МакедонијаФатон Сељами предложен за нов Народен правобранител Собраниската Комисија за прашања на избори и именувањата денеска ја утврди одлуката Фатон Сељами да биде избран за нов Народен правобранител, на местото на Насер Зибер кој замина во пензија. Комисијата предлог-одлуката ќе ја проследи до Собранието. Претседателот на Комисијата, Ѓорѓија Сајкоски информира дека на огласот за избор на Народен правобранител биле пријавени 17 кандидати - Илбер Руфати од Кичево, дипломиран правник и магистер по правни науки, Мухамед Ходаи од Тетово, дипломиран правник со положен правосуден испит, Аљбан Кардиу од Тетово, дипломиран правник, магистер со положен правосуден испит, Миле Арсениевски од Скопје, дипломиран правник со положен правосуден испит, Светислав Јовановски од Куманово, дипломиран правник, Фатон Сељами од Тетово, дипломиран правник, магистер по правни науки со положен правосуден и нотарски испит, Шемши Салаи, од с. Добри дол. Општина Врапчиште, дипломиран правник и магистер по правни науки, Фехми Стафа од Скопје, дипломиран правник со положен правосуден испит и нотарски испит, Доан Сулејмановски од Прилеп, дипломиран правник и магистер по казнено право со положен правосуден испит, Николче Петковски од Скопје, дипломиран правник специјалист по правнинауки со положен правосуден испит, Феузи Џафери од Гостивар, дипломиран правник и магистер по дипломатија, адвокат, Дритон Небиу од Скопје, дипломиран правник и магистер по човекови права и демократија, Шпенд Фидани од с. Добр Дол, Општина Врапчиште, дипломиран правник и магистер по казнено право со положен правосуден и нотарски испит, Фатмир Емрулау од с. Стрелци, Кичево, дипломиран правник со положен правосуден испит и работи како адвокат во сопствена адвокатска канцеларија, Илир Рамадани од Кичево, дипломиран правник и магистер по правни науки, Емран Исмаил, дипломиран правник и магистер по меѓународно право со положен правосуден испит и Фадил Џелили, дипломиран правник и магистер по правни науки со положен правосуден испит, работи како адвокат во сопствена адвокатска канцеларија. Беким Ќоку, пратеник од Коалицијата ВРЕДИ го предложи Фатон Сељами за кандидат за Народен правобранител. Ќоку истакна дека Сељами е од Тетово, оженет и татко на три деца. Посочи дека има завршено Правен факултет во Универзитетот во Тетово и постдипломски студии во Универзитетот на Југоисточна Европа. Потенцира дека имал долго работно искуство во областа на одбрана и промовирање на човековите права. Работел во Агенцијата за информации, до 2008 работел во Комисијата за заштита на правата за слободен пристап на информации од јавен карактер. Од октомври 2008 година бил вработен во канцеларијата на Народниот правобранител во Скопје. Во 2018 бил именуван за генерален секретар во Министерството за правда и од 2020 е вработен во регионалната единица на Министерството за правда во Тетово. Од 2023 година работел како раководител на одделение за политички систем во Министерството за правда. Ќоку нагласи дека Сељами ги исполнува сите услови и критериуми кои се поврзани со оваа функција и побара поддршка да се изгласа неговиот предлог. Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска нагласи дека во иднина за вакви сензитивни клучни функции би требало порано да ги детерминираат и детектираат сите овие состојби и да има еден транспарентен, навремен процес за да бидат информирани и граѓаните и пратениците. -Се знаело стапувањето на условите за пензија се на 12 јули и сме можеле барем месец дена пред тоа да ја започнеме целата процедура и врз основа на тоа да не влеземе во еден цајтнот и да останеме без Народен правобранител. Независно дали согласно законот имаме обврска или немаме обврска за интервју на овие 17 кандидати, сепак за јавноста би било можеби многу потранспарентно и посоодветно ако имавме една јавна расправа преку нивно преставување за да ја видиме и визијата и мисијата и нивната рамка и стратегија како мислат да функционираат овие кандидати. Сметам дека во моментов немаме соодветна транспарентност, туку преку трупа ја истеравме цела оваа процедура. Во иднина за вакви сензитивни клучни функции би требало порано да ги детерминираме и детектираме сите овие состојби и да имаме еден транспарентен, навремен процес за да бидат информирани и граѓаните, но и ние како пратеници, рече Лукаревска. Сајкоски нагласи дека Собранието не било известено дека Народниот правобранител исполнува услови за старосна пензија и затоа веднаш по добивањето на информацијата дека му истекува мандатот о основа на пензионирање ги вложиле сите напори за да се отпочне постапка за избор на Народниот правобранител. Арбана Пашоли, пратеничка на Европскиот фронт истакна дека не може по секој основ да се замолкнат пратениците од опозицијата да земат збор и да го бараат потребното време за да ги дадат и искажуваат нивните предлози и сугестии. -Не може со притисок да кажете да гласаме и да прекинуваме. Ова не може да се толерира. Ова не се случува само на оваа Комисија, туку и во другите комисии. Пред два се случи, за жал, кога го ставивте второто продолжение на 53-та седница каде на дневен ред е Изборниот законик и кога видовте дека сите пратеници Албанци од опозицијата влегоа на седница, тогаш ја прекинавте. Овие политички игри треба да прекинат. И ако ви се ангажирате за парламентарна демократија, треба да ни го дадете целото потребно време да ги изразиме мислењата и да не слушате, рече Пашоли. Пратеничката на Алијансата за Албанците, Илире Даути потенцира дека не сака да навлезе на професионалните способности на кандидатот што го предложи коалицијата ВРЕДИ бидејќи, како што рече, можеби и сите кандидати горе-долу можат да бидат со истите способности и можат професионално да ја извршат професионално работата. -Од самиот факт што немаше претходна консултација и детално не се објаснети причините зошто една коалиција излегува тука и предлага и вели дека стоиме позади ова лице и овие се причините, за мене лично значи не му е доволен аргумент ова лице да се избере поради предлогот на некоја политичка партија, рече Даути. Досегашниот Народен правобранител Насер Зибери на 12 јули 2025 година исполни услови за старосна пензија. Собранието на седницата одржана на 10 јули 2025 година донесе одлука за распишување оглас за избор на Народен правобранител, кој траел 10 дена. Согласно член 5 од Законот за Народен правобранител, тој се избира за време од осум години со право на уште еден избор. Согласно член 9 став 1 од Законот за Народниот правобранител, функцијата Народен правобранител престанува кога тоа сам го бара, е избран или именуван на друга јавна функција или ги исполнува условите за старосна пензија. Согласно член 6 став 1 од Законот за Народен правобранител може да биде избрано лице за народен правобранител кое ги исполнува општите услови определени со закон за основање на работен однос – да е државјанин на Република Македонија, да е дипломиран правник кој има работно искуство над 9 години на правни работи и лице чија активност е докажана во областа на заштита на правата на граѓанинот и ужива углед за вршење на функцијата Народен правобранител. Комисијата ја утврди Одлука за изменување на Одлуката за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“. Членовите на Комисијата за изборите и именувањата го усвоија барањето за остварување право на плата по престанок на функцијата член на Судскиот совет на Република Македонија, Миљазим Мустафа, кој фрункцијата ја извршуваше од 9 јули 2009 година до 9 јули 2025 година. Утврдена беше и Одлука за изменување на Одлуката за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“. Пратениците членови на Комисијата од „Европскиот фронт“ во знак на протест ја напуштија седницата поради неприфатливиот однос и луѓето кои, како што рече пратеничката Даути, минираат се што претставува елемент на демократија во земјава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветКим Џонг-ун ја повикува војската да се подготви за војнаНа севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун му се дадени дополнителни уставни овластувања, вклучително и команда на нуклеарните сили, а исто така ги повика воените команданти да ги засилат подготовките за можна војна.Промените доаѓаат во време на затегнати односи со Јужна Кореја, од чие обединување Пјонгјанг официјално се откажа, пишува „LADbible“. Северна Кореја неодамна го објави текстот на својот устав, речиси три години откако беше отстранет од нејзината официјална веб-страница. Уставот беше изменет во март оваа година, дополнително консолидирајќи ја моќта на Ким. Ким добива повеќе овластувања Изменетиот устав му дава на Ким Џонг-ун право на вето на одлуките за парламентот и можност да ги разрешува претставниците кои ја губат довербата на народот. Како претседател на Комисијата за државни работи, тој исто така доби експлицитно овластување да командува со нуклеарните сили и можност да го пренесе овластувањето за употреба на нуклеарно оружје на надлежното воено тело. Промените дополнително ја зајакнуваат неговата позиција на чело на земјата, која технички сè уште е во војна со Јужна Кореја. Корејската војна заврши во 1953 година со примирје, но мировен договор никогаш не беше потпишан. Северна Кореја се откажа од обединувањето Изменетиот устав повеќе не содржи одредби за обединување на двете Кореи и ја дефинира Јужна Кореја како посебна земја. Ова го потврди пресвртот во политиката на Пјонгјанг, што Ким го објави на крајот на 2023 година. „Промената на севернокорејскиот устав го одразува она што го знаеме веќе три години - Северна Кореја не сака ништо да има со Јужна Кореја“, изјави за Newsweek Едвард Хауел, автор на „Новата оска на превирањата: Северна Кореја, Русија, Кина, Иран“. Јужнокорејскиот претседател Ли Џе-мјунг повика на воспоставување траен мир, но Пјонгјанг ги отфрла обидите за зближување на двете земји. Ким Џонг-ун претходно изјави дека Северна Кореја нема апсолутно никаква работа со Јужна Кореја. Хауел верува дека Пјонгјанг испраќа јасна порака дека не е заинтересирана за напорите на јужнокорејската влада за обновување на односите. Ким ја повикува војската да се подготви за војна Тензиите дополнително се зголемија во последните недели поради воените активности на Северна Кореја. Според извештаите, Пјонгјанг тестирал балистички ракети, а претходно овој месец тенкови биле забележани во близина на границата со Јужна Кореја. Сестрата на Ким, исто така, се закани со „безмилосно уништување“, додека севернокорејскиот лидер ги повика воените команданти да ја зголемат борбената готовност на своите единици. „Главната револуционерна задача на командантот на чета е да ја заврши борбената готовност на своите единици за да бидат целосно подготвени за војна. Ова мора да се постигне со значително подобрување на интензивната воена обука“, рече Ким. Тој додаде дека неговата крајна цел е да изгради што е можно посилна армија и да ја забрза нејзината модернизација. Уставните промени дополнително ја зајакнаа неговата контрола врз вооружените сили, вклучително и нуклеарниот арсенал. Извор: Индекс.хрТагови: Ким Џонг-ун Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
СветЕстонија се подготвува да ја затвори границата со Русија по обидот за саботажаЕстонскиот премиер Кристен Михал нареди подготовки за евентуално целосно затворање на границата со Русија по обидот за напад врз компанија што произведува воени дронови.Естонските безбедносни служби се сомневаат дека руската воена разузнавачка служба ГРУ стои зад обидот за саботажа, објави естонскиот јавен радиодифузер „ERR“. Во сабота, 14 ноември, осум латвиски државјани беа приведени по обид за провала во фабриката „Треод Системс“ во Виимси, северно од Талин. Според естонските власти, целта на нападот била да се предизвика експлозија и да се запали објектот, кој, меѓу другото, произведува дронови за извидување со долг дострел и борбени летала. Премиерот нареди подготовки за затворање на границата Михал денес објави дека разговарал за евентуалното затворање на источната граница со министерот за внатрешни работи Игор Тара. Тој им наложи на министерството и владините оддели да ги подготват сите потребни мерки за да може границата да се затвори доколку безбедносната ситуација дополнително се влоши. Естонскиот премиер предупреди дека руските разузнавачки служби ги експлоатираат граничните премини за да дејствуваат против Естонија. Затворањето на границата, според него, би ги намалило безбедносните ризици и би испратило порака до Москва дека нападите врз естонската одбранбена индустрија не се прифатливи. Веќе втор напад врз одбранбената индустрија Најновиот инцидент не е прв ваков случај во Естонија. Во август, беше извршен прикриен напад врз компанијата „Милрем Роботика“ во Талин, која се занимава со развој на беспилотни воени возила и други одбранбени технологии. Естонската служба за внатрешна безбедност проценува дека обидот за напад врз „Треод Системс“ бил извршен по наредба на руската ГРУ. Премиерот Михал рече дека целта на ваквите операции е да се заплаши населението и да се ослабне поддршката за Украина. Естонија, нагласи тој, нема да ја намали својата помош за Киев, туку ќе продолжи да ја зајакнува соработката со сојузниците и да го зголемува притисокот врз Русија. Граничните премини работат со намален капацитет со месеци Естонија во моментов има три отворени гранични премини со Русија: Нарва, Лухамуа и Коидулу. Сите се отворени од 7 до 19 часот, а ноќни затворања се воведени за зајакнување на граничната безбедност и поефикасен надзор. Владата во август одлучи дека ограниченото работно време ќе важи до понатамошно известување. Во тоа време, министерот за внатрешни работи рече дека нема доволно причини за целосно затворање на границата, но најновиот безбедносен инцидент го отвори повторно ова прашање. Естонските власти сè уште не го објавија датумот на евентуалното затворање, ниту потврдија дека е донесена конечна одлука. Извор: Индекс.хрТагови: Естонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЈеменските Хути ослободија 600 воени заробенициЈемските бунтовници Хути изјавија дека ослободиле околу 600 луѓе заробени за време на најновата ескалација на конфликтот во Јемен, а Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) го потврди нивното ослободување.Службеникот на Хутите задолжен за прашањата на затворениците, Абдул Кадер ал-Муртада, рече дека ова е „најголемото еднострано ослободување на притвореници во двегодишната граѓанска војна во Јемен“, објави Ал Џезира. Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) потврди дека „властите во Сана, со поддршка на тимови од организацијата, еднострано ослободија 600 луѓе „кои беа притворени во врска со вооружениот конфликт“. „Нашите претставници разговараа со секој од затворениците пред ослободувањето, поддржувајќи го нивното достоинствено враќање во своите домови“, соопшти МКЦК. Организацијата нагласи дека нема никаква улога во утврдувањето на бројот на ослободени или во одлучувањето кој ќе биде ослободен. Извор: Б92Тагови: Хутите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter