Фејсбук претстави апликација за допишување на парови - Канал 5

Фејсбук претстави апликација за допишување на парови

Без голема фама, најголемата социјална мрежа на светот ја претстави „Tuned“ апликацијата која претставува приватен простор за паровите кои сакаат да бидат поврзани.

Фејсбук претстави апликација за допишување на парови

Оваа апликација е дизајнирана од „NPE“, експериментална група на програмери во рамките на Фејсбук, која е основана минатата година.

Апликацијата која ја направиле ги охрабрува паровите да споделуваат пораки, белешки, говорни пораки, фотографии и музика преку „Spotify“ апликацијата, правејќи дигитална белешка на нивната врска.

Бесплатната апликација ги поврзува паровите користејќи ги нивните телефонски броеви и не бара Фејсбук налог, иако е во склоп со политиката за податоци на Фејсбук, штио значи дека информациите од оваа апликација можат да бидат користени за целно огласување, пипшува „PC Press“.

Сепак заради неизвесноста на успехот на самиот проект, оваа апликација е лансирана под друг бренд.

За Ајфон апликацијата е веќе достапна за преземање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сушата во Швајцарија открива остатоци од римски бањи, патишта, куќи...

Археолозите ги прецртуваат римските карти на Швајцарија откако се појавија траги од одамна закопани урнатини за време на најжешкото лето во земјата досега.

Сушата во Швајцарија открива остатоци од римски бањи, патишта, куќи...

Сушата може да открие скриени археолошки локалитети преку „траги во посевите“ – обрасци што се формираат кога вегетацијата над закопаните градби венее; ова е само една од последиците на овогодишните топлотни бранови, кои исто така ги открија потонатите бродови од Втората светска војна на речните дна.

Археолозите во швајцарскиот кантон Во, известени од еден љубител на историјата, користеа дрон за секојдневно воздушно снимање на полињата околу Авентикум – некогашниот главен град на римска Хелвеција, основан пред 2.000 години откако Јулиј Цезар ги поразил локалните племиња.

Денес, на тоа место се наоѓа малиот град Аванш. „Ова се најбогатите откритија таму во последните 50 години – барем во рамките на последните две генерации археолози“, изјави Џордан Анастасов, археолог од кантонот Во.

Снимките открија претходно непознати или слабо проучени траги од термални бањи, куќи, патишта и можен храм, од кои многу се наоѓаат во делови од градот што претходно никогаш не биле истражувани со ископувања.

Градот процветал под римска власт, но потоа постепено почнал да опаѓа како што се засилувале упадите на германските племиња од 3-тиот век па натаму. Петчлен тим од археолози ги внел новите откритија на мапите со виолетова боја, пополнувајќи ги празнините и корегирајќи ги погрешните ознаки.

„Сега поставуваме навистина интересни прашања што инаку не би ги поставиле“, изјави археологот Уго Аморосо. Некои од трагите забележани во периодот од јуни до август исчезнале по косењето и со падот на температурите; сепак, работ на еден нов базен во рамките на комплексот бањи останал видлив во полето со делумно исушена детелина, бидејќи невообичаено топлото време продолжило и во септември. Други закопани историски остатоци се појавиле и на други места во Швајцарија и Европа, иако многу од нив се потешки за толкување бидејќи се изолирани и немаат посветени истражувачи. Швајцарските археолози ќе ги претстават своите наоди пред колегите, а подоцна можеби ќе спроведат и насочени ископувања. „Нема да посакуваме суши“, рече Пјер Блан, директорот за ископувања на локалитетот. „Но, ќе го искористиме ова максимално и ќе продолжиме со потрагата“, додаде тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НУ Народен театар Битола со „Секстет“ на „Денови на комедијата“ во Куманово

Од 23 септември до 5 октомври во НУ ЦК „Трајко Прокопиев“ во Куманово се одржува 29. меѓународен фестивал „Денови на комедија“.

НУ Народен театар Битола со „Секстет“ на „Денови на комедијата“ во Куманово

Во текот на фестивалските денови, публиката има можност да проследи театарски претстави исполнети со хумор, квалитетна актерска игра и препознатлива фестивалска атмосфера преку изведба на театрите од Македонија и земјите од регионот.

Претставата која секогаш го полни гледалиштето до последното место, комедијата од Марк Камолети, во режија на Марјан Георгиевски, на Битолскиот театар е дел од овој фестивал и ќе биде изведена на 2 октомври од 20 часот.

Недоразбирања, тајни, љубовни заплети и урнебесни пресврти секогаш ја тераат публиката да се смее од почеток до крај.

Зошто комедија? Затоа што премногу долго сме сериозни.

Живееме во време на прегласни информации и постојани кризи.

Научивме како да бидеме загрижени, заборавивме да се смееме.

Затоа сега е време за Камолети – светскиот крал на фарсата и мајсторот кој знае како хаосот да го претвори во лек.

„Секстет“ е комедија која остава без здив.

Оваа претстава е создадена за да биде вечер за чиста радост.

Темпо кое не дозволува здив и актери кои во овој хаос влегуваат со смртна сериозност.

Во претставата играат: Бернар -Николче Пројчевски, Жаклина-Катерина Аневска Дранговска, Роберт -Александар Димитровски, Сузан-Сандра Грибовска Илиевска, Сузет -Анастасија Чипуровска, Џорџ-Борче Ѓаковски.

Костимографијата е на Андреј Георгиевски, сценографијата на Влатко Чачоровски, музика -Александар Димовски.

Ова не е претстава што се раскажува – ова е претстава што мора да се доживее. Во фестивалската програма се десет театарски претстави од Македонија и од земјите од регионот, исполнети со хумор и квалитетна актерска игра. Ќе бидат доделени награди во повеќе категории, меѓу кои за најдобра претстава, режија и актерски остварувања. Фестивалот ќе биде затворен со претстава надвор од конкуренција, посветена на годинашниот лауреат Игор Џамбазов. Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и туризам и од Општина Куманово.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На 30 и 31 октомври Штип повторно ќе пее со 41. издание на „Макфест“

Певливи рефрени, нови песни и познати музички имиња ќе бидат дел од 41. издание на „Макфест“, фестивалот на забавни мелодии кој годинава ќе се одржи на 30 и 31 октомври. 

На 30 и 31 октомври Штип повторно ќе пее со 41. издание на „Макфест“

Повеќе од четири децении „Макфест“ е синоним за музика, а во Штип и оваа година публиката ја очекуваат позитивна енергија и добра фестивалска атмосфера, песни во различни музички изрази, познати автори и изведувачи, но и нови имиња кои допрва ќе ја бараат својата публика.

Меѓу авторите на годинашните песни се имиња кои одамна се присутни на македонската музичка сцена, како Ристо Самарџиев, Хари Котларовски, Огнен Неделковски, Лазар Цветковски, Раде Врчаковски – Врчак, Александар Масевски, Кристијан Габроски, Иван Јованов, Роберт Билбилов, Андријана Јаневска, Давор Јордановски, Елвир Мекиќ, Димитар Андоновски, Јован Јованов и други.

„Годинава имаме навистина интересен избор на автори – докажани музички имиња, автори со свој препознатлив стил и песни зад кои стои големо искуство. Очекувам и ова издание да донесе убави, певливи песни и композиции со различен карактер, од оние што лесно влегуваат во уво до песни кои ќе се слушаат и по фестивалските вечери. Тоа е и убавината на „Макфест“ “, вели Роберт Саздов, уметнички директор на фестивалот.

Со годинашното издание, „Макфест“ продолжува да ја збогатува својата богата фестивалска приказна со нови композиции, автори и изведувачи, во атмосфера исполнета со музика, позитивна енергија и песни што имаат потенцијал да останат со публиката и по фестивалските вечери.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер