Фантастичниот Мијатовиќ му донесе победа на Металург над Вардар - Канал 5

Фантастичниот Мијатовиќ му донесе победа на Металург над Вардар

Металург вечерва славеше над Вардар во градското дерби во рамки на ракометната Лига на шампиони. Ако се суди според почетокот на мечот, ништо не навестуваше дека избраниците на Лино Червар ќе слават со осум голови разлика (26:18).

Фантастичниот Мијатовиќ му донесе победа на Металург над Вардар
Вториот голман на Металург, Раде Мијатовиќ, го врати во живот Металург по лошото прво полувреме и негативата од два гола. Со серија одбрани екипата од Автокоманда брзо ја надополни разликата. Вардар цели седум минути во второто полувреме не постигна гол. Кошмарот од претходниот натпревар, што се играше пред десет дена, Дибиров, беше одлично затворен и постигна само 5 гола.

„Првото полувреме го игравме во грч, поучени од првиот натпревар кога мислевме дека ќе го добиеме мечот. Во второто полувреме среќата како да се сврте кон нас. Постигнавме погодоци од тешки ситуации. Мијатовиќ не држеше во игра и не поттикна со своите феноменални одбрани. Овој натпревар значи многу за нас, за поткревање на самодовербата што ја изгубивме во последниот месец“, изјави по натпреварот Наумче Мојсовски.

„Да им се заблагодарам на играчите, да им честитам на големата борба, на дисциплината и на начинот на којшто одиграа“ – беше кус тренерот на металурзите, Лино Червар.

„Фер и коректна борба на играчите на Вардар. Натпреварот беше многу тежок, влеговме порастоварени во него, докажавме дека никој не треба да не отпишува. Дарко Станиќ наметна виски стандарди на голот и партијата што јас ја пружив е можеби желбата за да се наметнам во таа конкуренција“, рече по натпреварот голманот Мијатовиќ.

„Честитки за победата, беше заслужена. Вардар виде што значи да се има голман. Му честитам на Мијатовиќ. Кога ќе се постигнат само два гола во второто полувреме нема што да се бара понатаму, секако дека кај нас е грешката и ќе треба да анализираме. Ќе се обидеме да се пласираме во следната рунда“, коментираше тренерот на Вардар, Андон Бошковски.

Најефикасни во тимот на Металург, покрај 10-те одбрани на Раде Мијатовиќ, беа Наумче Мојсовски и Ренато Вугринец со по 8 голови.
Металург сега има 10 бодови, а Вардар 8.

Согласно распоредот на табелата, Македонија годинава најверојатно ќе има два претставника во фазата топ 16 од ракометната Лига на шампиони.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер