Федерер победник на турнирот во Хале - Канал 5

Федерер победник на турнирот во Хале

Швајцарецот Рожер Федерер ја продолжи доминацијата на турнирот во германскиот град Хале откако денеска во финалето го победи Александар Зверев (Германија) со 2-0 во сетови. Федерер по девтти пат триумфираше на овој турнир, а мечот го доби за 55 минути.

Федерер победник на турнирот во Хале
Првиот сет заврши со резултат 6:1 во гемови за Федерер, а во вториот сет беше 6:3. Со оваа победа, тој му се реваншираше на Зверев за ланскиот пораз во полуфиналето на турнирот.

Федерер турнирот го освои без изгубен сет и ќе добие 500 АТП поени и 400.000 евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува пинг-понгот меѓу Анкара и Тел Авив

Анкара вчера го осуди обидот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, како што рече, да „ја претстави Турција како нова закана“.

Продолжува пинг-понгот меѓу Анкара и Тел Авив

Во соопштението од кабинетот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, објавено на платформата X, се вели дека Турција ги осудува „ситните политички тактики“ на Нетанјаху.

Кабинетот на Нетанјаху го нарече Ердоган „антисемитски диктатор“ во соопштение откако Турција издаде меѓународна потерница по него поради пресретнување на активистичка флотила што се упатуваше кон Појасот Газа.

Израел бомбардираше воздухопловна база во северозападна Сирија оваа недела, тврдејќи дека Турција го проширува своето воено присуство во областа, тврдење што Анкара го негираше.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч

Вчера (21.08.2026) во 13:15 часот, на Граничен премин Табановце, при излез од Македонија, полициски службеници извршиле проверка на патничко моторно возило „порше“, со холандски национални ознаки управувано од М.А.(35), државјанин на Холандија.

Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч

При извршената проверка, преку системот „Safe City“ било констатирано дека лицето е евидентирано како сторител на кривично дело по член 297-А од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, односно управувало со возилото со брзина од 168 километри на час, на место каде максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час.

М.А. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за стореното кривично дело.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството го спаси Филипче за пожарот во модуларните, Абази ја доработува задачата како пион на СДС и ДУИ

За пожарот кој се случи во модуларната болница во Тетово на 8 септрмври, на 10 септември 2021 година беше оформен предмет, кој потоа со години стоеше во фиока.

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството го спаси Филипче за пожарот во модуларните, Абази ја доработува задачата како пион на СДС и ДУИ

Предметот за 19-те модуларни болници, кои беа поставени за време на ковид кризата, и каде во модуларната болница во Тетово животите ги изгубија 14 лица, а за време на Венко Филипче како министер за здравство, беше во фиоките на Вилма Русковска и Елизабета Јосифовска, од криминалното СЈО, па кај трета обвинителка, за сега Абази да каже дека Филипче не бил виновен.

Одговорноста на Филипче во овој случај произлегува од начинот на кој биле регулирани модуларните болници уште пред нивното поставување.

Тогашниот Закон за градење бил изменет, со што модуларните болници биле ставени во категоријата „урбана опрема“, а надлежноста за издавање одобрение за нивното поставување била префрлена на Министерството за здравство, односно на тогашниот министер Венко Филипче.

Овие објекти не биле запишани во катастар, немале одлука од Владата за трајно користење и немале одобрение за употреба согласно Правилникот за простор, опрема и кадар. За овие околности постои документација во проектната единица на Министерството за здравство, која на 12.12.2023 година била предадена на Јавното обвинителство за организиран криминал.

Каков цинизам треба да поседувате за да заклучите дека за 14 лица кои ги изгубиле животите, а притоа немало никакво исполнување на технички стандарди и објект подигнат над над бензиска станица, никој не е одговорен.

Ова е буквално учебнички пример како СДС и ДУИ го контролираат Абази, за сега Филипче да излегува на прес-конференции и самиот да се тапша по рамо и да се фали дека бил одличен министер. Па еден куп скандали се случија за време на времето на Филипче како министер. Овој случај е токму пример за злоупотреба на службена положба и овластувањата.

Топката пак на крај застана кај Ислам Абази, затоа што како најверниот послушник на Заев, Филипче и Ахмети, пред да си ги спакува куферите мора да си ја доработи својата задача и да испорача уште овој пат ,,нема основано сомнение за злоупотреба на службена положба“, за Венко Филипче.

Како мислат дека ова народот не го гледа?

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер