ТенисФедерер обезбеди четвртфинале на УС ОпенВториот носител Рожер Федерер се пласира во четвртфиналето на УС Опен откако ноќеска славеше во три сета во 3:0 против Роберто Баутиста.Тој го обезбеди своето десетто четвртфинале на овој турнир. Федерер во следната рунда ќе игра против Гаел Монфилс, кој со ист резултат го победи Григор Димитров. На другите два осминафинални дуела кај мажите одиграни синоќа Марин Чилиќ со 3:2 во сетови го совлада Жил Симон и тоа за него ова беше прв триумф во меѓусебните дуели. Чилиќ во четвртфиналето ќе игра против Томаш Бердих, кој со 3:0 славеше над Доминик Тием. Кај жените двата четвртфинални меча не донесоа голема борба. Каролине Возниачки на Сара Ерани и препушти само еден гем – 6:0 и 6:1 во гемови, додека Шуаи Пенг и дозволи на Белинда Бенчиќ да освои само три гема – 6:2 и 6:1 во гемови. Овие две тенисерки ќе играат во полуфиналето. Вечерва на програмата се четвртфиналните дуели кај жените: Серена Вилијамс – Флавиа Пенета и Викторија Азаренка – Екатерина Макарова. Исто така ќе се одиграат и два дуела од четвртфиналето кај мажите: Новак Ѓоковиќ – Енди Мареј и Стан Вавринка – Кеи Нишикори. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалИсториски триумф на Швајцарија за мундијалско четвртфинале! Репрезентацијата на Швајцарија е последниот учесник во елитното четвртфинале на 23 Светско фуудбалско првенство. Швајцарската фудбалска репрезентација по понал рулет и триумф со (0-0) 4-3 над Колумбија се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство По регуларниот дел од натпреварот немаше голови, мрежите мируваа и по двете продолженија од по 15 минути по што следуваше пенал рулетот, во кој поконцетрирани и попрецизни беа фудбалерите на Швајцарија кои мја добија серијата со 4-3. Со овој триумф Швајцарија го постигна својот најголем успех на светските првенства (точно е дека играла во четвртфиналето во 1938 и 1954 година, но тогаш имало помалку учесници), а за пласман во полуфиналето ќе игра против бранителот на тронот Аргентина.Тагови: СП2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
МетеоПроменливо облачно со сончеви периоди, попладне услови за локална нестабилностПроменливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, информираат од УХМР. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој попладне наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. Според УХМР денеска во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 34 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Следува период на претежно стабилно време. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен северен ветер. Во четврток и во недела се очекува локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДелови од Скопје без струјаОд ЕВН Македонија АД информираат дека на денес поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат корисници во повеќе скопски општини.Во општина Сопиште, од 08:30 до 15:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на улица 8 во селото Горно Соње, на местото викано Коштан, а од 09:00 до 12:00 часот прекин ќе има и за дел од корисниците на улица 4 во Сопиште, на локалитетот Ветрила. Во општина Бутел, од 09:00 до 11:00 часот без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на булеварот „Македонско-косовска бригада“, во близина на Сервис Бутел. Во општина Аеродром, од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците на улицата „Тодор Чангов“ – крак 21. Во истиот период, од 09:00 до 14:00 часот, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има и за дел од корисниците на улиците „Хашка“, „Будимпештанска“ и „Душко Бојковски“ во општина Карпош. Во општина Ѓорче Петров, од 09:30 до 14:30 часот без струја ќе останат корисниците на улиците „Александар Македонски“, „Борис Сарафов“ и „Смилевска“, како и објектот на месната заедница, бензинската пумпа и дел од корисниците на улицата „Црногорска“. Исто така, од 12:00 до 14:00 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците на улицата 95 и околните улици во селото Волково, во општина Ѓорче Петров. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07