Фановите на Тејлор Свифт со месеци ќе кампуваат пред билетарниците, концертот е во ноември - Канал 5

Фановите на Тејлор Свифт со месеци ќе кампуваат пред билетарниците, концертот е во ноември

Само една недела откако беше објавено дека новите датуми на турнејата Ерас ќе опфатат различни градови во Аргентина и Бразил, обожавателите на Тејлор Свифт дивееја обидувајќи се да ги обезбедат своите билети.

Фановите на Тејлор Свифт со месеци ќе кампуваат пред билетарниците, концертот е во ноември

Иако концертот ќе се одржи дури за пет месеци, обожавателите кампуваат на влезот на Естадио Ривер Плата во Буенос Аирес, Аргентина, пренесува магазинот Clarin.

Нејзиниот прв концерт ќе се одржи на 9 ноември, а многу фанови веќе решија да спијат во шатори откако билетите се распродадоа во рекордно време.

Новиот датум е објавен откако повеќе од три милиони луѓе виртуелно застанаа во редици за концертите, а изгледа дека фановите не препуштаат ништо на случајноста кога станува збор за одењето на нејзиниот концерт.

Една од обожавателките откри дека се разменувала со други девојки и покрај тоа што се уште немала билет.

„Мојот билет е под знак прашалник. Мислам, сè уште немам пари да го купам, но ги пренесов моите информации на сите мои пријатели и семејството и, со нивна помош, се надевам дека ќе влезам“, изјави Кларин.

„А ако не, ќе останам надвор и ќе ја слушам од каде што можам. Важно е да дојде во Аргентина“, додаде таа.

Обожавателите на пејачката, познати како Свифти, беа забележани и пред стадионот Алијанц Парк во Сао Паоло, Бразил како се обидуваат да набават билети за концертот, кои што ќе бидат достапни до 12 јуни.

„Да се ​​биде Swiftie е начин на живот. Ја сакаме Тејлор, таа е секогаш со нас. Таа ми беше емоционална поддршка за време на пандемијата; освен тоа, таа не е само уметник, таа е одлична личност која секогаш им помага на своите фанови“, рече еден фан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Недозволиво да се распродава државното земјишете за туѓи интереси

Во југоисточниот плански регион се планираат два нови рудника регираше претседателот на СДСМ Венко Филипче тој побара да се повлече просторниот план во кој е предвидено до 2040  да се отворат  рудници на метали.

Филипче: Недозволиво да се распродава државното земјишете за туѓи интереси

Тој рече дека рудниците ќе ја загрозат животната средина, и вели дека е недозволиво да се распродава државното земјишете за туѓи интереси

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силен земјотрес ја погоди Турција, луѓето во паника,истрчаа на улиците

 Земјотрес со јачина од 5,4 степени е регистриран во југоисточниот дел на Турција, во област што беше погодена од разорен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала во 2023 година.

Силен земјотрес ја погоди Турција, луѓето во паника,истрчаа на улиците

Турската Управа за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) соопшти дека земјотресот, со епицентар во областа Каракопру во регионот Шанлиурфа, имал магнитуда од 5,4 и бил регистриран во 10:40 часот по локално време.

Земјотресот бил почувствуван во Шанлиурфа, како и во Адијаман, Газиантеп, Дијарбакир, Елазиг и многу околни провинции, објави „Ен Сон Хабер“ (En Son Haber).

Земјотресот предизвика краткотрајна паника во Шанлиурфа, а како што пренесе gazeteipekyol.com, по потресот, некои граѓани ги напуштија своите домови и работни места и излегоа на улиците од претпазливост.

На 6 февруари 2023 година, разорен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала ги погоди југоисточна Турција и северна Сирија, предизвикувајќи катастрофални штети и загуба на повеќе од 53.000 човечки животи.

Главниот земјотрес имаше магнитуда од 7,8, а беше проследен со серија разорни последователни потреси, вклучително и нов силен земјотрес со магнитуда од 7,5 истиот ден.

Милиони луѓе во Кахраманмараш, Шанлиурфа, Хатај и Газиантеп останаа без дом во една од најголемите природни катастрофи во модерната историја на овој регион.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мега скандал: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски!

Во Америка има закон. Ако некој однадвор плаќа лобист да работи кон американски функционери, тоа се пријавува. Се вика FARA.

СДСМ: Мега скандал: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски!

Регистар бр. 6170.

Таму пишува: американската куќа Mercury Public Affairs ја плаќа фирма од Скопје - АТС Груп ДООЕЛ.

Приватна фирма.

Значи не ја плаќа Министерството за надворешни, владата.... Ја плаќа приватна компанија за муниција, шлемови, балистичка опрема.

Сопственик: е Шефшет Демировски.

Цена: 130.000 долари месечно. Квартално однапред 390.000. Годишно околу 1,56 милиони долари.

Договорот трае, низ 2026 и 2027 година.

На 2 април 2026 истата куќа, платена од АТС, предава материјал со наслов „Стратешко партнерство САД–Северна Македонија“.

Во текстот не стои „продајте ни куршуми“. Стои пакет влада со влада.

Име: Трамп и Мицкоски. Нула царини. Американски гас. Стотици милиони за американски ИТ.

Повластен пристап за американска одбрана.

Енергетски столб од ред 1,5 милијарди долари.

Превод за секој што не чита регистри: приватна фирма за оружје плаќа американски лоби да ги турка темите на Мицкоски како да се државни.

Ова е мега скандал.

Што бара таа фирма? Пазар за наоружување и опрема.

Што е антимон? Метал што влегува во воена индустрија - тврди легури, муниција, заштита.

Пет милиони долари грант за развој на антимон кај Крстов Дол, Луке, Крива Паланка, Мицкоски го продаде како успех од Америка.

За Гета фрлија 5,53 милиони евра народни. Земјата евтина. Концертот скап. Јаловината останува во почва и вода.

Затоа ова е многу едноставно. Кога немаш официјален термин, одиш каде што лобистот отвора врата: хотелски фоаје, ходник, 42 секунди, слика од страна.

Потоа дома тоа го викаш средба на ултра високо ниво.

Заштита на идентитетот. Стратешко партнерство.

Проверивме што може да се провери. На сајтовите на Белата куќа, Стејт департментот, агендите на секретарот Марко Рубио и на заменикот Кристофер Ландау, Пентагон, ДФЦ, Конгрес, FARA - за посетата од 15 до 22 септември 2026 нема официјална објава дека Мицкоски имал состанок со Рубио, со Ландау или со друг висок функционер на администрацијата.

Нема агенда. Нема заедничко соопштение. Нема потпис. Има Фејсбук.

Ако Вашингтон не го запишал, тоа не е државна средба туку неформален контакт.

Ако истиот човек дома го продава како самит, тоа е лага.

Ако истиот месец приватна каса, приватна фирма плаќа лоби за неговата агенда, тоа не е

случајност. Тоа е метод.

Педесет души на народен грб. Приватна фирма плаќа врата.

Премиерот се слика на ходник. Антимонот влегува како „почеток“. Народот не се прашува.

Провизијата се знае кај него. Ризикот останува кај нас: вода, почва, сметка.

СДСМ е за сојуз со Америка ама вистински сојуз. Како што ние успеавме. И со САД да ги издигнеме односите на највисоко ниво и НАТО да го затворивме токму ние.

Но ние сме против тоа државата да се води од фоаје и од каса на производител на муниција.

Ова мириса на корупција и мора да се истражи!

Бараме јавно да биде објавена целата документација.

Цел извод FARA 6170, материјалот од 2 април, список кого Mercury го барал во име на АТС, кој ја платил делегацијата, и писмен одговор зошто антимон се води како државен интерес додека го лобира приватна воена фирма.

Ходникот не е кабинет. Лобито не е дипломатија.

Антимонот не е леб. Тоа е руда за оружје.

Кој го плаќа лобито, тој ја пишува агендата. Во овој случај не ја пишува народот.

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска, портпаролка и членка на Извршниот одбор

YouTube video

Скопје, 24.09.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер