчетност, одговорност и транспарентност.

И ние сме различни од сите нив останати. Но, притоа ќе им кажам да внимаваат да не им се јави и ЗНАМ 3.0.

Но, на крајот на денот, еден е ЗНАМ – Движење ЗНАМ за НАША МАКЕДОНИЈА и еден ден ќе биде ЗНАМ политичка партија која ќе преземе одговорност да ја води државата.“ - порача Димитриевски.

Отчетот на избраните и именуваните функционери од редовите на ЗНАМ продолжува во повеќе градови низ Македонија до крајот на годината, како дел од континуираниот процес на претставување на сработеното и резултатите од работењето на функционерите на Движењето во изминатите две години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер