Фановите го пофалија Бен Афлек: Подобро зборува шпански од Џенифер Лопез (ВИДЕО) - Канал 5

Фановите го пофалија Бен Афлек: Подобро зборува шпански од Џенифер Лопез (ВИДЕО)

Американскиот актер Бен Афлек ги изненади своите обожаватели давајќи интервју на течен шпански.

Фановите го пофалија Бен Афлек: Подобро зборува шпански од Џенифер Лопез (ВИДЕО)

Последните денови Афлек го промовира својот нов филм Air, во кој го игра американскиот бизнисмен Фил Најт, коосновач на Nike, а направи интервју на шпански за шпанската радио станица Cadena SER.

„Важното нешто што треба да се знае за филмот е дека не се работи за Мајкл Џордан и во него нема кошаркари“, рече Афлек на шпански, пред да објасни дека Џордан е толку голем што ниту еден актер не може да го прикаже или да биде доволно убедлив.

„Тоа би го уништило филмот. Луѓето веднаш би го критикувале кастингот и би рекле дека филмот е неубедлив“, вели Афлек, кој само кратко застана за време на разговорот за да се сети како да го каже зборот „лик“.

Дури и обожавателите што зборуваат шпански биле изненадени од изговорот на јазикот на Афлек. „Па, тој зборува шпански подобро од мене, а тоа е мојот мајчин јазик“, напиша еден фан во коментарите.

"Кој е ова, по ѓаволите? Човеку, тој толку добро зборува шпански", додаде друг, додека трет се пошегува: "Тој се изразува подобро од Џеј Ло на шпански".

@la_ser 🏀 #BenAffleck nos confiesa la única petición de #MichaelJordan para #AIR #película #cineentiktok #nike #marcas #basket #foryou #entrevista #curiosidades #airJordan ♬ sonido original - Cadena SER

„Бен, ти благодарам што ја почитуваш нашата заедница и зборуваш шпански. Ти си закон“, напиша друг корисник на TikTok, додека друг забележа: „Интересно е како уживаше кога зборуваше на шпански. Тој дури и ги користеше нашите изрази, па дури и гестови. "

Некои разговараа и за неговиот акцент. „Мислам дека има малку порторикански акцент“, заклучил еден корисник на TikTok, додека друг рече: „Мислам дека има мексикански акцент“.

И веројатно вториот бил во право. Имено, Афлек еднаш открил дека како тинејџер научил шпански додека снимал ТВ серија во Мексико. Подоцна го надградил своето знаење поради ќерката Виолет, која почнала да учи шпански.

„Ѝ реков на ќерка ми, можеби си подобра од мене во математика, но нема да бидеш подобра во шпанскиот“, рече еднаш Афлек во емисијата „The Kelly Clarkson Show“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Bugatti“ ги праша клиентите дали сакаат електричен автомобил: Одговорот е изненадувачки

Најновите информации покажуваат дека  автомобилската компанија „Bugatti“има распродадено сè до крајот на 2027 година, а купувачите стануваат сè помлади. 

„Bugatti“ ги праша клиентите дали сакаат електричен автомобил: Одговорот е изненадувачки

Кога се спомнува типичен сопственик на „Bugatti“, многумина замислуваат постар милијардер кој со децении го градел своето богатство и во својата гаража чува колекција од скапи автомобили.

Сепак, купувачите на овој француски производител на хиперавтомобили стануваат помлади; нивната просечна возраст е намалена од 52 на само 42 години.

Овој податок го откри Саша Деринг, директорот на Bugatti за американскиот пазар, во интервју за ABC News. Според него, постои зголемен интерес од помлади, исклучително богати купувачи. Сепак, овие нови купувачи не мора нужно да ги заменуваат постојните колекционери.

Дури 35 отсто од клиентите поседуваат најмалку два автомобили од марката Bugatti, додека речиси 70 отсто од оние што го нарачале новиот модел „Tourbillon“, претходно веќе поседувале возило од овој бренд. Еден неименуван колекционер од Северна Америка во својата гаража чува дури 14 автомобили од марката „Bugatti“.

Можеби најинтересното откритие е тоа што помладите купувачи не инсистираат на електрификација.

На прашањето дали некој побарал целосно електричен Bugatti, Деринг даде краток одговор: „Не“.

Новиот Bugatti Tourbillon комбинира 8,3-литарски V16 мотор без турбополнач – развиен во соработка со Cosworth – со електрични мотори. Хибридниот систем испорачува вкупна моќност од 1.800 КС. Јасно е дека купувачите сè уште ги посакуваат звукот, карактерот и емоцијата што ги нуди еден голем мотор, дури и во автомобил што вклучува електрификација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Режисерот Кустурица на интервју со Путин: „Москва е третиот Рим. Четврти нема да има“

Рускиот претседател Владимир Путин ги повика украинските војници да преминат на руска страна, порачувајќи им дека тоа е „вистинската страна на историјата“. Тој го изјави ова во интервју со српскиот режисер Емир Кустурица

Режисерот Кустурица на интервју со Путин:  „Москва е третиот Рим. Четврти нема да има“

Рускиот претседател Владимир Путин ги повика украинските војници да преминат на руска страна, порачувајќи им дека тоа е „вистинската страна на историјата“.

Тој го изјави ова во интервју со српскиот режисер Емир Кустурица, кое Кремљ го објави во целост.

Разговорот бил снимен за документарен филм насловен „Нашето крштевање: Поглаварот“, посветен на 80-тиот роденден на патријархот Кирил, поглаварот на Руската православна црква.

Путин во интервјуто зборува за војната во Украина, односите со Западот и улогата на православието во Русија.

„Што се однесува до украинските војници, не сакам да кажам дека треба да се предадат, бидејќи тоа звучи донекаде понижувачки. На крајот на краиштата, тие се борат – продолжуваат да се борат“, рече Путин, одговарајќи на прашање од Кустурица во врска со односот меѓу Русите и Украинците.

„Би сакал да им порачам да преминат на наша страна, бидејќи тоа е нашата заедничка страна – и вистинската страна на историјата“, продолжи рускиот претседател, кој уште еднаш нагласи дека Русите и Украинците треба да се стремат кон единство.

Во овој контекст, Путин изјавил дека не се залага нужно за повторно обединување на Русија и Украина во една држава.

Тој појасни дека мисли на единство во поширока смисла, како и на соработка меѓу двата народа за постигнување заеднички цели. Путин тврди дека Западот се обидува да ги ослаби и Русија и Украина.

Рускиот претседател ги обвини западните земји дека ѝ даваат поддршка на Украина за да ги остварат сопствените интереси. Според него, нивната цел не е да му помогнат на украинскиот народ, туку да ја ослабат Русија и да посеат раздор меѓу народите што тој ги смета за историски поврзани.

Притоа, Путин се повика на античкиот римски принцип „раздели па владеј“, тврдејќи дека оваа политика се применува против Русија со векови. Како примери ги наведе инвазијата на Наполеон, како и Првата и Втората светска војна.

Според него, западните земји се стремат да ја ослабат Русија, да ја направат попослушна и да ја потчинат на сопствените интереси. Тој им ги припиша истите намери и на земјите кои во моментов ѝ пружаат воена и финансиска помош на Украина.

Путин во разговорот со познатиот режисер тврди дека Украина изгубила голем дел од својата индустрија и население по распадот на Советскиот Сојуз. За таквиот развој на настаните тој го обвини украинското политичко раководство, кое го нарече националистичко.

„Патриотите ја сакаат својата земја, додека националистите ги мразат другите народи“, рече Путин, тврдејќи дека со Украина управуваат националисти, а не патриоти.

Тој уште еднаш ги повика Украинците да размислат за заедничка иднина со Русија.

„Русија може да биде арка што ќе ги спаси луѓето“.

Голем дел од разговорот бил посветен на православието.

Кустурица го прашал Путин дали руската цивилизација би можела да стане еден вид арка што ќе ги заштити христијаните и традиционалните вредности од промените што се случуваат во западните општества.

„Може. Апсолутно“, одговори Путин. Тој објасни дека, според него, Русија би можела да понуди засолниште за луѓето кои сакаат да ги зачуваат традиционалните религиозни и семејни вредности – вклучително и оние што доаѓаат од европските земји.

Во тој контекст, Путин се осврна на концептот за Москва како „Трет Рим“, според кој руската престолнина е наследник на Рим и Цариград како центар на христијанството. Тој нагласи дека Русија нема намера да ги штити само православните христијани. „Москва е Третиот Рим. Четврти нема да има“, рече Путин, на што Кустурица одговори со насмевка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Секси скијачка

Русокосата  Сината Николина е експлозивна и секси! Босанската скијачка се подготвува за историско деби, но, сите зборуваат за нејзиниот изглед.

Фото: Секси скијачка

Николина Драгољевиќ, 23-годишна скијачка од Босна и Херцеговина, се подготвува за најголемиот предизвик во нејзината досегашна кариера.

Оваа млада спортистка од Пале ќе дебитира во Светскиот куп во алпско скијање, а нејзиниот настап во Леви, Финска, ќе има и историско значење за спортот во Босна и Херцеговина.

Со нејзиното деби, Босна и Херцеговина испишува нова страница во својата скијачка историја, бидејќи за првпат ќе има двајца претставници во Светскиот куп, во различни дисциплини. Покрај Николина, боите на својата земја ќе ги брани и Елведин Музаферија.

Младата скијачка не крие колку ѝ значи можноста да се натпреварува со најдобрите во светот, а пред големиот предизвик упати порака која покажува колку таа верува во своите соништа.

„Доаѓам од мала земја, но моите соништа се големи. Сакам да докажам дека со упорност, напорна работа и верба во сопствените способности, можеш да постигнеш сè што ќе посакаш“, изјави Николина.

Сепак, Николина не се посветува исклучиво на спортот. Таа е студентка на Факултетот за физичко образование и спорт и настапува за Скијачкиот клуб „Јахорина“.

Интересно е и тоа што младата спортистка го привлече вниманието на јавноста и надвор од скијачките патеки. На Инстаграм ја следат повеќе од 10.000 луѓе, со кои таа споделува детали од својата спортска кариера и секојдневието.

За нејзините фанови секако најитересни се фотките на кои Николина е најчесто во секси бикини а во преден план е бујниот задник.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер