Фејсбук најавува 10.000 работни места во ЕУ, ќе гради метаверзум - Канал 5

Фејсбук најавува 10.000 работни места во ЕУ, ќе гради метаверзум

Facebook, гигант за социјалните медиуми, вчера објави дека ќе создаде 10.000 висококвалификувани работни места во Европската унија во следните пет години за да помогне во изградбата на таканаречениот метаверзум.

Фејсбук најавува 10.000 работни места во ЕУ, ќе гради метаверзум

Компанијата работи со други за да развијат „нова фаза на меѓусебно поврзани виртуелни искуства со користење технологии како виртуелна и зголемена реалност“, или метаверзум, рече шефот за политика и јавни работи на Фејсбук, Ник Клег.

"Метаверзумот има потенцијал да помогне да се отвори пристапот до нови креативни, социјални и економски можности. И Европејците ќе го обликуваат од самиот почеток", додаде тој.

Клег, поранешниот британски вицепремиер, рече дека инвестицијата е „гласање за доверба во силата на европската технолошка индустрија“ и нагласи дека Европа е „исклучително важна за Фејсбук“.

"Освен технолошкиот талент што се појавува, ЕУ исто така има важна улога во обликувањето на новите правила за Интернет. Европските креатори на политики го водат патот во инкорпорирање на европските вредности како што се слободата на изразување, приватноста, транспарентноста и индивидуалните права во секојдневието.“, се вели во соопштението ...

Американската компанија е под меѓународен притисок.

Поранешната менаџерка за производи на Фејсбук, Френсис Хоген, го обвини поранешниот работодавец на почетокот на октомври, меѓу другото, дека не е доволно транспарентен во однос на потенцијалната штета.

Фејсбук одговори дека Интернетот секојдневно се обидува да најде рамнотежа помеѓу правата на милијарди луѓе за слобода на изразување и безбедна средина за корисниците.

Фејсбук неодамна заврши на насловните страници и поради грешка во системот што доведе до пад на Фејсбук, Ватсап и Инстаграм на околу шест часа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Нова инвестиција во спортската и рекреативната инфраструктура на Кавадарци

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев најави нова инвестиција во спортската и рекреативната инфраструктура на Кавадарци.

Јанчев: Нова инвестиција во спортската и рекреативната инфраструктура на Кавадарци

[🏁] Нова инвестиција во спортската и рекреативната инфраструктура на Кавадарци.

По најавата за вовед во работа и поставувањето на камен-темелникот, продолжуваме со реализација на Картинг центарот, инвестиција обезбедена преку вториот повик на Владата. Центарот ќе се простира на 2.700 м², со современа картинг патека и придружни објекти, а вредноста на инвестицијата изнесува 35.247.407 денари.

Нова содржина за младите, љубителите на автомобилизмот и спортот, но и дополнување на туристичката понуда на Кавадарци, стои во објавата на Фејсбук на првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МФ: 2,9 милиони евра нова подршка за инвестиции на домашните компании

2,9 милиони евра нова подршка за инвестиции на домашните компании – парите од унгарскиот заем силен поттик за економијата.

МФ: 2,9 милиони евра нова подршка за инвестиции на домашните компании

Министерството за финансии префрли нов трансфер во износ од 176,5 милиони денари или 2,9 милиони евра од централниот Буџет кон Развојната банка за поддршка на инвестициски проекти во домашните комании.

Со овој трансфер вкупната поддршката на Владата кон домашните компании достигна 14,7 милијарди денари или 239 милиони евра, што е значителен поттик за реализација на приватни инвестиции и поттик за економијата. Во Буџетот за оваа намена се планирани вкупно 250 милиони евра.

Средствата коишто се обезбедени во Буџетот, а се пласираат преку Развојната банка и мрежата на домашни деловни банки до крајните корисници – домашни компании ги обезбеди Владата од унгарската Експорт-импорт банка со цел да поттикне инвестициски циклус во приватниот сектор. Средствата на компаниите се пласираат по поволни услови со каматна стапка од 1,95% и рок на отплата до 15 години со грејс период до 3 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џенифер Лопез го покажува своето тело во бикини и на 57 години

Светската ѕвезда, актерката и пејачка Џенифер Лопез немаше проблем и на 57 годишна возраст да се соблече во секси ретро бикини.

Фото: Џенифер Лопез го покажува своето тело во бикини и на 57 години

Погледнете го изгледот на Џеј Ло што го освои интернетот.

Џенифер Лопез повторно привлече големо внимание кај своите следбеници, овојпат со серија фотографии на кои позираше во ретро бикини и ја покажа својата завидна фигура.

Латино дивата, која во јули го прослави својот 57-ти роденден, на фотографиите блесна во стилот на стариот Холивуд. Таа позираше во бикини во нијанса на скршено бело, кое го искомбинира со чевли со украсни детали и чипкаста марама на главата.

Посебен акцент стави на својот затегнат стомак, а целиот изглед го заокружи со тркалезни очила за сонце и елегантна бела чанта со четвртаст облик.

Лопез објави и полароид-фотографија на која позира во бел фустан со длабоко деколте и заводливи шлицови, што дополнително ја истакна нејзината фигура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер