Герасимовски: Граѓаните одлучуваат за еколошките приоритети на Центар , анкета за почиста и поздрава животна средина
1Герасимовски: Граѓаните одлучуваат за еколошките приоритети на Центар , анкета за почиста и поздрава животна средина
КултураФанфари за еден пријател - концерт посветен на Саша Николовски -Ѓумар Диригент е Габриел Бебешелеа, а на програмата се дела Копланд, Дика, Гуно, Шмит, Штраус и младиот македонски композитор Ангел Спироски.„Фанфари за еден пријател" е насловен концертот кој ќе се одржи в четврток во 20 часот, кој Филхармонија му го посветува на маестро Саша Николовски-Ѓумар (1966-2017), еден од најзначајните диригенти на нашата музичка сцена со кого оркестарот реализираше низа незаборавни концерти. Диригент е Габриел Бебешелеа, а на програмата се дела Копланд, Дика, Гуно, Шмит, Штраус и младиот македонски композитор Ангел Спироски. „Фанфари за обичниот човек" е едно од најзначајните концертни „увертири" на американскиот композитор Арон Копланд (1900 – 1990). Делото го напишал по повод завршетокот на Втората светска војна, а се водел од идејата да создаде дело во кое фанфарите ќе имаат традиционален и моќен звук, а во исто време и современ музички контекст. Композицијата „Фанфари за Ла Пери" на францускиот композитор Пол Дика (1865 – 1935) ја следи мистериозна генеза – како што напишал Пјер Лало, таа може да биде музика за пантомима, за балет... Дика примарно ја напишал за руската танчарка Наташа Труханова, „архангелот" како што ја нарекувал. Композицијата има фантастична тематска структура и веднаш по премиерата била позитивно оценета од француската критика.„Фанфари за измачените"од младиот македонски композитор Ангел Спироски ("FunFareforthestruggled") претставува траорен повик за спротивставување на нелогичностите.Тоа се фанфари базирани на една македонска народна песна чија содржина, земајќи ја предвид повторливоста на настаните поврзани со македонскиот народ, се чини секогаш и одново се актуализира.„Фанфари за измачените" ("FunFare for the struggled") е дело нарачано од шеф-диригентот на Македонската филхармонија – Габриел Бебешелеа, а посветено на Филхармонијата.„Мала симфонија" на францускиот композитор Шарл Гуно (1818 –1893) е напишана за девет дувачки инструменти и таа струкутрно ја следи класичната четириставна матрица. Таа има весел и галантен карактер и е напишана во типичниот авторски стил на Гуно, кој се темели на класицизмот.„Кампот на Помпеја" на францускиот композитор Флорент Шмит (1870 – 1958) е составен дел од музиката за балетот „Антониј и Клеопатра" според истиомената драма на Вилијам Шекспир. Оваа музичка слика е своевидна фреска која го отсликува загревањето пред историската битка кај Актиум. Иако таа музички го илустрира подготвувањето за битката, има прилично ведар и „сончев" карактер. „Свечена поворка" е едно од „најтоналните" дела на германскиот композитор Рихард Штраус (1864 – 1949) создадено за прогласувањето витези од редот на Св. Џон. Во ова дело има блескави хармонски прогресии и прилично комплексна оркестрација во лимените дувачи и во него се чувствува влијанието и инспирацијата од Рихард Вагнер. Штраус го напишал „Фанфари за Виенската филхармонија" во 1924 година за хуманитарниот бал со кој требало да се соберат пари за пензискиот фонд на оркестарот. Делото е напишано за голем лимен дувачки оркестар и два сета од тимпани. Почнува едноставно и се развива во комплексен стил препознатлив за опусот на овој композитор. Откога е создадено, ова дело останало составен дел од репертоарот на Виенската филхармонија. Маестро Габриел Бебешелеа е шеф-диригент на Филхармонија на РС Македонија. Неговата репутација брзо почнала да расте по воодушевувањата од страна на критиката и публиката за неговата исклучителна музикалност и ентузијазам со кој ги предводи оркестрите. Со Симфонискиот оркестар на Берлинското радио тој сними ЦД со сè уште необјавената опера на Жорж Енеску – „Духови", како и со неговата „Пасторала – фантазија за мал оркестар". На 30-годишна возраст, маестро Бебешелеа беше етикетиран како еден од најталентираните диригенти во последната декада во Романија. Добитник е на првата награда на натпреварот за диригенти „Ловро фон Матачиќ" во Загреб (2015), како и на првата награда на натпреварот на Музичката младина во Букурешт (2011), а тој е и полуфиналист на натпреварот за диригенти „Донатела Флик" на Лондонскиот симфониски оркестар (2014) и полуфиналист на натпреварот „Густав Малер" со Бамберг симфонискиот оркестар (2016). Во 2011 година ќе му биде доделена стипендија за да стажира со престижниот Концертгебау оркестар во Амстердам, каде што имал можност да работи со големи диригентски имиња, меѓу кои и со Марис Јансонс, Хаитинк, Херберт Бломштед, Кристоф фон Донани, Давид Зинман... Моментно живее во Виена, каде што ги заврши постдипломските студии на Универзитетот за музика и изведувачки уметности. На концертот „Фанфари за еден пријател" ќе се промовира серијата „Пред концертни разговори" како нова практика на Филхармонија. Идејата потекнува од новиот шеф -диригент, маестро Габриел Бебешелеа чија цел е преку овие разговори пред почетокот на концертите да ја запознае публиката со делата кои ќе одат на програмата, како и со естетскиот и филозофскиот контекст на самите композиции. „Пред концертни разговори" ќе се реализираат во рамки на концертите со оркестарот на Филхармонија кои ќе ги води маестро Гарбриел Бебешелеа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: Граѓаните одлучуваат за еколошките приоритети на Центар , анкета за почиста и поздрава животна срединаОпштина Центар ги повикува граѓаните активно да се вклучат во изработката на новиот Локален Еколошки Акционен План (ЛЕАП 3) за периодот 2026–2032 година.Локалната самоуправа започна со подготовка на новиот стратешки плански документ од областа на животната средина, во кој ќе се идентификуваат актуелните еколошки предизвици и ќе се понудат решенија за нивно надминување. „Општина Центар спроведува анкета со која граѓаните можат да ги дадат своите мислења за еколошките проблеми и предлозите за подобрување на животната средина. Вашите одговори се важни за да ги утврдиме приоритетите и да ги насочиме идните активности кон подобри услови за живеење во Општина Центар“, порача градоначалникот Герасимовски. Анкетата е анонимна, а може да ја пополните на линк: Вклучи се во изработката на новиот Локален Еколошки Акционен План (ЛЕАП 3) за Општина Центар-Скопје | Општина ЦентарКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
МакедонијаСредба на министерот Муцунски со министерот за Европа на Франција, Бенжамин ХададНа маргините на Самитот на лидерите на Берлинскиот процес, што се одржува во Црна Гора, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со министерот за Европа на Франција, Бенжамин Хадад.Во фокусот на разговорите беа билатералната соработка, европската перспектива на нашата земја и поддршката од Франција на нашиот европски пат. Министерот Муцунски ја истакна цврстата посветеност на Владата на реформските процеси и полноправното членство во Европската Унија, како и потребата од забрзување на процесот на европска интеграција. На средбата беа разменети мислења и за актуелните регионални случувања и за улогата на нашата земја како одговорен и конструктивен партнер во регионот и пошироко во Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп најави крај на војната во Украина: „Поблиску сме од било кога “ Крајот на војната во Украина се приближува, „можеби поблиску од кога било досега“, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп.Одговарајќи на прашање од новинарите во Белата куќа за тоа како Русија го ослободила Американецот Стивен Хабард, Трамп изјави дека тоа е резултат на директни разговори со рускиот претседател Владимир Путин. „Побарав да го ослободат Стивен Хабард, и тој сега е на пат кон дома. Не дадов ништо за возврат“, рече Трамп. На прашањето дали е соодветно што специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, го нарече Путин „хуманитарец“, Трамп одговори дека тоа било кажано „во тој конкретен контекст“ и додаде дека тој лично „не би зазел страна“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter