Фановите прашуваат каде е Дилета Леота на СП, таа им испрати жешки поздрави од јахта (ФОТО) - Канал 5

Фановите прашуваат каде е Дилета Леота на СП, таа им испрати жешки поздрави од јахта (ФОТО)

Најатрактивната спортска новинарка во светот, Дилета Леота, не е на Светското првенство, иако многумина очекуваа таа да се појави на телевизија и покрај фудбалските терени веднаш по породувањето.

Фановите прашуваат каде е Дилета Леота на СП, таа им испрати жешки поздрави од јахта (ФОТО)

Очигледно е прерано за неа да се раздели од својот син Леонардо, кој нема ни два месеци.

Иако се породи пред само два месеци, Дилета Леота веќе ја доведе својата форма на совршено ниво и многумина се шокирани кога ги видоа нејзините нови фотографии од нејзиниот одмор, каде што ужива со своето семејство и сопругот Лорис Кариус.

Италијанската новинарка сподели со своите следбеници парче рај во кое ужива со своите најблиски, на крстарење на Ибица.

Несомнено е дека на многумина им е жал што не ја виделе на телевизиските екрани како известува од Светското првенство, но очигледно нема долго да чекаме да се врати на работа, со оглед на тоа колку брзо се врати во врвна форма.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈО: Постапка за загрозување на сигурноста на Претседателот на Владата на РМ

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 39-годишен жител на селото Черкези, поради основано сомнение да сторил кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 5 од Кривичниот законик.

ЈО: Постапка за загрозување на сигурноста на Претседателот на Владата на РМ

Осомничениот, во пораки преку социјални мрежи, го навредувал и му се заканувал на Претседателот на Владата на РМ.

Ценејќи ги околностите на извршување на делото, ризикот од бегство, а особено фактот дека осомничениот се јавува како извршител на други кривични дела од областа на насилниот криминал – насилство, лихварство и поголем број на прекршоци за нарушување на јавниот ред и мир, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

Притоа, согласно обезбедените докази во однос на претходното поведение на осомничениот, станува збор за конфликтна личност која влегува во постојани расправии, закани и физички пресметки со пријавители, па се оценува дека постои реален ризик ваквите агресивни испади да прераснат во потешки кривични дела со животозагрозувачки последици со кои се заканува, стои во соопштението од Јавното Обвинителство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Политичките инсталации на СДС и ДУИ во правосудството повторно ја газат правдата

Политичките инсталации на СДС и ДУИ во правосудството повторно ја газат правдата и ги штитат криминалците.

ВМРО-ДПМНЕ: Политичките инсталации на СДС и ДУИ во правосудството повторно ја газат правдата

Последните одлуки на правосудните органи се јасен доказ дека политичките инсталации во правосудството на СДС и ДУИ се уште работат.

Судиите и обвинителите избрани во Зајас и Струмица, од Заев и Ахмети се уште работат во интерес на оние кои ги поставиле и ја нарушуваат довербата на граѓаните во правосудството.

Во случајот „Ласкарци“ загинаа 16 граѓани. Во трагедијата со модуларната болница во Тетово животот го загубија 14 лица.

Десетици семејства останаа без своите најблиски. А граѓаните денес гледаат правосуден систем од кој очекуваат одговорност, но наместо тоа добиваат одлуки што дополнително ја рушат довербата во институциите.

Врховниот суд преводен од Африм Фидани, Џемаили Саити и Сафет Кадрии, ја укинаа пресудата за случајот Ласкарци во кој загинаа 16 граѓани и ги ослободи виновниците.

Врховниот суд исто така на слобода го пушти и Стевчо Јакимовски, кој беше правосилно осуден за криминал.

На Македонија не и треба судство кое ќе ги штити СДС и ДуИ. Владеење на правото и правдата во Македонија мора да има.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски: 200.000 граѓани славеле - Гета објави 50.000, арамијата чим ќе зине - лага

Шефот на ВМРО-ОКГ повторно ја вклучи пумпата.

СДСМ: Мицкоски: 200.000 граѓани славеле - Гета објави 50.000, арамијата чим ќе зине - лага

Дејвид Гета објави: 50.000 фанови на шоуто во Скопје.

Арамијата Мицкоски го зеде тоа и го надува на „над 200.000 граѓани“. Четири пати. Како пензиите. Како економијата. Како сè што излезе од неговата уста.

Рече: прославата чинела нула денари од пари на граѓаните. Нула. А сметката е 5,53 милиони евра. Не од магија. Од Државна лотарија.

Лотаријата е во државна сопственост. Значи на граѓаните. Добивката од Лотаријата треба да влезе во буџет. Буџетот се народни пари. Значи на граѓаните.

Крај на бајката. „Нула денари“ е лага. „Пари од компании“ е лага. „Општествено одговорна фирма“ е маска.

Ги земаа парите што требаше да одат кај граѓаните и ги фрлија на бина, диџеј, Бобан Авалон и, секако, провизии.

Значи, граѓаните платија. И тоа - многу платија.

Сега најавува вакви настани секоја година. Значи: секоја година истата каса, истата провизија, истата лага, истото надувување на цени и публика.

Кај Мицкоски сè е лага. Сè е напумпано.

Пензиите - 16 пати.

Економијата - трета во Европа.

Туризмот - први.

Авиосообраќајот - лидери.

Платите - најбрз раст.

Концертот - 200.000 славиле.

Сметката - нула.

Ништо од тоа не стои. Стои само методот. Земи бројка. Помножи ја со четири. Излези пред камера. Обвини ја опозицијата дека е „естрада“. И барај аплауз за украдената каса.

Гета напиша 50.000 а Мицкоски напиша 200.000. Тоа е неговата бајка. Тоа е неговата статистика, како и економија.

Разликата не е во публиката. Разликата е на провизија, надуена исто како и публиката.

Разликата е систем: арамијата не знае да зборува ако не надува. И не знае да работи без кражба и провизија.

До кога, арамијо?

Ова не е прослава на независноста туку на провизиите на една банда и на арамија.

Гета си замина со својата цифра. Граѓаните останаа со нова сметка. И со шеф на банда, арамија кој чим ќе ја отвори устата - лаже.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер