19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска
219 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска
СветФедерален судија ги отфрли кривичните постапки против поранешниот шеф на ФБИ и обвинителката на ЊујоркАмериканскиот федерален судија Камерон Мекговен Кари денеска го отфрли водењето кривични постапки против поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми, и државната обвинителка на Њујорк, Летиција Џејмс.Американскиот федерален судија Камерон Мекговен Кари денеска го отфрли водењето кривични постапки против поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми, и државната обвинителка на Њујорк, Летиција Џејмс, со што се зададе удар врз напорите на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да се справи со неговите политички противници. Федералниот судија Кари утврди дека Министерството за правда на САД незаконски ја назначило Линдзи Халиган за обвинителка во двата случаи, посочувајќи на правните маневри за брзо назначување лојален обвинител кој е подготвен да ги гони Џејмс Коми и Летиција Џејмс. Халиган не е првата жена обвинителка од администрацијата на Трамп која е дисквалификувана поради начинот на кој ги водеше случаите. И Коми и Џејмс побараа случаите против нив да бидат отфрлени поради водење врз основа на предрасуди, но судијата не се потпре на предрасудите, па затоа не е јасно дали и како Министерството за правда ќе се обиде повторно да ги отвори тие кривични случаи. Доколку одлуките на судот се повикуваа на предрасуди, Министерството за правда ќе останеше без можност повторно да ги суди овие постапки против Коми и Џејмс. Одлуката исклучиво се однесува на механизмите што администрацијата на Трамп ги користеше за да ја назначи Халиган, поранешна помошничка во Белата куќа, да раководи со една од најелитните и најважните функции на Министерството за правда - иако таа немаше претходно обвинителско искуство. Халиган беше назначена на функцијата во септември откако вториот вршител на должноста државен обвинител, Ерик Зиберт, беше принуден да се повлече поради притисокот од администрацијата на Трамп да ги обвини Коми и Џејмс. Откако Зиберт поднесе оставка, федералните судии требаше да имаат единствен збор за тоа кој ќе го пополни слободното место, тврдеа адвокатите на Коми. Наместо тоа, Трамп ја номинираше Халиган додека јавно ја повикуваше директорката на ФБИ, Пам Бонди, на социјалните медиуми да преземе мерки против неговите политички противници - Во еден пост, тој напиша, со големи букви, дека „ПРАВДАТА МОРА ДА БИДЕ ЗАДОВОЛЕНА, СЕГА!!!“ Коми беше обвинет неколку дена подоцна за давање лажна изјава и попречување на Конгресот, а Џејмс беше обвинета набргу потоа за наводна хипотекарна измама. Коми со години наназад е еден од главните противници на Трамп. Именуван за директор на ФБИ во 2013 година, Коми ја надгледуваше истрагата за тоа дали претседателската кампања на Трамп се здружила со Русија за време на претседателските избори во 2016 година за да му помогне да победи. Бесен поради истрагата, Трамп го отпушти Коми во мај 2017 година, а двајцата оттогаш се во отворен конфликт. Џејмс, исто така, е честа мета на гневот на Трамп, особено откако го изгуби случајот што таа го покрена против него како обвинителка од Њујорк. Џејмс докажа дека тој ги измамил банките со преувеличување на вредноста на неговиот имот во финансиските извештаи. Апелацискиот суд ја поништи казната, која вкупно изнесуваше повеќе од 500 милиони долари со камата, но ја потврди констатацијата на понискиот суд дека Трамп извршил измама.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаШто се случувало во Ново Село пред два дена при посетата на премиерот Мицкоски? Што се случувало во Ново Село пред два дена при посетата на премиерот Мицкоски? Од СДСМ и денеска бараат одговори од институциите со тврдење дека нивни млади активисти биле нападнати, наводно со цел да се замолчат бидејќи носеле транспарент дека нема одговорност за случувањата во Гостивар. Велат дека напаѓачите биле поврзани со владејачката партија, а меѓу нив бил и возач на градоначалник. -Бараме од Министерството за внатрешни работи и од Обвинителството - веднаш. Не утре. Не за една недела. Веднаш да ги идентификуваат сите учесници во нападот и да ги приведат. Да се утврди и кој го дал налогот за нападот врз младите. Затоа што ова не беше спонтано. Ова беше организирано,- Трајче Стојчевски – претседател на СДММ. Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека СДСМ таму пратила осудени насилници за да создадат инциденти додека се одржува настанот. На прес конференција прикажаа видеа и документи од кривични пријави од претходни настани кадешто, според нив, учествувале токму лицата кои вчера стоеа до Филипче на прес конфенрецијата во Ново Село. „Децата“ на Филипче, кои ги претставува како деца на Македонија во Ново Село, се лица кои се правосилно осудени на условни казни затвор за насилство и за кривично дело поседување на дрога и наркотични средства по член 215 од Кривичниот законик. Вистината е дека Венко Филипче со насилници и лица корисници на наркотични средства и опојни дроги сакаше да предизвика инцидент во Ново Село, за да настрадаат недолжни луѓе и граѓани. Исто како што пушташе насилници и провокатори во Ташмаруништа. Валентин Манасиевски – портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Од МВР за Канал 5 велат дека за овој настан до нив воопшто нема пристигнато пријава ниту од партијата, ниту од засегнатите. Освен за Ново Село, партиите претходно се обвинуваа и за случај во Ташмаруништа за време на чествувањето на Илинден кога возрасен маж ја навредувал делегацијата предводена од премиерот.. За тамошниот настан имаше институционална разврска- поднесена е кривична пријава против 52 годишно лице од Струга за кривично дело насилство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
ЗдравјеВкупно 16 лица во моментов се хоспитализирани на Инфективната клиника со симптоми на западен нилНајголем број од пациентите кои со воспаление на мозокот беа примени на Инфективната клиника во текот на минатата недела сега и официјално се потврдени на „западен нил“,.Најголем број од пациентите кои со воспаление на мозокот беа примени на Инфективната клиника во текот на минатата недела сега и официјално се потврдени на „западен нил“, што значи дека вирусот го добиле по убод од комарец и развиле тешка форма на болеста. Директорот на Клиниката, инфектологот д-р Фадил Цана, вели дека во моментот се хоспитализирани вкупно 16 пациенти кои клинички имаат невроинвазивна форма на инфекцијата „западен нил“, сите се над 60 годишна возраст со живеалиште во Скопје и имаат и други хронични состојби. Д-р Цана потврдува дека за жал нема подобрување кај тројцата пациенти кои беа ставени на респиратор. Поради локалното присуство на вирусот, алармирани се и матичните лекари кои апелираат - при појава на симптоми како што се висока температура, треска, зашеметеност и конфузност веднаш да се јават на лекар. Иако само мал процент може да имаат тешка форма на болеста, не се исклучува можноста таа да се јави и кај деца, па затоа педијатрите советуваат, дека најмалите треба највеќе да бидат заштитени. Вирусот Западен Нил не го пренесува само тигрестиот комарец, а во Македонија главен преносител е обичниот домашен комарец, кој се заразува од инфицирани диви птици, а потоа со убод може да го пренесе вирусот на човек. Затоа препораките се освен сите да користат спрејеви или лосиони за заштита од убоди, да не се чува застоена вода во дворовите, а да се носи облека на долги ракави и мрежи за заштита во количните за најмалите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска19 годишник на мотоцикл загинал претпладнето на улица Радишанска во Скопје, при судир со автомобил алфа ромео со италијански регистраски таблички. Возачот на мотоциклот починал на лице местоо. Повеќе детали за оваа несреќа има Мирјана Мирчевска Јовановиќ. Мими кога точно се случила сообрачајката и има ли повеќе детали како дошло до неа? Во видеото погледнете го целиот извештај. Тагови: сообраќајка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04