3Бела ноќ 2026 во Скопје: Игор Џамбазов и „Гуру Харе Бенд“, „Допамин“, електронска музика и уметност низ Скопје
МакедонијаФактурирано едно парче леб како цел килограм: Скандалозни наоди од ревизијата во студентскиот дом „Пелагонија“126 денари за килограм – толку се плаќал лебот во 2025 година во студентскиот дом „Пелагонија“ иако според пазарот цената му е 70 денари – државните ревизори утврдија низа неправилности и несоодветно трошење на јавните средства во домот. Во 2023 година, „Пелагонија“ распишала тендер за леб и брашно, а истиот го добила фирма која воопшто нема таква дејност. Договориле цена по 57 денари од килограм, но добавувачот, при фактурирањето едно парче, односно векна леб го прикажувал двојно, како килограм. Ваквото постапување поради ретките контроли немал кој да го „детектира“ дури до крајот на 2024 година. А, подобра состојбата не била и подоцна. -Ревизијата утврди и дека со новиот договор во 2025 година цената на лебот достигнала 126 денари/кг, што е значително над пазарната цена од околу 70 денари/кг, што укажува на неекономично користење на јавните средства и слабости во контролата на јавните набавки,- - Државен завод за ревизија. Освен кај лебот, државната ревизија констатирала пропусти и при набавката на душеци. Извештајот нотира дека биле набавени 250 душеци, кои биле со поголеми димензии од самите кревети, па истите стојат складирани. А, мерка не била земена ниту за претходната набавка, па тоа ги оштетило и креветите. -Утврдивме дека и претходно биле набавени 450 душеци од истиот добавувач, иако постоечките биле во добра состојба, а поради тоа што димензиите на креветите се помали од душеците, била нарушена стабилноста и статиката на креветите. Тендерската документација на набавката на душеци од 2023 година содржи ограничувачки услови, а договорот е склучен со избраниот економски оператор без обезбедена банкарска гаранција за квалитетно извршување на договорот,- - Државен завод за ревизија. Канал 5 стапи во контакт со Агим Фејзулаху, кој директоруваше со „Пелагонија“ до крајот на 2023 година, но тој одби да даде изјава, единствено посочи дека во тендерските постапки има јасни законски услови и клаузули, кои според него се испочитувани. Актуелниот директор Орхан Алиу пак најави дека дополнително ќе одговори на наодите од ревизорите. Тагови: ДЗР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПродолжи судењето за „Државна лотарија“ Само владата можела физички да организира игри на среќа во Државна лотарија, додека Казинос Аустриа го имала тоа ексклузивно право но само во онлајн просторот, тврдеа денеска пред судот адвокатите на обвинетите .Само владата можела физички да организира игри на среќа во Државна лотарија, додека Казинос Аустриа го имала тоа ексклузивно право но само во онлајн просторот, тврдеа денеска пред судот адвокатите на обвинетите на рочиштето за проневера при набавка на ВЛТ апарати за државна лотарија во вредност од 9,7 милиони евра. Изнесувајќи ги забелешките на доказите на обвинителството, одбраната тврди дека со самото тоа што владата имала право да организира игри на среќа, практично набавката на апарати за таа намена не е криминал. Одбраната тврди и дека тие апарати се уште се наоѓаат во Лотарија. – Основната забелешка е дека оној договор што го има Казинос Аустриа има ексклузивитет исклучиво на приредувањето на електронските игри на среќа. Во однос на автоматите, односно набавка и приредување игри на среќа со автомати, тој ексклузивитет го нема . Ниту во еден дел на ова обвинение во однос на ниту еден од овие лица не се тврди дека со набавката на овие апарати било кој стекнал противправна имотма корист за себе. Тие апарати и ден денеска се наоѓаат во лотарија на македонија,- изјави Еленко Миланов, адвокат на првообвинетиот Перпарим Бајрами. Двајцата обвинители денеска внимателно ги слушаа забелешките на одбраната, откако на претходното рочиште презентираа над 200 материјални докази – владини одлуки, финансиски трансакции за набавка на апаратите и документација за основање на заедничко друштво, преку кои најавија дека во наредниот период ќе докажат на кој начин секој од обвинетите ги пречекорил своите службени овластувања и направил кривично дело и повеќемилионска штета на државниот буџет. Првообвинет во овој случај е поранешниот директор на Лотарија Перпарим Бајрами, кој на денешното рочиште беше спроведен од затворот Шутка, откако на 9 септември по речиси две години бегство сам и се предаде на домашните органи. Следното рочиште со изведување на материјалните докази на одбраната ќе се одржи на 30 септември. Покрај Бајрами, во случајот за проневери во државна лотарија обвинет е и поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, како и уште шестмина други. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казниДве и пол години затвор доби вработената во МВР која фалсификувала возачки дозволи за камиони и автобуси, а по една година и три месеци затвор добија двајцата возачи опфатени во случајот. Пресудите ги изрече Кривичниот суд, со што експресно заврши скандалот со фалсификуваните возачки дозволи, откако тројца обвинети ја признаа вина, потврди на брифинг со новинарите .претседателката на Кривичнио суд, Даниела Димовска...Притворот на тројцата обвинети кои признаа вина им е продолжен. Тројца од шетсте лица опфатени во истрагата, во моментов се недостапни за органите на прогонот. Од Обвинителството информираат и дека во рамките на истиот предмет се преземаат дополнителни дејствија за обезбедување докази против уште 21 лице, осомничени како посредници или корисници на фалсификуваните возачки дозволи. утре треба да продолжи и еден од најобемните судски процеси, за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени. Како што информираше оретседатлкката на кривичен димовска, досега ниту едно рочиште не било одложено .. Откако обвинителствто заврпи сои изведувањето на доказите, Утре во Идризовото одбраната че продолжи со изведувањето на своите докази а во текот на доказната постапшка ќе сведочат дури 244 лица.. Во меѓувреме, на 3 октормври завршува притворот на газдата на пулс, првообвинетиот Дејан Јованов – Деко.. Согласно Законот за кривична постапка, притворот не може дополнително да му биде продолжен, бидејќи в сабота се навршува една година од одобрувањето на обвинителниот акт. Поради тоа, Судот по службена должност ќе треба да одлучи со какви други мерки ќе го обезбеди неговото присуство во натамошната постапка Одбраната на јованов најави гаранција во имот вреден речиси 200 илјади евра, со образложение дека со тоа дополнително ќе се гарантира дека тој нема да ја напушти државата. Но, одлука засега нема. Списите за гаранцијата се испратени до Јавното обвинителство, од каде, според Судот, сè уште нема пристигнато мислење. „До денеска не се вратени од ОЈО. Нема мислење и ние не можеме да одлучиме. На 3 октомври истекува. Ќе почекаме до петок.“, информираат од – Кривичен суд. Од Обвинителството за канал 5 изјавија дека кусо информирата дека, доколку има дополнителни информации за Јованов, јавноста дополнително ќе биде известена. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТепачка меѓу пилоти принудно приземји авион во Саудиска Арабија, Израел ги крена борбените авиониТепачка меѓу пилоти го приземји авионот на Флај – Дубаи со 174 патници и првично предизвика стравувања дека леталото е киднапирано..Во авионот кој полетал од Дубаи кон Тел Авив принудно слетал во Саудиска Арабија, откако поради физичката пресметка во кабината бил активаран сигнал за тревога, а Израел превентивно покренал и бобени авиони, пренесува сајтот „Инет Њуз“. A violent altercation and stabbing in the cockpit of a FlyDubai flight over Saudi Arabia this morning caused the 737-8 to plummet 18,400 feet in just under two minutes, exceeding its maximum operating speed by nearly 100 kts. The aircraft landed safely in Tabuk. https://t.co/POg0WCN1WS — OSINTtechnical (@Osinttechnical) September 30, 2026 Сепак, инцидентот доби и поинаква интерпретација. Дел од израелските медиуми, повикувајќи се на сведоштва на патници во авионот, објавија дека едниот пилот наводно бил избоден со нож од друг и дека патниците помогнале да се изнесе напаѓачот од пилотската кабина. Според написите, контролата ја презеле други двајца пилоти кои се наоѓале во авионот..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter