Фаталната русокоса и девојка на кошаркарот на Монако го покажа своето совршено тело - Канал 5

Фаталната русокоса и девојка на кошаркарот на Монако го покажа своето совршено тело

Поранешната навивачка на литванскиот Жалгирис Габија Карабинаита повторно успеа да привлече огромно внимание на социјалните мрежи. 

Фаталната русокоса и девојка на кошаркарот на Монако го покажа своето совршено тело

Атрактивната русокоса објави нова серија фотографии од плажа на кои позира во минијатурно бикини и со одбојкарска топка, а нејзините следбеници не останаа рамнодушни.

Со години, убавицата од Литванија важеше за едно од најпрепознатливите лица меѓу навивачките на Жалгирис.

Нејзините настапи во познатата „Жалгирио Арена“ честопати привлекуваа речиси исто толку внимание како и настаните на паркетот, поради што таа доби голем број следбеници на социјалните мрежи.

Сепак, во последните месеци нејзиниот живот целосно се промени. Откако започна врска со кошаркарот на Монако, Џерун Блосомгејм, таа се пресели во Кнежевството, каде што максимално ужива.

Во едно интервју откри дека нивната љубовна приказна започнала сосема спонтано – со порака на Инстаграм.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Среде криминалниот скандал со Алта банка, судството под контрола на Мицкоски го ослободува Боки 13

Среде оргомниот скандал со Алта банка, судството кое е под целосна контрола на Христијан Мицкоски го ослободува Боки 13.

СДСМ: Среде криминалниот скандал со Алта банка, судството под контрола на Мицкоски го ослободува Боки 13

Во Србија истрага за Алта банка, кривични пријави, приведен сопственик, стечај. А во Македонија нема истрага, нема кривични пријави за Мицкоски и Славевски.

Трајко Славевски вели „се е во ред“. Народот не може да дојде до своите пари, чека во редици во неизвесност само затоа што се штитат криминалните пари.

На Мицкоски му треба некој за нови напади, нови дискредитации, нова црна кампања, нов дефокус.

ЗНАМ е потрошен и веќе не постои, сателитите како Левица и ЗНАМ 2.0 не даваат резултат, разобличена е пропагандата на медиумите на Вучиќ и Орбан кои работат за Мицкоски.

Затоа е пуштен Боки 13. На Мицкоски му е потребен нов мегафон.

На криминалната банда на власт треба да им биде јасно дека ниту дефокус со Боки 13, ниту сателитите, ниту целата пропагандна машинерија нема да го спасат Мицкоски од одговорност.

Бандата ќе одговара.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Брисел се одржува самит за проширување на Европската унија 2026

Македонија ќе ги продолжи обидите за дијалог со Бугарија во добра волја, меѓутоа ирационални проблеми поврзани со идентитетот не можат да бидат надминати – нагласи претседателката Гордана Сиљановска Давкова од Самитот за проширување на ЕУ.

Во Брисел се одржува самит за проширување на Европската унија 2026

Македонија ќе ги продолжи обидите за дијалог со Бугарија во добра волја, меѓутоа ирационални проблеми поврзани со идентитетот не можат да бидат надминати – нагласи претседателката Гордана Сиљановска Давкова од Самитот за проширување на ЕУ организиран од бриселскиот медиум Евроњуз. Претседателката оцени дека блокадата на земјава не е поврзана со како што рече, реалноста, туку со недостаток на политичка волја кај соседот, но и кај ЕУ.

-Сите од политичарите кои доаѓаат кај нас, велат дека е потребна политичка волја, но што е со политичката волја од ЕУ? Можеме да ги надминеме рационалните проблеми, но ирационалните проблеми? Kако можам да зборувам за мојот идентитет, за мојот јазик? Извинете, не можам... // Ако форматот на дијалогот е слушај и прави, јас сум член, а ти не си, јас имам право на вето, а ти немаш, тогаш има проблем,- -Гордана Сиљановска Давкова, Претседателка на Македонија .

Силна поддшка за македонските евроинтеграции изрази хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во своето обраќање на Самитот. Прашан дали Хрватска би можела да стави вето на членството на Црна Гора поради отворените билатерални прашања, Пленковиќ одговори дека двете соседни земји се пријатели, за разлика од други земји во регионот.

-Ние сме пријатели, не се однесуваме како другите земји-членки кои им попречија на некои други земји од Југоисточна Европа дури и да започнат преговори. Имаме примери во истата група земји кои дури и не ги започнале преговорите. // Да сакавме да бидеме пречка за приклучувањето на Црна Гора, тогаш нашата политика ќе беше многу поинаква. Всушност, бевме многу пријателски настроени и конструктивни,- -Андреј Пленковиќ, премиер на Хрватска.

Овој месец во Брисел ќе се одвива во духот на проширувањето – утре ќе бидат објавени редовните извештаи на Европската комисија за напредокот на земјите кандидатки, а четирите фаворитки – Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија ќе добијат и конкретни патокази.

На 15 ноември е закажан и официјалниот ЕУ Самит за проширување каде ќе се обрати и премиерот Христијан Мицкоски, додека на 25ти, исто така во Брисел, ќе се одвива Самитот ЕУ – Западен Балкан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судење за Ѓоко Велков - изведување на материјалните докази и вештачењето од претходното рочиште

ДНК и финансиското вештачење на апелацискиот судија Ѓоко Ристов и денеска не стигнаа во судница. 

Судење за Ѓоко Велков - изведување на материјалните докази и вештачењето од претходното рочиште

Неговата одбрана тврди дека финансиското вештачење кое наскоро треба да се подготви, ќе покаже дека неговите родители е сосема можно да заработиле 975 илјади евра а со тоа да ги поседуваат и 350те илјади евра кои при претресот биле пронајдени заѕидани во семејниот дом во Неготино. Адвокатот Звонко Давидовиќ презентираше правно мислење на универзитетскиот професор Гордан Калајџиев со кое ја оспорува правната квалификација на обвинението, според кое, Ѓоко Ристов не може да биде опфатен со законското битие на кривичното дело кое му се става на товар.

-Правното мислење е по однос на правната квалификација онака како и што почна предметот, па некако се подазборави во текот на постапката каде што одбраната тврди и се уште тврди, дека судија не може да биде обвинет опфатен со законско битие на ова кривично дело, бидејќи истото се однесува на службено или овластено лице, јавно претпртијатие, јавна установа или правно лице кое располага со државен капитал. Ништо од тоа не е судот. – Звонко Давидовиќ – Адвокат

Обвинителката Искра Хаџи Василева пак смета дека правното мислење нема доказна тежина и дека судот треба да одлучува врз основа на фактите и доказите изведени во постапката. Таа посочи дека со овие мислења се критикува постојната одредба од Кривичниот законик, која, како што рече, била усвоена во рамки на усогласувањето на македонското законодавство со меѓународните конвенции за борба против корупцијата.

-Модерно, ќе си дозволам, стана да се даваат на некои судења, но во суштина тоа го симнува нивото на правната култура кај нас, бидејќи земено правно и професионално тие немаат никаква тежина и значење. Судот го обврзуваат фактите и доказите изведени на рочиште. Правните мислења дадени како нечиј авторитет навистина не го обврзуваат судот и навистина е несериозно да се воопшто користат овој тип на докази кои во суштина и не се докази. И не можат да бидат докази. – Искра Хџи Василева – Обвинител во ОЈО ГОКК

На изјавата на обвинителката Хаџи Василева реагираше професорот Калајџиев кој во објава на социјалните мрежи напиша:

-Тешки зборови употребила обвинителката за некој што иʼ бил учител и творец на законот по кој што работи, што зборува повеќе за неа отколку за мене.

Следно рочиште за случајот е закажано за 20 ноември.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер