- Ова е најлошото глумење на кое имав несреќа да сведочам - пишува корисник на социјалните мрежи.
- Улогата на Дејвид Бекам ме предомисли - нема да го гледам филмот - пишува друг.
- Се што видов е дека Бекам не знае да глуми - но тоа го знаев и претходно!
- Иконскиот момент кога кралот Артур го извлекува мечот од каменот нема да биде упропастен со присуството на Дејвид Бекам - додава корисник на Твитер.
- Навистина се радував да го гледам новиот филм „Крлаот Артур“ се додека не дознав дека Дејвид Бекам е во него!
И додека едни го критикуваа Бекам, други за најголем виновник што тој воопшто се појавува во филмот, го прогласија режисерот Гај Ричи, кој е добар другар со Бекам.
- Присуството на Дејвид Бекам ја уништува секоја сцена во која тој се појавува!
- Филмот е многу смешен, екстремно предвидлив, и апсолутно е депресивно што во „Крлаот Артир“ игра Дејвид Бекам!
Но, има и такви што му честитаат на Бекам што се појавил во филмот и велат дека одвај чекаат да го гледаат!
Некои дури бараат тој да се појави во „ Game of Тhrones“ бидјеќи - таков му бил карактерот!
Чарли Ханам кој ја игра главната улога во филмот, вели дека Дејвид бил екстремно посветен на својата улога.
- Тој го сфати ова многу сериозно. Можеше да се појави, да каже што има, да не се вложува толку и да се насмее.Но тој работеше со учител по глума и беше решен да направи добра улога. И јасно ми беше зошто и досега бил толку успешен - тој сфаќа се толку сериозно, како срцев удар - вели Ханам.
/извор:
Дејли меил