Фанови на Вест Хем со доживотни забрани поради инцидентите против Барнли

Сите навивачи кои учествуваа во инцидентот за време на натпреварот на Вест Хем со Барнли во саботата, ќе добијат доживотна забрана за посета на домашните натпревари и гостувањата на „чеканите“.

Ова се вели во официјалното соопштение на раководството на лондонскиот клуб.

За време на дуелот од 30 коло на Премиер лигата на 10 март, неколку навивачи на Вест Хем упаднаа на теренот, а други ги нападнаа ВИП ложите и ги гаѓаа со парички членовите на раководството на тимот и побараа нивна оставка. Вест Хем го изгуби натпреварот со 0:3.

- По инцидентот за време на натпреварот со Барнли, клубот започна целосна и темелна истрага на настаните. Веќе беа организирани неколку состаноци со сите засегнати страни. Клубот ќе даде максимална поддршка на полицијата за идентификување на лицата, кои упаднаа на теренот во второто полувреме, со помош на системот за видео надзор на стадионот. Сите лица чија вина ќе биде потврдена, ќе добијат доживотна забрана за посета на натпреварите на тимот. Клубот ќе се обрати и кон судот со барање да им биде забрането да присуствуваат на секакви натпревари во иднина, се вели во соопштението на „чеканите“./МИА

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер