Фанови со месеци живеат под шатори, во очекување на концертот на Тејлор Свифт (ВИДЕО) - Канал 5

Фанови со месеци живеат под шатори, во очекување на концертот на Тејлор Свифт (ВИДЕО)

Бројни обожаватели на Тејлор Свифт со месеци кампуваат во шатори пред салата во која ќе настапува познатата пејачка, а ситуацијата не е поинаква и во Аргентина, каде таа за неколку дена ќе одржи концерт.

Фанови со месеци живеат под шатори, во очекување на концертот на Тејлор Свифт (ВИДЕО)

Неколку од најголемите обожаватели на пејачката кампуваат во близина на стадионот Ривер Плата во Буенос Аирес, надевајќи се дека ќе ги зграпчат најдобрите места за трите претстојни распродадени концерти на 9, 10 и 11 ноември, пишува NY Post.

- Во овој шатор бевме пет месеци - изјави за Pitchfork 21-годишен фан која сакаше да остане анонимна.

Таа призна дека нејзините родители не знаат што прави, ниту дека кампува во шатор меѓу часовите на факултет и работа, надевајќи се дека ќе го добие најдоброто можно место на концертот. Како што тврди, најчесто на родителите им кажува дека е „на гости кај пријател“ во близина на стадионот.

Се разбира, таа не е единствената. Многу шатори се поставени на тротоарот, формирајќи нешто како мал камп. Една обожавателка по име Кармен рече дека поминала 300 часа, или нешто повеќе од 12 дена, спиејќи надвор во ред. Исто така, организаторите на импровизираниот камп водат евиденција за т.н „кампери“ кои мора да имаат над 18 години.

Билетите за посакуваната светска турнеја биле очигледно премалку, без разлика каде се одржуваа концертите. Несреќните фанови кои не си ги обезбедија билетите однапред биле принудени да издвојат стотици, ако не и илјадници, за своите места. Иако многу фанови навреме си ги купија билетите, т.н „Свифти“ во шаторите ќе имаат поголеми шанси да стојат во близина на сцената, односно до омилената пејачка.

Инаку, фановите не се обврзани да останат во шаторите секој ден за да го задржат своето место, иако оние што го прават тоа всушност заработуваат поени меѓу споменатите „организатори на кампот“.

- Фактот што има толку многу луѓе всушност ги олеснува работите. Сите имаме различни распореди па ајде да се координираме меѓусебно - изјави една девојка по име Ирина.

Сепак, на интернет протече „внатрешна листа на правила“ до кои фановите мора да се придржуваат за да го задржат своето место во редот. Сè има своја награда, вклучително и спиење на лошо време или цела ноќ поминување на бетон.

Организаторите, сепак, по правило наложуваат една цела ноќ спиење и минимум 60 часа поминати во шатори месечно за да се остане во редот. Ако некои од обожавателите на 33-годишната пејачка не можат да стигнат до нивните шатори, но не сакаат да го изгубат своето место, можат да побараат помош од обожавателите Дебора и Софија, кои имаат сметка X посветена на кампување на концерти и нудат нивните услуги во редица за други.

На оние на кои им треба, им наплаќаат патни трошоци и такса за услугата, во вкупна вредност од околу 700 аргентински пезоси, што е еквивалент на два американски долари, според проценките на Pitchfork. Вреди да се земе предвид дека Аргентина моментално страда од хиперинфлација.

YouTube video

Сепак, рече дека кампувањето ги чини фановите на Тејлор Свифт повеќе отколку само нивното време - тие наводно слушаат редовен налет на минувачи кои прашуваат: „Работиш ли?“ „Дали учиш“ или „Дали се тушираш?“. Концертите се за неколку дена, а фановите „вријат“ од исчекување, иако велат дека се чувствуваат малку тажно што нивната импровизирана забава во кампот е при крај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Што промени светската музичка ѕвезда,  Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа  вака супер на 57 години.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело.

Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање.

Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога.

Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена.

Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Најпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. 

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот.

На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално.

https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed

„Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото.

Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

Еврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви.

Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција.

Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер