Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
ТенисФедерер против Бердих за шеста титула во ДубаиРоџер Федерер со резултатски пресврт подобар од Ѓоковиќ во полуфиналето на турнирот во Дубаи. Новак Ѓоковиќ не ќе може да го брани трофејот во финалето на турнирот во Дубаи. Минатогодишниот шампион на Дубаи Новак Ѓоковиќ попладнево во полуфиналето на турнирот од серијата 500 во Емиратите во три сета доживеа пораз од легендарниот Швајцарец Роџер федерер со 2-1 по сетови 3-6, 6-3 и 6-2 . Повеќекратниот освојувач на турнирот во Дубаи Федерер во финале пред финалето по 106 минути врвен тенис во 33 меѓусебен меч со Ѓоковиќ ја извојува својата 17 победа и си обезбеди пласман во големото финале во кое ќе се сретне со Чехот Томаш Бердих. Ѓоковиќ одлично го отвори мечот и лесно со 6-3 го доби првиот сет за водство во 1-0, но во продолжението играта на српскиот тенисер падна посебно по неочекуваната пауза поради врнежите од дожд, по што легендарниот Швајцаресц сосема заслужено се избори за уште едно финале во Дубаи каде веќе има освоено пет титули. Федерер против Бердих во финалето ќе игра за својот шести трофеј од турнирот во Дубаи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДелегација на МВР положи свежо цвеќе по повод 11 Ноември – Денот на ослободувањето на КумановоДелегација на МВР предводена од Државниот секретар Петрушевски положи свежо цвеќе по повод 11 Ноември – Денот на ослободувањето на КумановоПо повод одбележувањето на 11 Ноември – Денот на ослободувањето на Куманово и 507 години од постоењето на градот, денеска на Спомен-костурницата во Куманово беше положено свежо цвеќе во чест на борците кои ги положиле своите животи за слободата на градот. Делегацијата на Министерството за внатрешни работи ја предводеше државниот секретар Сашо Петрушевски, кој заедно со останатите членови на делегацијата им оддаде почит на хероите и нивната жртва за слободата. Во продолжение, делегацијата на МВР присуствуваше и на свечената седница во Занаетчискиот дом, на која традиционално беа доделени Ноемвриските награди на заслужни граѓани и правни лица кои со својата работа и придонес оставиле значаен белег во општествениот живот на Куманово. Свеченоста беше збогатена со богата културно-уметничка програма. Одбележувањето на овој значаен датум претставува потсетник на богатата историја, херојското минато и непокорниот дух на Куманово, како и на обврската да се негуваат историското наследство, традициите и вредностите што се дел од колективната меморија на градот.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаДимитриеска-Кочоска: Буџетските корисници немаат изложеност кон Алта банкаНема ризик за финансиската стабилност на државата поради состојбите во Алта банка АД Битола, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на денешната надзорна расправа во Собранието. Таа посочи дека буџетските корисници согласно закон не можат да отвораат сметки во комерцијалните банки, туку своите средства ги чуваат и реализираат исклучиво преку Трезорот. Во однос на јавните претпријатија и акционерските друштва на централно ниво, од досега добиените информации само едно претпријатие има сметка во Алта банка за што не постои никаков ризик . „Сакам јасно да порачам дека нема ризик за финансиската стабилност на државата. Буџетските корисници немаат сметки во комерцијалните банки, туку средствата ги чуваат и реализираат преку Трезорот. Кај јавните претпријатија и акционерските друштва, според досега добиените информации, изложеноста е минимална“, истакна Димитриеска-Кочоска. Во однос на институционалните надлежности, министерката нагласи дека супервизијата и надзорот над банкарското работење се исклучива надлежност на Народната банка, додека Министерството за финансии има надлежност во подготовката на законската регулатива. Во однос на прашањето за можноста Министерството за финансии да влијае врз исходот од постапката, истакна дека таква можност не постоела, имајќи предвид дека станува збор за законски утврдена постапка во надлежност на независната Народна банка. Министерката потенцираше и дека во процесот на стекнување на сопственоста врз банката Министерството за финансии немало никаква улога, бидејќи стекнувањето на сопственичкиот удел било реализирано преку купопродажба на акции и јавен оглас. Одделение за односи со јавностКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПроф.д-р Јанкуловски е нов претеседател на Лекарска комораПоранешниот ректор на УКИМ и абдоменален хирург, Никола Јанкуловски е новиот претседател на Лекраската комора. Професорот Јанкуловски доаѓа на местото на досегашната претседателка доктор Калина Гривчева – Старделова. Тагови: Лекарска комора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter