Фатени 5 тони марихуана во Србија: Три лица во притвор, трагите водат кон Македонија - Канал 5

Фатени 5 тони марихуана во Србија: Три лица во притвор, трагите водат кон Македонија

ОЈО оформи предмет по тврдењата на српските власти дека 5-те тони марихуана внесени во Србија, а запленети во близна на Крушевац потекнувале од Македонија.

Фатени 5 тони марихуана во Србија: Три лица во притвор, трагите водат кон Македонија

Од таму велат дека веќе се преземаат конкретни, насочени и координирани дејствија за целосно утврдување на сите факти и околности за поврзаноста на Македонија со овој случај, со цел обезбедување целосна кривично-правна одговорност.​

- Обвинителството уште во петокот беше навремено и целосно информирано за настанот и без одлагање презеде активности во рамките на своите законски надлежности. Веднаш е воспоставена интензивна и континуирана комуникација со надлежните органи на Република Србија,со активна размена на релевантни информации и координација на дејствијата, со цел целосно и сеопфатно откривање на сите инволвирани лица и евентуални организирани структури поврзани со случајот на заплена на пет тони марихуана-ОЈО.

Наспроти обвинитеслтвото, пак од Царина велеат дека се уште не добиле официјални податоци за случајот и дека не биле направени проверки. Од таму апелираат и да не се шпекулира со податоци, кои не се потврдени од официјални институции.

За случајот постапуваат и од МВР. Од таму велат дека преземаат соодветни оперативно тактички мерки и активности согласно полициските овластувања, како и дека македонската полиција соработува и разменува тековни информаци со полицијата од Србија.

Случајот во соседна Србија се оценува како најголемата нарко акција досега, а српскиот министер за внатрешни Ивица Дачиќ најавува и проширување на истрагата, негирајќи било каква вмешаност или прикривање на заплената од страна на српските власти.

„Се беше спакувано за дистрибуција, од опојна дрога која била произведена на нива или што се вели домашно производство. Станува збор за дрога која уште тогаш кажавме дека најверојатно е од Македонија или можно е и од Албанија. Истрагата, сега да не зборуваме за тоа, ќе покаже сите тие канали и сакам да нагласам дека таа истрага секако ќе биде проширена“– Ивица Дачиќ, министер за внатрешни работи на Србија.

Досега осомничени се пет лица, од кои тројца се во притвор. Меѓу осомничените е Иван Драгниќ кој според српското обвинителство за организиран криминал ја траспортирал дрогата преку македонско-српската граница. Тој е и ко-сопственик на компанијата „Алфафарм“ од Скопје која се занимава со производство и преработка на медицински канабис. Организаторот е во бегство и се бара со меѓународна потерница. Осомничените се товарат за неовластено производство и дистрибуција на наркотични дроги. Вредноста на марихуната се проценува на 10 милиони евра, а според срспските власти била намената за тамошниот и за европскиот пазар.

Од опозициската СДСМ и денеска прашуваат кој дозволил преку македонската граница да помине огромна количина на дрога и бараат одговорност од интитуциите.

„Како 5 тони дрога поминале преку македонската граница? Кој дозволил 5 тони дрога да се прошверцува. Без поддршка и заштита од структури во власта, криминал од вакви размери не може да се случи. Ова не е инцидент – ова е систем. Како е можно во држава со Сејф Сити, со камери и скенери на граничните премини да поминат 5 тони дрога? Или ова е толку добро организирана картелска мрежа поврзана со сè и никој ништо не ѝ може?“ - Александар Димитријевиќ, генерален секретер на СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак им порачаа на СДСМ одговори за случајот со марихуаната да побараат кај Зоран Заев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Не е само „Volkswagen“: И моделите на овој бренд исто така може да имаат сериозен технички проблем

Германската управа за моторни возила (KBA) во петокот предупреди дека, покрај милиони возила на „Volkswagen“ и „Audi“ ширум светот, и околу 1,7 милиони возила на Шкода може да имаат потенцијално опасен дефект.

Не е само „Volkswagen“: И моделите на овој бренд исто така може да имаат сериозен технички проблем

Предупредувањето се однесува на потенцијално слаб шраф во механизмот за управување, кој е подложен на корозија. Во најлош случај, шрафот би можел да пукне, соопшти „KBA“.

Минатата недела, агенцијата објави дека сопствениците на 2,16 милиони возила на „Volkswagen“ – конкретно моделите „Tiguan“, „Touran“, „Golf Variant“, „Caddy“ и „Golf“ произведени помеѓу 24 септември 2013 и 1 јули 2024 година – треба да контактираат со сервисен центар за да се изврши проверка и евентуална замена на проблематичниот дел, пренесува „DPA“.

Истото важи и за моделот „Audi Q3“ произведен помеѓу 31 октомври 2017 и 23 мај 2024 година.

Истиот ден, групацијата „Volkswagen“ упати повик до сопствениците на овие возила да ги донесат на технички преглед.

Се чини дека и возилата на Шкода – кои исто така се дел од групацијата „Volkswagen“ – се погодени од истиот проблем со дефектниот шраф.

Истото важи и за засега неутврден број возила од шпанскиот бренд „SEAT“.

Меѓу моделите на Шкода, под лупа се „Kodiaq“, „Karoq“, „Octavia“ и „Superb“, соопшти „KBA“, без да прецизира датуми на производство.

Ова опфаќа околу 1,7 милиони возила ширум светот, вклучително и околу 370.000 во Германија.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинати

Бројот на загинати во несреќата со повеќе возила на автопатот кон крајбрежниот град Момбаса во Кенија се искачи на 17, соопшти полицијата.

Голема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинати

Во соопштението се наведува дека несреќата се случила во текот на ноќта во областа Салама, откако возач на камион не успеал да престигне друго возило, што довело до судири со други возила – вклучително и комбе – пренесе АП.

Полицијата претходно соопшти дека во несреќата загинале најмалку 13 лица.

„Луѓето патуваа кон место за молитва во округот Накуру, западно од кенискиот главен град Најроби“, изјави Мартин Кивува, надбискуп на Католичката надбискупија во Момбаса.

Сообраќајните несреќи се сериозен проблем низ цела Африка.

Тие често се припишуваат на лошото одржување на возилата, прекумерната брзина и лошата состојба на патиштата.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон

На 04.10.2026 (недела) со почеток во 08:00 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи - „Виз Ер Скопски маратон 2026“ со следните траси на движење: траса на движење на трката од 5км – Старт на ул.„11-ти Октомври“ (кај зелен пазар), право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, полукружно на крстосница помеѓу бул.„3-та Македонска Бригада“ и ул.„Коста Новаковиќ“ и по истата траса назад до целта – плоштад „Македонија“ на ул.„11-ти Октомври“ и траса на движење на маратонот, полумаратонот и штафетната трка (по наведената траса за штафетната трка и маратонот натпреварувачите се движат 2 пати) – Старт Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“, право кон „Рекорд“ односно по ул.„Димитрие Чуповски“, право по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, право по ул.„Војвода Васил Чакаларов“, се до крстосница со ул.„Ангел Динев“ каде се врти полукружно назад по истата траса се до Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“ и се продолжува право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Србија“ каде се врти полукружно и во истата коловозна лента назад по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Кузман Јосифовски Питу“ каде се врти полукружно назад во истата коловозна лента до крстосница со ул.„Васко Карангелевски“, десно по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по ул.„11-ти Октомври“ до целта- Плоштад Македонија.

Од тие причини Единица за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер