ЗабаваФановите прв пат го слушнаа Меси како зборува англиски, сите му се смеат (ВИДЕО)Лионел Меси глуми во реклама за продолжението на култниот филм Bad Boys со Вил Смит и Мартин Лоренс.Иако неговиот лик трае само неколку секунди, напаѓачот на Интер Мајами ќе остане запаметен по тоа што кажа два збора на англиски јазик. Многу фанови за прв пат го слушнаа легендарниот фудбалер како зборува англиски. Имено, во трејлерот за четвртиот дел на Bad Boys, чија премиера во кината ќе биде на 7 јуни, Смит и Лоренс прв ги посети американскиот кошаркар Џими Батлер, кој сака да стане опасен исто како нив. Сепак, по тренингот сфаќаат дека Батлер не е добар избор и не го прифаќаат во својот тим. Набргу потоа, Меси заѕвони на нивната врата изговарајќи ги зборовите „лоши момчиња“, а Смит и Лоренс, незадоволни од неговиот глас, му рекоа дека е на погрешна адреса. „Меси?“, „Дали е ова вистинскиот глас на Меси?“, „Меси знае англиски?“, „Прв пат го слушаме Меси како зборува англиски“, „Ова е урнебесно“, се само дел од коментарите на интернет. This is the first time in my life I’ve heard Messi speak English 😭 pic.twitter.com/UjP1WCjkqs — Mod (@CFCMod_) May 28, 2024 BREAKING: Messi speaks English in Bad Boys ad pic.twitter.com/0WJb95yl52 — J. 🇵🇸 (@Messilizer) May 28, 2024 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканЦрна Гора до крај на годината ги затвора сите преговарачки поглавја со ЕУЦрна Гора очекува до крајот на годината да ги затвори сите преговарачки поглавја со Европската унија, изјави министерката за европски прашања на Црна Гора Мајда Горчевиќ.Според неа, усвојувањето на уставните измени покажало високо ниво на одговорност кај сите политички фактори во земјата, а членството на Црна Гора во ЕУ е целосно остварливо. На вонредна седница одржана вчера црногорскиот парламент ги усвои предлог-измените на уставот што се однесуваат на судскиот и тужителскиот совет и на централната банка. Фото: ВИТагови: ЕУ Црна Гора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалМанчестер Сити не се откажува од Енцо Фернандез,Челзи бара околу 140 милиони евра Богатиот англиски премиерлигаш Манчестер Сити не се откажува од Аргентинецот, Енцо Фернандез, и покрај тоа што го пропушти рокот што претходно го одреди Челзи за доставување понуда. „Гардијан“ денес пренесува дека Сити би можел да ги искористи средствата од продажбата на Нико Гонзалез во Њукасл за да направи нов обид да го ангажира аргентинскиот играч за врска. Фернандез е заинтересиран за повторна соработка со Енцо Мареска, со кого претходно работеше во Челзи. Иако Челзи не се обидува активно да го продаде, клубот одреди цена од околу 140 милиони евра. Сити моментално спроведува голема реконструкција на средниот ред по заминувањата на Родри и Тиџани Рејндерс, а веќе постигна договор за ангажман на Ајуб Буади од Лил за 95 милиони евра плус дополнителни бонуси. ESPN исто така пренесува дека Сити е подготвен да ја плати сумата што ја бара Челзи за Фернандез.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСоветниците на СДСМ во Пехчево против дата центарПобараа тргање на точката од дневен ред!„Како координатор на советничката група на СДСМ и коалицијата, предлагам втората точка, која е доставена во материјалите од дневниот ред, да се изземе, да се симне од дневен ред и да се стави на некоја наредна седница, која ќе биде отворена, на која граѓаните ќе бидат информирани за постапувањето по истата. Ние, како советничка група, нашиот став е јасен: дека нема да ја поддржиме таа иницијатива“ рече Николчо Јовчев, претседател на ОО СДСМ Пехчево и координатор на Советничката група на СДСМ. Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter