Фатмир Дехари е старо-новиот градоначалник на општина Кичево - Канал 5

Фатмир Дехари е старо-новиот градоначалник на општина Кичево

 Дехари освои 11.827 гласа.

Фатмир Дехари е старо-новиот градоначалник на општина Кичево

По денешниот втор изборен круг, кандидатот на ДУИ Фатмир Дехари е победник на локалните избори и по трет пат последователно стана градоначалник на општина Кичево, иако по првиот изборен круг освои 250 гласа помалку од својот протикандидат Александар Јованоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Така по 109 обработени избирачки места, Дехари освои 11.827 гласа, додека Јованоски освои 9.212 гласа и се стекна со голема предност над својот противкандидат од 2.615 гласа.

Откако проструи веста дека Дехари повторно е градоначалник на општина Кичево, членови на партијата и симпатизери излегоа на улиците со своите автомобили и со продорна свирка од сирените ја прославија победата, а имаше и огномети на повеќе локации во градот.

Дехари е повторно на потег да ги реализира бројните проекти кои ги најави во предизборието, ако повторно биде избран за градоначалник, од нов градски плоштад, градска капела, решавање на проблемот со кучињата скитници и многу други.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Се потврди сè што предупредуваше СДСМ – на сомнителен начин српската медиумска машинерија влегува во Македонија

Се потврдува сè она за што СДСМ со месеци ја предупредува македонската јавност.

СДСМ: Се потврди сè што предупредуваше СДСМ – на сомнителен начин српската медиумска машинерија влегува во Македонија

Како што најавивме, операцијата за медиумски мрак по рецептот на Вучиќ власта на Мицкоски ја спроведува и во Македонија.

Влегува српската медиумска машинерија во Македонија и тоа на сомнителен начин со заобиколување и злоупотреба на македонските закони.

За ова сериозно прашање денеска алармираат и националните телевизии и јавниот сервис МРТ.

Македонската медиумска асоцијација ММА и МРТ соопштија дека имаат материјални докази за канали кои подолг период работат без домашна дозвола.

Сериозно е нивното тврдење дека АВМУ ги третира како странски програмски сервиси, иако продукцијата, новинарите, коментаторите и гостите се во Скопје, студиските емисии се во Македонија, а програмата се емитува на македонски јазик.

Истиот модел сега се подготвува и за Euronews Македонија и влегувањето на Ало групацијата.

СДСМ со месеци предупредува: проектот на Вучиќ и неговиот „српски свет“ кој Мицкоски го спроведува и во Македонија не само преку „copy-paste“ политиката туку и преку медиумите, капиталот и контролата врз информациите.

Кога нема резултати, кога нема пари во Буџетот, кога нема подобар живот за граѓаните, кога нема европска перспектива за граѓаните, тогаш единствено што останува на оваа власт е да воспостави контрола врз медиумскиот простор.

Операцијата за градење структура која треба да ја зајакне веќе постоечката Орбанова медиумска мрежа во Македонија ја водат Началникот задолжен за пропагдана на Мицкоски, Драган Павловиќ Латас и Ивона Талевска.

СДСМ во целост ги поддржува баарањата на телевизиите кои јавно предупредија дека нема да го дозволат и побараа институциите да утврдат одговорност.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Романо: Мармуш во Тотенхем

Досегашниот фудбалер на Манчестер Сити, репрезентативецот на Египет, Омар Мармуш преминува во Тотенхем,  пренесува Фабрицио Романо, водечкиот експерт за фудбалски трансфери. 

Романо: Мармуш во Тотенхем

Финансиските детали од договорот не се обелоденети. Минатата сезона, Мармуш постигна осум гола на 36 натпревари за Сити.

Египетскиот напаѓач подолго време се поврзуваше со трансфер во Тотенхем како дел од голем договор меѓу два англиски клуба, а структурата на трансферот привлече значително внимание во Германија.

Мармуш му се приклучи на Манчестер Сити од Ајнтрахт во јануари 2025 година за сума од приближно 75 милиони евра. Франкфурт во договорот вклучи клаузула со која им припаѓаат 15 проценти од каква било добивка што Сити би ја остварил од неговата идна продажба.

Според претходните извештаи од Англија, Тотенхем се договорил да го ангажира Мармуш на позајмица со обврска за откуп за околу 50 милиони фунти (приближно 58 милиони евра).

Оваа сума е многу слична на износот што Сити му го плати на Франкфурт, што значи дека англискиот шампион не би остварил профит од договорот. Следствено, Франкфурт не би добил ништо врз основа на својата клаузула.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Штерјова: Владата на Мицкоски ја навредува Европа - Стоилковиќ отворено работи на кинеската и руската агенда

Се потврдува она што го говори СДСМ, Иван Стоилковиќ, соработник на Мицкоски и министер во неговата влада, работи за кинеската и руска агнеда.

Штерјова: Владата на Мицкоски ја навредува Европа - Стоилковиќ отворено работи на кинеската и руската агенда

По години застапување на српски и руски интереси, по кредитот од една милијарда евра, со кинески пари, што Мицкоски го зеде преку Орбан, сега Стоилковиќ промовира проекти исто така со кинески пари.

Најавува стратешки инвестиции со Кина и бизнис интереси на туѓи земји.

Додека САД јасно гледаат во Кина и Русија закана за стабилноста и евроатлантската интеграција на регионот министер на Мицкоски отворено промовира кинеска соработка и патува во Кина.

Во стратешки документ на Стејт департментот се нагласува дека Кина и Русија се малигни актери кои активно се обидуваат да ја искористат нестабилноста, корупцијата и слабата управуваност во Западен Балкан за да го прошират своето влијание.

Стоилковиќ јавно удира врз стратешките интереси на Македонија заедно со уредникот на 40% од Орбановите медиуми - Началникот Латас.

Засилувањето на ова влијание, ќе се зголеми со доаѓањето на српската медиумска машинерија преки Ало и Еуроњус во Македонија на чело со Ивона Талевска.

Ништо не е случајно. Ова е свесна политика на Мицкоски и неговата криминална група – да ја држат Македонија далеку од ЕУ, во изолација а поблиску до авторитарни сили и источни влијанија.

Граѓаните заслужуваат европска иднина, а не да бидат заложници на туѓи интереси.

YouTube video

Прес конференција на СДСМ, Кети Штерјова

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер