ЗдравјеФБИ: Причина за пандемијата на Ковид -19 веројатно е инцидент во кинеска лабораторија Директорот на ФБИ, Кристофер Вреј, синоќа изјави дека Агенцијата проценила дека пандемијата на коронавирус најверојатно била предизвикана од инцидент во лабораторија во кинеската провинција Вухан.-ФБИ веќе некое време проценува дека изворот на пандемијата е најверојатно потенцијален лабораториски инцидент во Вухан, изјави Вреј за Фокс Њуз. Неговата изјава доаѓа по неделниот извештај на „Волстрит џурнал“, според кој американското Министерство за енергетика со мала сигурност проценило дека пандемијата е предизвикана од случајно истекување на вирусот од кинеска лабораторија. Некои агенции веруваат дека пандемијата е веројатно резултат на природен пренос, додека други се неодлучни, наведе весникот. Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност, Џон Кирби, пред два дена кажа дека американската Влада нема конечен заклучок и консензус за потеклото на пандемијата. Кинеското Министерство за надворешни работи цитираше извештај на Светската здравствена организација и Кина, кој укажува на природното потекло на пандемијата, а не на истекување на вирус од лабораторија. Вреј кажа и дека не може да сподели многу детали за проценката на агенцијата бидејќи се работи за доверливи информации. Тој ја обвини кинеската Влада дека „прави се што може за да се обиде да ги попречи и замагли“ напорите на САД и другите земји да дознаат повеќе за потеклото на пандемијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалРаздор во францускиот тим – говорот на Дембеле ги налути соиграчите Атмосферата во соблекувалната на француската репрезентација беше многу напната на полувремето од полуфиналето на Светското првенство против Шпанија, а во центарот на вниманието беше Усман Дембеле.Како што објави францускиот „Л'Екип“, неговиот обид да ги мотивира соиграчите предизвикал бурни реакции и незадоволство кај дел од тимот. Франција отиде на полувреме со гол заостанување, а Дембеле одржа говор критикувајќи го начинот на кој тимот врши притисок. Освојувачот на „Златната топка“ за 2025 година сметаше дека играта без топката е лошо организирана и недоволно координирана, поради што ги повика своите соиграчи да играат поагресивно и да се обидат да го свртат резултатот. Сепак, неговите зборови не беа одобрени од сите репрезентативци. Според француските медиуми, некои играчи го критикуваа Дембеле за кревање на гласот и покажување незадоволство, најчесто кога се наоѓа во тешка ситуација на теренот, додека во други моменти не е подеднакво ангажиран како лидер на тимот. Затоа неговиот говор, наместо дополнителна мотивација, предизвика гнев кај дел од соблекувалната. На крајот, обидот да се потресе тимот не даде резултати. Шпанија поведе во 22-та минута со голот на Микел Ојарзабал од пенал, а триумфот го потврди Педро Поро со гол во 58-та минута. По поразот, Франција ќе игра натпревар за третото место против Англија во сабота во 23:00 часот во Мајами.Тагови: Дембеле Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНова спортска зона во Кисела Вода: Калистеник парк и терен за одбојка на песокОпштина Кисела Вода доби нов, современ спортски комплекс во населбата 11 Октомври Бараки, кој претставува прв спортски проект од ваков вид на нејзината територија. Лоциран во непосредна близина на Паркот на шахот, овој простор е функционално дизајниран за да ги унапреди условите за рекреација и за развој на спортот на отворено. Централно место во комплексот зазема модерниот Калистеник парк, кој се простира на површина од 380 квадратни метри. Истиот е целосно осветлен со рефлектори, со што се овозможува непречено користење и во вечерните часови. Оваа нова спортска зона е наменета за физичка активност преку вежби со сопствената телесна тежина. Опремена е со разновидни справи, вклучувајќи вратило, разбој, паралелки и шведски скали, кои овозможуваат изведување комплексни вежби за развој на силата, издржливоста, координацијата и флексибилноста. Како дополнување на понудата, во склоп на комплексот е изграден и професионален терен за одбојка на песок. Теренот располага со мрежа поставена на универзална висина и е осветлен со рефлектори, исполнувајќи ги стандардите за одржување на спортски натпревари и квалитетна рекреација. Со успешната реализација на овој проект, се потврдуваат заложбите за континуирано вложување во спортската инфраструктура и за создавање современи услови за активен живот на сите генерации.Тагови: Општина Кисела Вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВлада: Кризната состојба за нафта и нафтени деривати продолжена до 20 октомври12:02Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30Кос: Македонија е една од најдобрите земји во реформите, но мора да ги донесе уставните измени15:07Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05
Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08
МакедонијаВлада: Кризната состојба за нафта и нафтени деривати продолжена до 20 октомвриВладата донесе одлука - кризната состојба за нафта и нафтени деривати продолжена до 20 октомвриВладата на денешната седница ја донесе Одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба поради можност од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати. Со донесената одлука, рокот на важење на кризната состојба се продолжува од 21 јули до 20 октомври, со што се обезбедува континуитет во институционалното постапување и навремено преземање на мерки доколку дојде до нарушувања во снабдувањето или до значителни ценовни шокови на меѓународните пазари на нафта и нафтени деривати. Целта на оваа одлука е Владата да располага со соодветен правен механизам за брза и ефикасна реакција, со цел да се зачува стабилноста во снабдувањето, да се ублажат последиците од евентуални пазарни нарушувања и да се заштитат интересите и животниот стандард на граѓаните и стопанството. Владата и понатаму внимателно ќе ги следи состојбите на домашниот и меѓународниот енергетски пазар и, доколку тоа го наложат околностите, ќе продолжи да носи навремени и соодветни мерки во интерес на сигурно, стабилно и непречено снабдување со нафта и нафтени деривати. По усогласување на одлуката во рамки на владините процедури истата ќе биде доставена до Собранието на разгледување и донесување, согласно законските надлежности.Тагови: Владата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВлада: Кризната состојба за нафта и нафтени деривати продолжена до 20 октомври12:02Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30Кос: Македонија е една од најдобрите земји во реформите, но мора да ги донесе уставните измени15:07Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05
Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08