Факултети.мк му се извинија на Канал 5, заедно со нив ќе ги бркаме интернет криминалците

Канал 5 ТВ остро реагираше на лажната вест што вчера се рашири на интернет и особено на социјалните мрежи, каде беше објавена фотомонтажа на наводна вест, што никогаш не била објавена на сајтот на Канал 5.

Канал 5 побара извинување од Факултети.мк и од Светот на Биби, кои беа поврзани со лажната вест. Нивното извинување ви го пренесуваме во целост:

Во текот на вчерашниот ден се прошири лажна информација во која беа злоупотребени името и ликовите од продукцијата за анимирани серии „Светот на Биби“ како и официјалната веб страница на Канал5 ТВ.

Реакцијата која Факултети.мк ја објави на социјалната мрежа Фејсбук беше наменета до фејсбук-страната каде прво се појави фотомонтажата. Истата оваа реакција, за жал, погрешно беше протолкувана од страна на Канал5 ТВ. Преку ова соопштение од името на редакцијата на Факултети.мк сакаме да им се извиниме на Канал5 ТВ.

Во продолжение го пренесуваме и официјалното соопштение испратено од „Светот на Биби“ до редакцијата на Факултети.мк:

„Светот на Биби“ се оградува и ги демантира сите лажни информации кои беа изнесени во текот на вчерашниот ден, 21.10.2022 година, на одредени социјални медиуми за наводна поврзаност на брендот со одредена политичка партија во спроведување на нивните барања за задолжителна застапеност на албанскиот јазик во анимираните серии. Пуштена е во оптег монтирана слика во која покрај ликовите од брендот „Светот на Биби“ е злоупотребена и официјалната веб страница на Канал 5. Со овој непрофесионален акт е нанесена штета и на двете страни, Канал 5 и Светот на Биби.

„Светот на Биби“ поднесе пријава до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика за Фејсбук страната „Куде Тумбу и 4 Бандере“, која прва ја објави лажната вест а потоа се прошири на повеќе социјални мрежи.

https://www.facebook.com/795034780568617/posts/pfbid0r6FcLEAJNjTU6YYy8npEzTkW7nDD5AdjgYQjC11vFiv7oN4XUYRna3sMWicY5a8Ml/

Инаку Канал 5 Телевизија , односно директорот Иван Мирчевски остро реагираа на лажната вест, поврзана со телевизијата. Рекацијата на следниот линк.

Касами: Од утре почнуваат преговорите за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција ВЛЕН

Коалицијата ВЛЕН излезе како победник во сите општини со мнозинско албанско население. Од утре почнуваат преговорите за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција ВЛЕН. Честитки на сите Албанци, честитки за сите граѓани, изјави Биљал Касами од БЕСА.

Ова, според Касами, е резултат на доаѓањето на нашите иселеници.

- Коалицијата ВЛЕН е апсолутен победник кај Албанците. Ова е како резултат на доаѓањето на нашите иселеници. Затоа 100 илјади пати им велам „благодарам, благодарам, благодарам!“ на сите тие кои дојдоа и уште еднаш ја направија разликата во татковината. Затоа во име на 100 илјади гласови на Коалицијата ВЛЕН им кажуваме благодарам, изјави Касами.

Според анализите кои ги имаме, Касами рече дека, најверојатно ќе излезат подеднакво по број на пратеници со коалицијата ДУИ.

- Разликата во гласови нема да помине 10 илјади, нагласи Касами.

НАТО има нов план за Украина, Унгарија е против: Тоа е луда мисија, нема да учествуваме

Унгарија нема да учествува во долгорочниот план на НАТО за помош на Украина, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, нарекувајќи го планот „лудачка мисија“.

Сојузниците на НАТО во април се согласија да започнат планови за долгорочна воена поддршка за Украина во борбата против руската инвазија преку формирање фонд вреден 100 милијарди евра. Според плановите, НАТО ќе преземе дел од координацијата од коалицијата предводена од САД наречена Рамштајн група.

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто повтори дека унгарската влада се противи на планот. „Унгарија нема да се приклучи на лудата мисија на НАТО и покрај сиот притисок“, рече тој на настанот на Facebook Live во Лондон.

Владиниот портпарол Золтан Ковач, реагирајќи минатиот месец на иницијативата на НАТО, објави на платформата Х, порано Твитер, дека Унгарија нема да поддржи ниту еден предлог на НАТО што би можел „да ја доближи Алијансата до војна или да ја претвори од одбранбена во офанзивна коалиција“.

Односите меѓу Будимпешта и НАТО се затегнати бидејќи Унгарија го одложи ратификацијата на влезот на Шведска во алијансата, што конечно го направи во март, и поради блиските односи на унгарскиот премиер Виктор Обран со Москва и покрај руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Американскиот амбасадор во Унгарија Дејвид Пресман претходно изјави дека сојузниците во НАТО ја предупредуваат Унгарија за опасностите од „блиски и проширување“ на односите со Русија и дека, ако тоа е политички избор на Будимпешта, „ќе треба да одлучи како најдобро да ги заштити своите безбедносни интереси. "

Ковачевски: Ја честитам изборната победа на нашиот политички противник ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски упати честитки и за победата на Гордана Силјановска Давкова во трката за избор на претседател.

Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен голем удар, вели Ковачевски и додава дека и тој и сите партиски функционери имаат одговорност.

притисни ентер