Фановите шокирани: Новак Ѓоковиќ се откажа од Париз - Канал 5

Фановите шокирани: Новак Ѓоковиќ се откажа од Париз

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ одлучи да не учествува на познатиот Мастерс турнир во Париз кој се игра во салата „Берси“, а на програмата е од 28 октомври до 3 ноември, пренесува Спорт Клуб.

Фановите шокирани: Новак Ѓоковиќ се откажа од Париз

Веќе имаше многу прашања за тоа дали Новак Ѓоковиќ ќе настапи на овој турнир, како и дали ќе игра на завршниот Мастерс во Торино, додека веќе е познато дека нема да настапи ниту на турнирот во Белград.

Изгледа како Новак штотуку решил да се одмори и да се подготви за турнирот во Торино со кој ќе ја заврши оваа календарска година.

Да потсетиме, на турнирот во Ријад учествуваше и Новак Ѓоковиќ, каде го освои третото место победувајќи го Рафаел Надал, додека претходно во полуфиналето на овој турнир беше поразен од Јаник Синер.

Пред да отпатува за Ријад, тој играше и на Мастерсот во Шангај, каде стигна до финалето.

Ѓоковиќ досега седум пати славеше во Берси.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Традиција и раскош: Велика Британија го слави роденденот на кралот Чарлс со воен спектакл

Велика Британија денес го одбележува роденденот на кралот Чарлс со традиционалната воена церемонија „Trooping the Colour“, еден од најважните настани во кралскиот календар, објави „GB News“.

Традиција и раскош: Велика Британија го слави роденденот на кралот Чарлс со воен спектакл

Овогодинешната парада ќе биде четврта што кралот Чарлс ќе ја предводи откако се искачи на тронот.

Илјадници граѓани се собираат по Вајтхол за да го следат настанот.

Првиот баталјон на Гренадиерската гарда оваа година имаше чест да го носи своето знаме за време на парадата.

Ова е најстариот пешадиски полк на британската армија, основан во 1656 година, кој освоил 78 борбени почести и 14 Викториини крстови низ целата своја историја.

По воената парада, се очекува членовите на кралското семејство да се соберат на балконот на Бакингемската палата за да го поздрават традиционалниот надлет на авионите на Кралските воздухопловни сили.

Кралот Чарлс носи униформа на Гренадиерската гарда, а на парадата учествуваат и принцот Вилијам, принцезата Ана и принцот Едвард, војводата од Единбург.

Церемонијата „Trooping the Colour“ се одржува во сегашната форма од 1748 година и е комбинација од воена традиција и прослава на официјалниот роденден на британскиот монарх.

Кралот Чарлс првпат присуствувал на настанот во 1951 година како тригодишен принц.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Швајцарија во недела на референдум: Се гласа за план за ограничување на населението на 10 милиони

Швајцарија утре ќе бара на референдум одговор на прашањето – може ли една држава да постави фиксна граница на бројот на жители?

Швајцарија во недела на референдум: Се гласа за план за ограничување на населението на 10 милиони

Гласачите ќе излезат на гласачките места за да одлучат за предлогот населението да се ограничи на 10 милиони жители. Овој потег го поддржа десничарската швајцарска народна партија, која го опишува како „иницијатива за одржливост“ насочена кон намалување на притисокот врз домувањето, јавните услуги и животната средина. Швајцарската влада, сите други поголеми партии, деловните лидери и синдикатите го нарекоа предлогот „иницијатива за хаос“, тврдејќи дека ќе ги лиши болниците и хотелите од многу потребниот кадар. Швајцарија инаку има над 9 милиони жители, од кои дури 27% се странци

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски оствари средба со Ергодан: Беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи

Денес остварив билатерална средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, на која беше потврдена традиционално блиската, пријателска и стратешка соработка меѓу двете држави, објави премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски оствари средба со Ергодан: Беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи

На средбата беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи, кои се темелат на меѓусебна почит, доверба и искрено пријателство меѓу двата народа. Разговаравме за можностите за дополнително продлабочување на економската соработка, зголемување на трговската размена, нови инвестиции, како и за унапредување на соработката во областа на инфраструктурата, енергетиката, туризмот, образованието и одбраната.

Ја нагласив важноста на Турција како значаен економски и политички партнер, истакнувајќи дека Владата останува посветена на создавање поволна и предвидлива деловна клима за нови турски инвестиции и отворање нови работни места.

Претседателот Ердоган ја потврди поддршката на Турција за развојот и просперитетот на Македонија, како и подготвеноста за понатамошно зајакнување на билатералните односи во сите области од заемен интерес.

Во рамки на разговорите беа разменети мислења и за актуелните регионални и меѓународни предизвици, при што беше нагласена потребата од стабилност, соработка и економски развој на регионот.

Изразивме уверување дека односите меѓу двете пријателски држави ќе продолжат да се развиваат со уште посилна динамика во периодот што следува, стои во објавата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер