Фаворитот Унгарија прв противник на македонските ракометарите на СП 2025

Најуспешниот национален тим во македонскиот спорт, машата ракометна репрезентација вечерва започнува се надеваме уште една успешна приказна на меѓународната сцена.

Црвено жолтиот тим вечерва ги стартува натпреварите на 14 големо натпреварување во низа, 29 Светски ракометен самит.

Со 14-тиот пласман на големите натпреварувања во низа или девети светски шампионат во историјата, седми во серија, ракометарите уште еднаш покажаа и докажаа зошто ракометот е спортот број еден во Македонија.

Прв противник на избранците на Кире Лазаров е фаворитот во нашата Д група, силната Унгарија. Мечот стартува во 20 -30 часот во за нас среќниот Вараждин во Хрватска од каде имеме само позитивни спомени започнати уште во 2009 година.

Со подмладен тим предводен од искусниот голман Митревски, пикерот Пешевски и капитенот Филип Кузмановски македонскиот состав на мундијалот чии домаќини се Хрватска, Данска и Норвешка повторно како и пред 15 години во истата арена, ќе атакува на пласман во главната мундијалска фаза.

За нова успешна мундијалска приказна на црвено жолтите ќе им биде потреба најмалку една победа во групата Д во која покрај Унгарија ривали ни се за два дена в петок брзата Холандија, а во недела на 19 јануари непознатата Гвинеја.

-Унгарија е сериозна ракометна сила . Тешко е да се каже дека имаат слаба точка, бидејќи се квалитетна екипа. Но со максиламно ангажирана и дицпилинирана игра се надевам дека имаме шасна да оствариме позитивен резулат, изјави од Хрватска селекторот Лазаров.

Нашиот предводник со брза и дисциплирана игра на двата краја од теренот и цврста одбрана како што игравме во квалификациите ќе се обиде да изненади некој од фаворитите и да оствари добар резултат на Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка.

Неформален состанок на Советот на ЕУ во Варшава

Во Варшава денеска се одржува неформален состанок на Советот за општи работи на ЕУ, на кој ќе се разговара за хибридните закани со кои се соочуваат земјите-членки на ЕУ и партнерите што се стремат да влезат во ЕУ.

На состанокот се очекува да се разговара и за зајакнувањето на европската цивилна и воена подготвеност и повеќегодишната финансиска рамка (ВФО) на Унијата за периодот по 2027 година.

„Бидејќи проширувањето е приоритет за Европската унија, сигурна сум дека тоа ќе биде многу добро разгледано во следниот ВФО“, изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос по пристигнувањето на состанокот.

Во Софија изведена „Кармина Бурана“ со симфониските оркестри од Македонија, Грција и Бугариј

Во Националниот дворец на културата во Софија синоќа се одржа заеднички настап на Македонската, Софиската филхармонија и Симфонискиот оркестар од Солун. На сцената беше изведена „Кармина Бурана“ од Карл Орф.

-Преполна сала, стоечки овации и долги аплаузи! Ова беше епилогот по моќната изведба на епската „Кармина Бурана" од Карл Орф којашто се случи во големата сала на НДК во Софија. Македонската филхармонија, Софиската филхармонија и Државниот оркестар на Солун, како и Софискиот филхармониски хор и солистите: нашата ѕвезда Ана Дурловски, грчкиот тенор Николас Спанос и бугарскиот баритон Иво Јорданов, брилјираа на сцената од каде зрачеа силни креативни вибрации, објавија од Македонската филхармонија на нивниот фејсбук профил.

Како што посочуваат, главниот „виновник" за овој спектакуларен концерт, маестралниот диригент Најден Тодоров не ја криеше неизмерната среќа што конечно се реализираше оваа идеја за уметничко сплотување на, како што и самиот истакна, три оркестри во едно тело

-Вечерва се потврди уште еднаш дека музиката не разбира граници, туку ја возвишува секоја идеја и мисла во чиста убавина, потенцираат од Филхармонија.

Покана од Бигорски за заедничко одбележување на именденот на епископ Антаниски г. Партениј

Утре во 18:00 часот ќе се отслужи празнична Вечерна архиерејска богослужба. 

Празнувајќи го споменот на отецот меѓу светиите Партениј Лампсакиски Чудотворец, како и по повод именденот на Неговото Преосвештенство Епископ Антаниски г. Партениј, Свештената бигорска Обител, упати покана за заедничко одблежување на овој светол спомен.

-Утре во 18:00 часот ќе се отслужи празнична Вечерна архиерејска богослужба. По Вечерната богослужба, во чест на именденот на нашиот Старец, Епископот Антаниски г. Партениј предвидено е соборно дружење и послужение во свечениот манастирски синодикон. Во четврток во 6:30 часот ќе биде отслужена утрена богослужба, а во 8:45 часот ќе почне Светата архиерејска Златоустова Литургија, информираа од Бигорскиот манастир.

Благослов да присуствуваат имаат сите коишто сакаат да го прослават споменот на Свети Партениј Лампсакиски, заедно со монашко братство и сестринство. Имајќи го предвид бројот од над илјада верници кои во просек присуствуваа на одбележувањето изминатите години, масовно присуство се очекува и овој пат.

Минатата година на одблежувањето посебна чест беше присуството на Неговото Преосвештенство, епископот Аморејски и игумен на Свештената Обител на Влатадите во Солун г. Никифор, од Вселенската Патријаршија. Со него, допатуваа и студенти по православна теологија од повеќе помесни православни цркви, кои престојувале во студентскиот интернат во Влатадон. в

притисни ентер