3ЗНАМ: Пред да прогласувате историски победи, почекајте ги стручните ставови на Венецијанската комисија
3Повеќе од 1.000 километри со едно полнење! Ова се најдобрите електрични автомобили за патувања на долги релации
ЖивотФарел Вилијамс: Не сакам познатите да ми кажуваат за кого да гласам Американскиот ар-ен-би пејач Фарел Вилијамс нагласи дека не сака неговото име да се поврзува со ниту една политичка партија, во последното негово интервју за „Холивуд репортер“.Имено, 51-годишниот уметник и креативен директор за мажи во модната компанија „Луј Витон“, вели, „се нервира“ од „политичките игри“ во САД. - Јас сум повеќе хуманитарец. Ми се допаѓаат луѓето кои се обидуваат да им помагаат на други луѓе. Не сум сигурен дека некогаш ќе гласам за крајно десните. Нема да го сторам тоа, изјави музичарот. Тој додава дека е против мешањето на некои познати личности во политиката. - Всушност, понекогаш и се нервирам кога познати личности се обидуваат да ми кажат (за кого да гласам)... Има познати чиешто мислење го почитувам... Но, не сечие, додава Фарел не појаснувајќи кого има предвид. - Јас сум еден од тие луѓе (кои велат): „Замолчи, да му се сневиди! Никој не те праша!“ Кога луѓе излегуваат - самобендисани и „со засукани ракави“ и сѐ тоа... Значи, не. Попрво би останал настрана, и очигледно - ќе гласам како што ќе гласам. Се грижам за мојот народ и се грижам за земјата, но чувствувам дека има многу работа што треба да се заврши, а јас сум навистина за делата, заклучи Фарел. Некои познати личности во САД, како Тејлор Свифт и Били Ајлиш јавно повикаа на гласање за Камала Харис на претседателските избори во земјата во 2025 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВласта го одби барањето на СДСМ, предлог – законот за јавни набавки да биде повлечен од дневен редПредлог законот за јавни набавки попладнево стаса на дневен ред во Собранието, откако владеачкото мнозинство го отрфли предлогот на СДСМ тој да биде повлечен.. Дејан Трајкоски е во Парламентот.. Дејан, откако вчера претседателката Сиљановска стави вето на еден член од предлог законот, мнозинството експресно реагираше... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСиљановска-Давкова разговараше со претседателот на Литванија- претседавач со ЕУ од јануари 2027Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на Парискиот мировен форум 2026, оствари средба со претседателот на Република Литванија, Гитанас Науседа.Taa го поздрави денешното отворање на нашата прва резидентна Амбасада во Вилнус и изрази очекување за продлабочување на македонско-литванската политичка, економска и институционална соработка. Соговорниците разменија ставови за процесот на проширување на Европската Унија, состојбата во регионот на Западен Балкан, како и за македонските предизвици во пресрет на литванското претседавање со Советот на ЕУ од јануари 2027 година. Тие се согласија дека реформите и Копенхашките критериуми се клучните параметри за членство во ЕУ на земјите-кандидатки и дека билатералните прашања не треба да бидат пречка во процесот на проширување. Претседателката посочи дека соседите може да имаат позитивна улога во европската интеграција на регионот, укажувајќи на примерот на скандинавските земји, кои целосно ги поддржаа балтичките држави пред нивното членство во Европската Унија во 2004 година. Таа го информираше претседателот за македонските преземени чекори на патот кон ЕУ, како и за прашањата со коишто се соочува земјата, од добивањето на кандидатскиот статус во 2005 до денес. Сиљановска-Давкова истакна дека продолжуваат македонските напори за конструктивен дијалог со соседна Бугарија, но нагласи дека за тоа е неопходно двете страни да пристапат кон процесот со добра волја, соопштуваат од Кабинетот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
МакедонијаЗНАМ: Пред да прогласувате историски победи, почекајте ги стручните ставови на Венецијанската комисијаДвижењето ЗНАМ смета дека е несоодветно создавањето политичка еуфорија и прогласувањето историски победи од страна на претставниците на ВРЕДИ.Движењето ЗНАМ смета дека е несоодветно создавањето политичка еуфорија и прогласувањето историски победи од страна на претставниците на ВРЕДИ, во момент кога Владата всушност ја усвои информацијата за потребата од прибавување стручно мислење од Венецијанската комисија за прашањето на употребата на албанскиот јазик во правосудството. Усвојувањето на информација за потребата од стручно мислење не значи дека е донесена конечна одлука, ниту дека е направена каква било промена во законската рамка и начинот на функционирање на правосудниот систем. Напротив, побараното мислење од Венецијанската комисија треба да даде стручна и правна основа за понатамошно постапување, со почитување на Уставот, законите, правната сигурност и европските стандарди. Прашањата поврзани со употребата на јазиците, особено во правосудството, се премногу сериозни за да бидат предмет на дневнополитички маркетинг, пред да бидат разгледани сите правни аспекти и да бидат добиени релевантните стручни мислења. Затоа, наместо предвремено прогласување победи и создавање очекувања кај граѓаните, потребни се одговорност, институционален пристап и почитување на правните процедури. За ЗНАМ, владеењето на правото, уставноста и еднаквоста пред законите не се предмет на политички пазарења, туку темелни принципи врз кои мора да функционира државата. Центар за комуникации и аналитикаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter