Фалкао за 65 милиони евра во Манчестер Јунајтед!! - Канал 5

Фалкао за 65 милиони евра во Манчестер Јунајтед!!

Последните часови од летниот преоден рок во светскиот фудбал за засилување на тимот го искористи англискиот гигант Манчестер Јунајтед. На Олд Трафорд за 65 милиони евра треба да пристигне напаѓачот на Монако , Колумбиецот Радамел Фалкао.

Фалкао за 65 милиони евра во Манчестер Јунајтед!!
Популарниот „Ел Тигре“ иако беше желба и на Арсенал и Манчестер Сити, кои дури му понудија и побогати договори, сепак заврши во редовите на Манчестер Јунајтед . Фалкао со Јунајтед ќе потпише четиригодишен договор и сега се очекува неговото пристигнување во Манчестер на лекарски прегледи.

Фалкао на Олд Трафорд ќе има тешка задача да го разбуди тимот кој го има еден од најлошите стартови на сезоната во Премиер лигата.
Инаку според шпанскиот весник „Ас“ кој се повикува на извори од Колумбија, Фалкао наводно веќе го потпишал четири годишниот договор со Јунајтед . Вредноста на трансферот изнесува околу 69 милиони евра , а Фалко во редовите на Манчестер Јунајтед ќе игра за годишна плата од 9 милиони евра .
Договорот наводно е склопен во три часот изутрина.

Француските медиуми пак имаат поинакви информации. Според нив Фалкао ќе замина во Јунајтед но како позајмен фудбалер од Монако .
Во текот на позајмицата Фалко од црвените ѓаволи ќе добие годишна плата од 10 милиони евра, во договорот ќе има и опција Јуинајтед следната сезона за 55 милиони евра да може да го откупи целиот договор на извонредниот Колумбиец.

Гигантот од Олд Трафорд денеска испрати и нова понуда од 50 милиони евра до Јувентус за Артур Видал.

Инаку последните часови од преодниот рок во светскиот фудбал ги искористи и големиот Реал.

View image on Twitter

Во Мадрид на лекарски прегледи пристигна досегашниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Мексиканецот Чичарито.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Венецијанската комисија ќе го оценува новиот модел за полагање на правосудниот испит

Владата ќе побара итно мислење од Венецијанската комисија за предложениот модел за полагање на Правосудниот испит.

Венецијанската комисија ќе го оценува новиот модел за полагање на правосудниот испит

Со овој чекор, како што соопштуваат од Министерството за правда, се обезбедува независна меѓународна експертска оцена за усогласеноста на предложеното решение со Уставот, меѓународните правни инструменти и европските стандарди.За време на престојот на експертите предвидени се и практични демонстрации на писмениот дел од испитот во Апелациониот суд во Скопје, како и на усниот дел во просториите на Министерството за правда..

Предложениот модел предвидува воведување единствен систем на полагање, со еднакви услови и исти професионални критериуми за сите кандидати, без посебни испити или различни стандарди, велат од правда..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џип удри во луѓе во Лос Анџелес, тројца загинати

Најмалку три лица загинаа, а тројца други се сериозно повредени откако џип влета во група пешаци во населбата Норт Холивуд во Лос Анџелес, пренесува Ројтерс. 

Џип удри во луѓе во Лос Анџелес, тројца загинати

Инцидентот се случил нешто пред 18:00 часот по локално време. Полицијата сè уште работи на утврдување на точните околности – конкретно, дали возачот намерно удрил во луѓето или станува збор за несреќен случај.

„Мораме точно да утврдиме што се случило и што довело до оваа трагедија“, изјави Кетрин Барџер, членка на Одборот на супервизори на округот Лос Анџелес. „Ќе ја следам истрагата и ќе барам дополнителни информации како што ќе излегуваат на виделина нови факти“, додаде таа.

Според претставници на полицијата и противпожарната служба во Лос Анџелес, три лица загинале на самото место, додека двајца пешаци и возачот на теренско возило биле пренесени во болница.

Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, изјави дека теренско возило излетало на тротоарот и удрило во група улични продавачи и минувачи. Таа додаде дека службите за итни случаи се на терен и дека нејзиниот кабинет соработува со надлежните градски служби.

„Срцето ми се крши за семејствата на сите погодени“, напиша таа на платформата X, додавајќи дека ќе сподели дополнителни информации штом ќе станат достапни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБРМ: Компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка“ АД Битола ќе можат да вршат исплата на плати и придонеси

Народната банка продолжува со постепено олеснување на условите за клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола.

НБРМ: Компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка“ АД Битола ќе можат да вршат исплата на плати и придонеси

Со најновата измена на Решението за администрација се овозможува исплата на плати, заедно со уплата на соодветните даноци и придонеси, за компаниите што во последните три месеци редовно исплаќале плати преку платежните сметки во Банката.

Оваа можност се однесува на компаниите за кои исплатата на плати преку „АЛТА банка“ АД Битола претставува воспоставена практика, односно кои континуирано ја користеле Банката за оваа намена и во трите месеци пред донесувањето на одлуката. Исто така, износот на средствата кои може да се користат од платежната сметка на фирмата во „АЛТА банка“ за исплата на платите може да биде повисок до 5% во однос на вкупниот износ на платите исплатени во октомври. На овој начин се овозможува продолжување на постојните текови на исплата и исполнување на обврските кон вработените и државата, а истовремено се задржува контролата врз одливите на средства од Банката.

Со измената се овозможува и физичките лица во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, доколку средствата доаѓаат од платежни сметки отворени кај други банки и даватели на платежни услуги. Тоа значи дека граѓаните можат без ограничување на износот да ги користат средствата коишто дополнително ќе им бидат уплатени врз оваа основа.

Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти. Притоа, приоритет остануваат заштитата на интересите на клиентите и постепеното олеснување на ограничувањата, со задржување на соодветната контрола врз одливите на средства.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер