Стојаноски: Инфлацијата се намали и изнесува 3,4%, владините мерки преземени за време на енергетска криза, дадоа резултати
1Стојаноски: Инфлацијата се намали и изнесува 3,4%, владините мерки преземени за време на енергетска криза, дадоа резултати
ТехнологијаФејсбук во Русија ќе мора да плати десетици милиони долари казнаФејсбук ги исполни руските барања за бришење на одредена содржина што Москва ја смета за незаконска, но сепак може да се соочи со тешки казни за тоа што го направил премногу бавно, објави весникот „Ведомости“.Регулаторот Роскомнадзор минатата недела се закани дека ќе го казни Фејсбук до 10 проценти од годишниот промет во Русија, доколку не ги отстрани содржините забранети од Русија. Исполнувањето на тој услов може да значи дека Фејсбук е подложен на руски притисок. Експертите наведоа дека Ведомости проценува дека Фејсбук генерира помеѓу 165 и 538 милиони долари во Русија. Роскомнадзор соопштил дека Фејсбук отстранил дел од забранетата содржина од своите платформи, вклучително и од Инстаграм, но дека сепак може да се соочи со казна за претходно неизбришување на содржините, објави „Ведомости“. „Вкупно 1.043 објави во моментов се уште не се избришани од Фејсбук и 973 од Инстаграм“, изјавил официјален претставник. Претходно оваа година, Роскомнадзор им порачал на Фејсбук и на другите социјални медиуми да ги отстранат објавите што ги повикуваат малолетниците да учествуваат во антивладините протести по апсењето на критичарот на Кремљ, Алексеј Навални. Руските медиуми објавија дека е прекршување на Фејсбук што не ги отстранува објавите што содржат детска порнографија и промовираат употреба на наркотици.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСерискиот убиец од Старо Нагоричане не призна вина 12:27Видео: Започна судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане10:54Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10Средба Кос – Мицкоски во Владата15:14Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43
Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10
Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43
МакедонијаСтојаноски: Инфлацијата се намали и изнесува 3,4%, владините мерки преземени за време на енергетска криза, дадоа резултатиЗа време на енергетска криза, кога цените на светско ниво рушат рекорди, во Македонија состојбата е контролирана и стабилна.Наспроти сите прогнози на опозицијата и нејзините сателити, според Државниот завод за статистика инфлацијата се намали и на годишно ниво и во јуни изнесува 3,4%. Споредено со месец мај, инфлацијата забележува намалување од 0,5 проценти, додека, пак, индексот на цените на мало во јуни бележи намалување за 0,8%. Тоа е што претставува посебен успех фактот што инфлацијата кај храната и безалкохолните пијалаци изнесува 2,5%, додека кај облека и обувки е 2,1% - бројки во услови на најголемата енергетска криза. Ова значи дека цените на прехранбените производи и безалкохолните пијалоци се држат на стабилно ниво, а владата презема заложби и мерки тие уште дополнително да бидат стабилизирани. Тие што сакаат да креираат лажна перцепција во јавноста уште еднаш се поразени од бројките. Овие резултати, кои не се само бројки и проценти, туку реалната слика и состојба во државата, се потврдени и од релевантните институции, како што е и Државниот завод за статистика. Тоа што претставува посебно задоволство, е што сето ова е резултат на работата и добро проектираните и применети економски мерки на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Додека светот се соочуваше со високите цени на нафтените деривати, благодарение на брзата реакција на Владата, Македонија го одржа нивото на најниски цени на енергенсите во регионот. Успешното спроведување на владините мерки за енергетската криза, своевремено, го потврди и ММФ, кој посочи дека Македонија е во топ трите земји по преземените мерки за ублажување на ценовниот шок на горивата. Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТоплотниот бран однесе повеќе од 5.000 животи во ГерманијаСе проценува дека повеќе од 5.000 луѓе во Германија починале оваа година поради екстремните горештини, соопшти денеска Институтот „Роберт Кох“ (РКИ).Се проценува дека повеќе од 5.000 луѓе во Германија починале оваа година поради екстремните горештини, соопшти денеска Институтот „Роберт Кох“ (РКИ), истакнувајќи дека најголемиот број смртни случаи е регистриран за време на топлотниот бран кон крајот на јуни. Според неделниот извештај на РКИ, горештините се поврзани со приближно 5.120 смртни случаи, при што околу 4.270 од нив се однесуваат на лица постари од 75 години, пренесува Ројтерс. Од РКИ наведоа дека меѓу жртвите имало повеќе жени отколку мажи, првенствено затоа што жените сочинуваат поголем дел од најстарата возрасна група на населението. Европската служба за климатски промени „Коперникус“ објави дека Западна Европа го доживеала најтоплиот јуни досега, со просечна температура од 20,74 степени Целзиусови, пренесува Танјуг. Надлежните органи во Франција, Белгија, Шпанија и Холандија пријавија повеќе од 4.700 смртни случаи над вообичаениот просек во периодот од 20 до 28 јуни, кој ја опфати најинтензивната фаза на топлотниот бран.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСерискиот убиец од Старо Нагоричане не призна вина 12:27Видео: Започна судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане10:54Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10Средба Кос – Мицкоски во Владата15:14Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43
Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10
Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43
СветПланиран атентат врз човек од врвот на Министерството за одбрана на Русија, уапсена женаРуската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска соопшти дека спречила планиран терористички напад врз висок функционер на руското Министерство за одбрана во Москва.Исто така, ФСБ уапси 25-годишна руска државјанка осомничена за соработка со украинските специјални служби. Според ФСБ, осомничената била регрутирана од украинските служби во 2024 година за да собира разузнавачки податоци и да утврдува локации во Москва и Санкт Петербург што би можеле да се искористат за изведување напади, пренесе „Спутник“. Руската служба изјави дека украинскиот оперативец бил во романтична врска со неа и ѝ ветил продолжување на врската во Украина по завршувањето на задачите. Според соопштението, во март 2026 година, жената изнајмила стан во Москва, каде што инсталирала камери за пренесување сигнали до Украина за следење на движењата на воениот персонал. Според ФСБ, таа ги подготвила условите за престој на непосредниот извршител на нападот во истиот стан. ФСБ тврди дека било планирано извршителот да пристигне во Москва откако осомничената ќе ја напушти Русија и ќе замине за Украина преку Турција и Молдавија.Тагови: русија украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСерискиот убиец од Старо Нагоричане не призна вина 12:27Видео: Започна судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане10:54Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10Средба Кос – Мицкоски во Владата15:14Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43
Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10
Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43