ЛДП: Извештајот на ЕПИ ги потврди нашите предупредувања – правосудството е на колена поради погрешни приоритети и политички притисоци!
1ЛДП: Извештајот на ЕПИ ги потврди нашите предупредувања – правосудството е на колена поради погрешни приоритети и политички притисоци!
Видео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“
1Видео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“
ТенисФедерер: Во 2014 сакам да освојам пет титулиНекогаш најдобриот светски тенисер, легендарниот Роџер Федерер 2013 година ја заврши на 6 позиција на АТП листата со скор од само една титула , што е неговиот најлош резултат од далечната 2001 година.Еден од најтрофејните светски тенисери 31 годишниот Федерер и покрај се на ја губи надежта дека следната година и покрај долгиот стаж на тениските терени и понатаму ќе освојува АТП турнири. -Моја цел во 2014 година е да освојам пет титули . Рејтингот ако не сум на позицијата број еден не ме интересира. Сезоната ја завршив со само две победи против играчите од топ 10 , што е добра работа за мене по постот од 7-8 месеци , смета освојувачот на 17 Грен Слем титули Роџер Федерер.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
МакедонијаЛДП: Извештајот на ЕПИ ги потврди нашите предупредувања – правосудството е на колена поради погрешни приоритети и политички притисоци!Сурова потврда за она на што Либерално-демократската партија (ЛДП) предупредува со месеци пристигна со единаесеттиот Извештај во сенка за Поглавјето 23 на Институтот за европска политика (ЕПИ).Сурова потврда за она на што Либерално-демократската партија (ЛДП) предупредува со месеци пристигна со единаесеттиот Извештај во сенка за Поглавјето 23 на Институтот за европска политика (ЕПИ): правосудниот систем е доведен до работ на функционален колапс поради системска негрижа, хронично недоволно финансирање и политички влијанија кои ја поткопуваат независноста на институциите. Со 18 неажурни судови од вкупно 34, над 134.000 нерешени предмети и обвинителства кои функционираат без ниту еден јавен обвинител, станува јасно дека граѓаните се оставени да чекаат правда во систем кој сè потешко може да ја испорача. Додека судската власт располага со само 0,26% од БДП, наместо законски предвидените 0,8%, власта без проблем наоѓа средства за одржување на една од најгломазните влади во Европа, непотребни заменички функции, партиски административни позиции и бројни управни одбори. Истовремено, поради необезбедени средства од Министерството за финансии, беше поништен огласот за прием на 130 кандидати во Академијата за судии и јавни обвинители. Особено алармантно е што извештајот нотира и притисоци од извршната власт врз јавното обвинителство, преку јавни изјави и реакции на високи владини функционери во врска со конкретни истраги и судски постапки. Наместо институциите да бидат заштитени од политички влијанија, сведочиме на постапки и изјави кои отвораат сериозни прашања за независноста на обвинителите и нивната можност непречено да ја извршуваат својата работа. Не може власта истовремено да бара резултати од обвинителството, а политички да ги коментира и оспорува неговите одлуки. Не може да се повикува на владеење на правото, а да создава атмосфера во која обвинителите треба да размислуваат каква ќе биде политичката реакција пред да донесат професионална одлука. Во комбинација со штетните измени на Кривичниот законик, кои овозможија застарување на предмети за висока корупција, недостигот од кадар и финансиската зависност на правосудните институции, се создава систем во кој неказнивоста станува правило, а правдата исклучок. „Не може да бараме правда како во Холандија, Шведска или Германија, а да финансираме непотребни владини фотелји додека обвинителствата остануваат без обвинители. Уште помалку може да зборуваме за независно правосудство кога претставници на извршната власт вршат јавен притисок врз оние што треба да го спроведуваат законот. Обвинителството мора да ја гони корупцијата, а не да стравува од оние што треба да ги истражува. Проблемот не е само во парите, туку во политичките приоритети и волјата да се изгради држава во која законот важи еднакво за сите. Очигледно, за власта има пари за функции, но нема пари за правда!“, истакна претседателката на ЛДП, Моника Зајкова. ЛДП бара итно обезбедување на законски предвидените средства за правосудството, деблокирање на процесите за прием на нови судии и јавни обвинители, рационализација на непотребните административни трошоци и насочување на буџетските средства кон институциите што треба да ја гарантираат правната сигурност на граѓаните. Истовремено, бараме прекин на политичките притисоци врз обвинителството, целосна заштита на неговата независност, ревизија на штетните измени на кривичното законодавство и воспоставување ефективна одговорност за високата корупција. Правдата не смее да биде привилегија на моќните, ниту заложник на политичките интереси. Држава во која има пари за политички привилегии, а нема пари за судии и обвинители, не страда од сиромаштија, туку од погрешни приоритети. А држава во која политичарите сакаат да влијаат врз обвинителите, не гради владеење на правото, туку систем на неказнивост. ЛДП останува цврсто определена за бескомпромисни реформи, независни институции и правда која нема да прашува кој е на власт, туку кој го прекршил законот. Затоа што без независно обвинителство нема вистинска правда, без правда нема доверба во институциите, а без доверба нема функционална држава! Либерално-демократска партијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотВидео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“ Најмалку четири лица загинаа во Флорида и Алабама како последица на ураганот „Исаја“, а повеќе од 868.000 корисници се без електрична енергија додека ураганот навлегува подлабоко во југоисточниот дел на САД, соопштија синоќа локалните власти.Во округот Ескамбија, Флорида, едно лице загина откако остана заглавено под дрво што паднало врз куќа, изјави за CNN Мелони Питерсон, портпаролка на Канцеларијата на шерифот на округот Ескамбија. Кога пристигнале на местото на настанот, противпожарната спасувачка екипа на округот ја пронашла жртвата во бессознание. Hurricane Isaias has killed four people and left more than 650,000 people without power, with Pensacola, Florida, among the hardest-hit areas, as officials warn of further flooding from heavy rainfall. https://t.co/f2dt5mUHee — Al Jazeera English (@AJEnglish) October 11, 2026 Питерсон соопшти дека претходно вчера, во истиот округ Ескамбија, уште едно лице било пронајдено мртво во својата гаража, која била затворена додека работел агрегат, а четворица членови на неговото семејство – на возраст од 72, 24, 5 и 4 години – биле пренесени во болница поради повреди што не претставуваат опасност по животот. Гувернерката на Алабама, Кеј Ајви, соопшти дека двајца жители на државата загинале во ураганот, предупреди на можни торнада и ги повика жителите „да се подготват за најлошото“. Two dead and hundreds of thousands are without power as Hurricane Isaias sweeps inland. The Category 2 hurricane made landfall in Florida late Friday, packing wind gusts over 100 mph and a storm surge of up to 6 feet. https://t.co/GF427JXvMH https://t.co/IzG6eeBYOC — The Washington Post (@washingtonpost) October 10, 2026 Заканата од поплави и торнада сè уште е на сила. Иако денес ураганот ослабе во посттропски циклон, „Исајас“ сè уште претставува закана од поплави и торнада додека се движи кон внатрешноста на САД, предупредија метеоролозите и официјалните лица. Според податоците на PowerOutage.us, рано утринава повеќе од 868.000 корисници во Флорида, Алабама и Џорџија останаа без електрична енергија. Синоќа во Флорида 438.137 корисници останаа без струја, во Алабама 294.662, а во Џорџија 111.105 корисници.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
МакедонијаМинистерство за јавна администрација: Честит 11 Октомври – Денот на народното востание! 11 Октомври е еден од најзначајните датуми во нашата историја, симбол на непокорот, храброста и решителноста на македонскиот народ во стремежот за слобода, достоинство и самостојна држава.Делото на учесниците во Народноослободителната борба е трајно врежано во темелите на нашата држава. Нивната жртва не обврзува да го чуваме историското наследство и да продолжиме да ја градиме Македонија како демократска и просперитетна држава, со силни институции и јавна администрација посветена на граѓаните. Со почит кон минатото и со визија за иднината, да продолжиме да придонесуваме за држава во која слободата, достоинството и правдата се темелни вредности. Нека е честит 11 Октомври!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter